Tag Archives: Поп

ХИТ ВИДЕО ОД СТРУМИЧКО: Поп не е поп ако за Водици не падне во вода заедно со верниците

На големиот христијански празник Богојавление речиси низ целата земја се фрла светиот крст во реките, езерата, но и базените.

А, секоја година верниците го овековекуваат тој момент снимајќи го со телефон.

Истото се случи и оваа година, но се ќе беше вообичаено фрлање на крстот во струмичко Миравци доколку попот не паднеше во вода лизгајќи се по тревата.

Видеото беше објавено на Инстаграм профилот „Роберто Навали“, погледнете:

Грчки поп во Атина му се дереше на папата: „Ти си еретик!“ (ВИДЕО)

Постар православен свештеник во Атина му се дереше на папата Франциско додека овој влегуваше во православен храм.

„Папа, ти си еретик“, викаше тој.

На снимката се гледа како маж со долга бела брада, облечен во црна мантија и црна капа, извикува зборови на грчки пред зградата, пред полицијата да го одведе.

Сведоците рекоа дека тој викал доволно гласно за папата да го слушне метежот. Изгледа дека старецот паднал додека го одведувале, а полицајците го кренале.

Папата Франциско вчера од поглаварот на Грчката православна црква Јероним II побара прошка за злосторствата извршени од Католичката црква.

„Историјата има своја тежина и денес имам потреба да побарам од Бога и од моите браќа и сестри прошка за грешките што ги направија многу католици“, рече папата за време на посетата на Атина.

Православните христијани сметаат дека неговите зборови се однесуваат на Четвртата крстоносна војна во 1204 година. Првичната цел на походот бил Египет, но како жртва на крстоносците паднале, со масакри и грабежи, прво Задар, па Цариград. Резултатот од таа војна било основањето на Латинското Царство во Цариград. Крстоносците не ни стигнале до Светата земја затоа што сечилото на војната се свртело против ослабената Византија.

Извинувањето на папата Франциско не е прво од името на Католичката црква. Папата Јован Павле Втори прв пат пред 20 години побара прошка од атинскиот архиепископ во врска со инцидентите од 1204 година.

Сега тракторов може и во недела да работи 😃 (Видео)

Сега тракторот и фрезата за обработка на земјоделски култури после благословот од попот и светењето со темјан може комотно да работи секој ден и во недела 🤣

Видео на денот:

Работел дури три работи: Лажен ПОП, но истовремено и СВЕШТЕНИК и ОЏА

Не за џабе велат дека Балканот е посебна приказна каде се испомешани сите вери и религии.Еден снаодлив млад човек во Босна долги години работел како поп во помалите села и служел помени, но и осветувал вода за Велигден па дури и кртевал вода.Мештаните биле многу задоволни од него па му давале и екстра пари.

Но, тоа не му било доволно и тој го искоритил факттот што Босна е мешана средина и почнал да работи и како католички свештеник во хрватските села Дури и како надбискуп служел миси во Херцеговина објавува „Санџакданас“.

Сепак, она што било пресудно да го фатат е што се преправал и во оџа и служел „џенази“ но на муслиманските верници им станало сомнително и „оџата“ бил откриен.