Tag Archives: пол

РУСИЈА ЗАБРАНИ ПРОМЕНА НА ПОЛОТ ! „Не сакаме дегенерација на нацијата, одлуката ги штити нашите граѓани и деца“

Државната дума на Руската Федерација денеска официјално го усвои законот за забрана за промена на полот на територијата на земјата.

„Оваа одлука ги штити нашите граѓани и деца. Замислете, во САД, бројот на операции за промена на полот е зголемен за 50 пати во последните десет години. Монструозна тенденција!“, коментира претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на Телеграм.

„Тоа е патот што води до дегенерација на нацијата. Тоа е неприфатливо за нас“, вели тој.

Иницијативата за воведување на овој закон беше поднесена во мај годинава, а на неа работеа околу 400 парламентарци, пишува „РИА Новости“.

Во согласност со овој закон, престанува да важи бракот во кој еден од брачните другари одлучил да го промени полот, а ако се знае дека одредено лице има потврда дека е подложенo на споменатата операција, во тој случај таа е забрането да посвојува деца.

Но, сите лица кои го промениле полот пред влегувањето во сила на овој закон не подлежат на новите норми.

Думата денеска ја забрани и употребата на медицински препарати кои имаат за цел промена на полот.

Во САД, според податоците од 2022 година, има милион и 640 илјади трансродови лица, од кои 340.000 се тинејџери, потсетува денеска Володин.

Демократска партија на Турците: Со промена на пол кај нотар, ќе може да склучуваат хомосексуални бракови

Како Демократска Партија на Турците на Македонија (ТДП), уште еднаш чувствуваме потреба да ја информираме јавноста околу предлог измената на законот за матична евиденција која е во собраниска процедура. Законот за измени и дополнување на законот за матична евиденција, кој две години по ред беше на дневен ред во собранието и беше симнат од дневен ред по интервенцијата на нашиот Претседател и Пратеник Др. Бејџан Илјас, дефинитивно е неприфатлив предлог за нашата партија и за нашите членови, велат преку соопштение од паеријата.Добивај вести на вибер

Со промената на законот се дава право на граѓаните да го сменат својот пол само со изјава заверена на нотар, што во иднина ќе им овозможи и со промена на полот во личната карта да склучуваат и хомосексуални бракови.

Поради овие причини јасно и недвосмислено им пренесуваме на тие кои го предлагаат овој предлог на закон и на оние кои ги поддржуваат овој и слични законски измени, дека како ТДП и како Турци кои живеат во нашата земја, категорично ќе се спротивставиме кон истите.

Ние сме длабоко убедени дека манипулацијата со биолошкиот пол, кој е создаден природно, со цел да се поддржи традиционалната семејна структура на нашето општество, е многу опасен предизвик за нашите идни генерации.

Како граѓани Турци на Република Северна Македонија, со голема почит ја информираме јавноста и објавуваме дека секогаш ќе стоиме против вакви и слични иницијативи кои се во спротивност со нашата традиционална семејна структура и нашите духовни вредности, пишува во соопштението од Демократската партија на Турците.

Дизајнерот Марко Митановски ГО СМЕНИ ПОЛОТ: Сега се вика МИА, погледнете како изгледа (ФОТО)

Светот слушна за српскиот дизајнер Марко Митановски во 2009-та година, кога постигна голем успех на конкурсот за млади дизајнери организиран од „Вог“ во рамките на Лондонската модна недела.

И од тогаш имаше затишје. Сите се прашуваа каде исчезна надежниот дизајнер, а тој бомбастично се врати на сцената во октомври 2011 година. Тогаш откри дека повеќе не се вика Марко, туку Миа.

Процесот на промена на полот траеше неколку години, па креаторот претстави ново лице, ново име и најави нова колекција. Сепак, ова последното сè уште не сме го виделе.

Миа изгледа навистина спектакуларно и од фотографиите што ги објавува на Инстаграм, никогаш не би помислиле дека е маж.

Српскиот дизајнер, сега дизајнерка, со години успешно работи низ Европа, особено во Лондон.

СКАНДАЛОЗНО – Англичаните ќе го МЕНУВААТ ПОЛОТ НА ГОСПОД

„Оче наш“ може да го заборавите, Англиканската црква размислува да воведе родово неутрална заменка за Бог, нема да биде ословуван ни како машко (Оче, тој) ни како женско (Мајко, таа), туку според нешто трето.

Англиканската црква размислува да воведе родово неутрална заменка за Бог наместо традиционалниот машки род. Црквата најави дека напролет ќе формира комитет кој ќе биде задолжен да донесе одлука дали треба да се воведе споменатата промена. Секоја промена што ќе укаже на отстапување од вековната традиција ќе треба да биде одобрена од црковниот синод.

Отец Мајкл Апгрејв, бискуп од Личфилд и заменик на литургискиот комитет за ова прашање, рече дека Црквата ова „го разгледува веќе неколку години“. Неговиот коментар беше одговор на прашање од Џоан Стобарт, помошник свештеник за Илминстер и Вајтлакингтон во Сомерсет, за тоа како напредува работата на „поинклузивен јазик“ во богослужбата.

Натпреварувач во „Ѕвездите на гранд“ на сцената го дозна полот на третото бебе, солзите не можеше да ги запре (ВИДЕО)

Ненад Костов од Ниш е овогодинешниот учесник на натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ во последната емисија пееше пред членовите на жирито, но неговиот настап го одбележа нешто поголемо од изведбата, која, инаку, беше наградена со максимален број гласови.

Саша Поповиќ го покани водителот Воја Недељковиќ да се приклучи од бекстејџ, а потоа рече дека Ненад оди во следната рунда. Тој пак ја покани сопругата на Ненад да излезе на сцената, додека кандидатот откри дека чекаат бебе, но се’ уште не го знае полот на новороденчето.

Како што објасни Поповиќ, тој се договорил со сопругата на Ненад, бремената Глорија, да му го отријат полот на бебето, а идејата на пејачот му ја кажале дури кога пристигнал во студиото. На прашањето дали повеќе сака момче или девојче тој како и сопругата одговориле дека тоа не им е важно, бидејќи веќе имаат синче и ќеркичка. Сепал кога Костов го пукна големиот балон, излетаа многу мали сини балончиња, кои означиле дека доаѓа второ машко дете. Ненад веднаш се расплака на сцената, а сите го поддржаа со голем аплауз!

Погледнете во видеото на 1 час и 58 минути:

Промената на полот во Македонија станува легална

Менувањето на полот во личните документи станува легално во Македонија. Промените ќе бидат запишани во Изводот на родени на државјанинот кој се одлучил за вакво нешто и при тоа нема да биде ставена никаква забелешка во документот дека е сменет полот. Ова го предвидуваат  измените на Законот за матична евиденција кои веќе Владата ги доставила во парламентот.

Се работи за постапка за признавање на т.н. родов индентитет кој законот го дефинира како лично доживување и е различно од полот со кој е родено лицето

Член 19-a гласи: Секој граѓанин на Република Северна Македонија кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон.

Кон барањето се поднесува и нотарска изјава  во која стои дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање и промената на ознаката за пол не ја прави заради одбегнување на договорна или законска обврска, како и извршување на казна изречена од надлежен суд“ пишува во законските измени.

Управата секоја година изготвува извештај за поднесените барања за промена на полот и колку од нив се прифатени, а колку одбиени.До сега 6 граѓани во државата го промениле полот во личните документи но за тоа чекале од 2 ипол до 10 години. За едни Управата го уважила барањето, за други го одбила во трет случај се прогласила за не надлежна велат од „Коалиција Маргини“. Сметаат дека со усвојувањето на овој закон ќе се унапреди правата на овие лица кои до сега живееле изолирано.

Бошкова вели дека станува збоз за сериозен напредок во однос на регулативата бидејќи Македонија е малкуте земји во Совет на Европа  кои го немаат регулирано ова прашање.

Законот е поднесен со европско знаменце, а следи откако во Европскиот суд за човекови права во јануари 2019 година тужба поднесе македонски државјанин на кого не му бил признат родовиот идентитет. Тогаш судот во Стразбург донесе пресуда дека државата сторила повреда на личните права на жалитетот бидејки нема регулаторна рамка која обезбедува право на почитување на приватниот живот.

Прилог на Сител тв

Владата донесе одлука: Мажи може да се пишат како жени и обратно

Освен името и презимето, трансродовите лица да можат да го променат и полот во лична карта. 

Па, за трансродово лице родено како машко да може да се впише женски пол и да има соодветен матичен број, и обратно. Ова е предвидено во предлогот за измена на Законот за матична евиденција што е утврден на владина седица и треба да биде предмет на дискусија во Законодавниот дом. Сегашните регулативи, односно неусогласените податоци, за трансродовите лица значат пречки за домување, за апликација за работно место и слично, вели Лила Милиќ, активистка за заштита на правата на трансродовите лица.

Според здруженијата, во земјава има десеттина трансродови лица кои често се соочуваат и со нехуман третман, токму поради тоа што нивното име не соодветствува на полот, вели Милиќ.

Предлог-законот кој овозможува признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица допрва треба да влезе во собраниска процедура. Процесот на подготовка на овие законски измени почна во февруари 2019 година, а по пресуда на Европскиот суд за човекови права за случај против Македонија, според која државата треба да му исплати 9.000 евра на трансродово лице поради повреда на правата на приватност и ефикасен правен лек во текот на процедурите за промена на полот во земјава.