Tag Archives: полиција

Ова се нашите xepoи 💛 Близу 600 припадници на МВР ангажирани во последното деноноќие во справување со пожapите

Во текот на изминатото деноноќие од 7 часот вчера до 7 часот денес во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територија на државата ангажирани биле 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата. Реализирани се 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила.

Од МВР апелираат строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат догорчиња и да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

– Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, велат од МВР.

Запленете дрога вредна 150.000 евра, приведени пет лица, меѓу кои и ПОРАНЕШНИ ПОЛИЦАЈЦИ, пресечен меѓународен канал

Од министерството за внатрешни работи информираа дека уште од минатиот месец, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал била спроведена истрага насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Република Албанија преку Република Северна Македонија кон Република Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана е М.А. (50) од Гевгелија.

– Во текот на истрагата беа добиени информации и податоци дека овие лица во периодот од 19.07.2021 година ќе организираат пренос на поголема количина на марихуана од Албанија до Струга потоа до Гевгелија, со цел истата да ја транспортираат кон Грција. На 22.07.2021, И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон с. Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од с. Ливата, Струга, кој пристигнал со возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана. Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од с.Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи.

Откако полицијата добила информации дека групата ќе пренесува поголема коалиција дрога од Албанија, преку Струга до Гевгелија спровеле акција. Во едно од две сопрени возила се пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки на полицијата има пазарна вредност од околу 150 илјади евра. Полицијата за настанот привела пет луѓе, меѓу нив и двајца поранешни вработени во МВР.


По преземени мерки и активности, на 22.07.2021 околу 16:35 часот двете возила се запрени од полициски службеници од ОКП, ОСОСК и ОСПО-САЕ Тигар, при што во возилото што го управувал Д.С., во багажниот простор биле пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки има пазарна вредност од околу 150.000 евра, по што сите се лишени од слобода – се вели во соопштението од МВР.

Полициjaта во Франција ги заедно маршираше на протестите (Видео)

Восхитувачки снимки од Франција покажуваат дека полицајците се приклучуваат на големите протести во земјата против дракнските мерки, по указот за ковид пропусница на претседателот Емануел Макрон.

„Либерте! Либерте! Либерте! “ полицијата и демонстрантите скандираа, што значи „слобода!“

Масовниот марш, во знак на протест против дискриминаторните мерки и задолжителната вакцинација , избувнаа минатата недела по говорот на Макрон во кој се закани на граѓаните со затвор .

„Луѓето кои не можат да презентираат важечка здравствена пропусница, ризикуваат до шест месеци затвор и парична казна до 10.000 евра , според нацрт-текстот на законот, додека сопствениците на„ локали “кои не успеваат проверат гостите може да одат во затвор една година и да бидат казнети со парична казна од 45.000 евра “, пренесува Гардијан.

Одделни снимки покажуваат дека група полицајци ги вадат кациги во знак на солидарност со демонстрантите и медицинскиот персонал подложен на драконските закони на Макрон.

Иако на протестите првично се гледаше како граѓаните насилно се судираат со полицијата, расположението за време на викендот очигледно се смени, и покрај тоа што полицијата беше прогласена за изземена од задолжителната вакцинација.

Пристигнаа 8.000 пара чевли за полицијата (Фото)

Во насока на реализација на стратешките активности за континуирано подобрување на материјално-теничките услови за работа на полициските служби, Министерството за внатрешни работи постојано набавува униформи и друга опрема за полициските службеници. Деновиве, во магацинот на МВР пристигнаа 8.000 пара чевли со тенок ѓон од италијанскиот производите „Гриспорт“, фабрика што инаку ги снабдува и полициите на повеќе земји од ЕУ. Вкупната вредност на набавката на чевлите со тенок ѓон изнесува 25.520.000 денари без ДДВ.

Покрај ова, Министерството за внатрешни работи преку италијанскиот „Гриспорт“ реализира набавка и на 10.000 пара чевли со дебел ѓон, а вкупната вредност на набавката изнесува 37.000.000 денари без ДДВ, како и 10.000 пара полувисоки чевли, набавени преку производителот „Дермал“ од БиХ, со вкупна вредност на набавката од 42.800.000 денари без ДДВ. Испораката на оваа опрема се очекува да биде реализирана во наредниот период. Наскоро се очекува испораката и на 2330 флуоросцентни елеци, 8000 маици, 8000 виндјакни, 20000 кошули…

Нови униформи пред неколку месеци добија Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и поддршка и Интервентната полиција, а во изминатиот период беа обезбедени пловни објекти и мотоциклистичка опрема за полицијата.
Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираните набавки на униформи и опрема за полициските службеници и во наредниот период, а продолжуваме и со реконструкција односно реновирање на полициските станици, за да се овозможат подобри услови за работа. Досега се реновирани 56 енергетски ефикасни објекти, а деновиве ќе бидат промовирани реновираните објекти во општина Ранковце и Старо Нагоричане.

Министерството за внатрешни работи продолжува со силна мотивираност да ги гради севкупните капацитети на институцијата и да создава модерна, опремена и стручна полиција, бидејќи само така ќе се придонесе за уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Македонија. 

Алоо МВР, имате ли ладна кока кола? Менза ли е станица ли е?- Полицијата на потсмев 🚓

Уапсени сопственици на кафеана во Тетово поради свадба со 200 ГОСТИ

Ноќеска полицијата уапсила тројца сопственици на кафеана во Тетово, бидејќи организирале свадба со околу 200 гости.

-На 18.07.2021 во 03.05 часот во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.Т.(26), М.Г.(26) и Н.П.(26), сите од Тетово, сопственици на објектот, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Тие постапувале спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во објектот организирале веселба со околу 200 гости, информираат од МВР.

Оттаму исто така додаваат дека биле приведени и двајца од гостите, кои биле агресивни кон полицајците.

-Исто така, приведени биле и присутните Х.В.(20) и В.В.(35), двајцата од Тетово, бидејќи агресивно се однесувале кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР.

Полицијата во Кавадарци свечено пушти во употреба НОВ ФРИЖИДЕР

Нов фрижидер завчера свечено е предаден и пуштен во употреба во Полицискиот синдикат во Кавадарци, објави претседателот на Македонскиот полициски синдикат Марјан Кицев на Фејсбук.

„Почитувани денес во Кавадарци од страна на Потпретаедателот на МПС Зоран Крстев и Претседателот на Совет на МПС Велес Трајче Цветков со цел обезбедување на подобри услови за работа на членовите на Македонскиот полициски синдикат во Основната организација на МПС „Кавадарци“ на претседателот на ОО Кавадарци Горан Ѓелов му беше предаден за користење еден фрижидер, набавен од средствата за тековно функционирање на Советот на Велес. Акцијата на Македонскиот полициски синдикат ширум републиката за создавање на побезбедна работна средина и безбедни и здрави услови при работа на своите членови продолжува! Секогаш возаштита на членовите! Ги подобруваме условите за работа!“ се вели во објавата.

(Видео) Интepвенирала и полициjaта: Гyжви пред сите вakцинални пунктови

Турканици, голем метеж и нервоза кај граѓаните – ваква беше сликата во сите поликлиники во Скопје каде започна вакцинацијата против Ковид без закажани термини. Во скопската поликлиника „Јане Сандански“ поради големи гужви дури интервенирала и полицијата.

Од поликлиниката Букурешт смируваат дека има доволно вакцини за сите, и апелираат дека граѓаните не треба да се однесуваат како да е прв ден од вакцинацијата.

Министерот Филипче рече дека гужвите се веројатно поради тоа што граѓаните сакаат во раните утрински часови да се вакцинираат, најави и можно вклучување на Армијата за да се направи ред за вакцинација.

“Претпоставувам дека граѓаните сакаат да завршат работа порано додека е студено. Не знам дека имало инцидент. Се надевам дека нема да има. Мислам дека е добар систем да продолжиме без закажување за да биде што поголем интересот, пристапот, граѓаните во кој било дел од денот да можат да дојдат и да не бидат вратени и да се вакцинираат. Ќе разговарам со директорите на сите здравствени домови да видиме како да се организира редот. Ние се уште ги користиме ресурсите на Армијата и имаме механизми со кои можеме да направиме таков ред. Ќе видиме денешниот ден како ќе помине па кај треба ќе интервенираме”, потенцираше Филипче.

Граѓаните кои ќе се решат да се вакцинираат немаат право на избор, и ќе бидат боцкани со вакцината, која ја има во моментот во установата. Во опција се Синовак, Фајзер и Астра Зенека за лицата над 60 годишна возраст.

Од денеска почна и теренската вакцинација која ќе се одвива по руралните населени места. Пријавувањето за вакцинација на деца ќе може да се врши на официјалниот сајт до четврток, а потоа ќе се закажуваат термини. Децата ќе се вакцинираат со „Фајзер“. Комитетот за имунизација донел одлука да го скрати рокот за ревакцина со „АстраЗенека“ од 12 на 6 недели.

Полициски автомобил рано утрово се преврте во Скопје (ФОТО)

Полициски автомобил се преврте утрово во Карпош, пишува Алсат.

Инцидентот се случил околу 04:00 часот. Автомобилот се движел по патот близу училиштето „Орце Николов“, по што изгубил контрола и завршил превртен на тротоарот.

Според првичните информации има тројца повредени полицајци, кои биле пренесени во градската болница.

Фото:Алсат
Фото:Алсат