Tag Archives: поплави

Херои! Пожарникарите во Словенија спасија 22 дечиња од поплавена градинка (Фото)

Пожарникарите на доброволното противпожарно друштво „Менгеш“ соопштија дека успешно ги евакуирале сите 22 деца од градинката Гобице во општината Менгеш во Словенија.

На Фејсбук страницата на доброволното противпожарно друштво можат да се видат драматични фотографии од спасувачите кои ги извлекуваат децата од поплавата.

„Ги известуваме родителите од градинката Гобица дека успешно ги евакуиравме сите 22 деца“, напишаа тие на Фејсбук.

Станува збор за спасувачка акција во која помогнал и трактор, а децата со приколка биле пренесени на безбедно. Поплавата во општината Менгеш стигнала за помалку од еден час и направила огромни штети.

Пожарникарите од Менгеш преку Фејсбук ги известуваат сите жители дека треба да ја исклучат струјата и од долните простории да се префрлат на повисоки катови.

„Телефоните ни се постојано зафатени, затоа бараме да се јавите само доколку животот ви е во опасност! Животите на луѓето ни се важни во моментов. Ќе интервенираме во куќи кога ќе се намали нивото на водата“, известија тие.

Најмногу дожд во Словенија падна на југот од подножјето на Јулијските Алпи и во подрачјата кон Горењска и Корушка. Забележани се 100-тина интервенции на пожарникарите, евакуирани се три кампа, неколку села се отсечени, а според словенечката национална телевизија поплавите однесоа и човечки живот. Надлежните предупредија на можни прекини во напојувањето со електрична енергија, на комуникациските мрежи и снабдувањето со вода.

Под сирени за опасност е Љубљана поради опасност од излевање на реката Сава.

Словенија под вода – поплава каква не се памети, регистрирани првите жртви, голем дел од населението евакуирано (Авионски снимки)

Автомобили пливаат низ надојдената вода, поплавени бројни населени места и патишта, оштетени мостови, одрони од земјиште и кал, евакуциии… Ова е сликата од Словенија по синоќешното невреме.

Стотици пожарникари се на терен. Активирана е и војската. Со хеликоптери учестува во спасување на луѓе заробени на покривите.

Низ државата одекнуваат сирени кои предупредуваат на опасност. 

– Ситуацијата е крајно комплицирана, затоа ги повикувам сите кои немаат итно патување да останат дома и да не возат наоколу, зијави Марјан Шарец , минситер за одбрана. 

Неколку општини се отсечени од остаток на земјата. Словенечката претседателка порача дека се се преземаат сите неопходни мерки за заштита на луѓето кои се можни и остварливи во овој момент. 

Обилните дождови предизвикаа најголеми проблеми во северниот дел на Словенија. На места наврнале и околу 200 милиметри дожд на метар квадратен. Најтешко е во Корушка и Горењска.  

Според метеролозите, никогаш не паднал толку многу дожд во еден ден. И за денеска во Словенија се најавени поројни дождови. 

– Тешки услови се очекуваат денеска на југоисток од Словенија, особено во областа Кочевски, во областа Купа и Бела Краина долж хрватската граница, соопшти метеорологот Бране Грегорчич од Словенечката агенција за животна средина. 

Се вршеа спасувања на луѓе и со помош на хеликоптер, а голем ден од населението е евакуирано.

Србија во вонредна состојба, ама правење лудости исто како на море (Видео)

Обилните дождови кои ја зафатија Србија доведоа до излевање на реки и потоци, па во 37 градови и општини е прогласена вонредна состојба.


Поројниот дожд кој вчера не го заобиколи Белград го отежна сообраќајот и поплави бројни улици и делови од градот. Сепак, за некои луѓе не е сè толку темно – тие нашле начин да ја направат лошата ситуација забавна. Иако коментарите се различни, едно е сигурно – си направија добра кариера и секако завршија на социјалните мрежи.

Така двајца момци правеа склекови на Булевар Краља Александар, а дождот што паѓаше не ги спречи да го направат тоа. Нормално поминаа автомобили покрај нив, а повеќето позитивно реагираа на нивниот потег.

Во коментарите под таа објава, луѓето најмногу ја пофалија идејата до која дошле. Така, меѓу другото, коментираат дека „тренингот не смее да трпи“, „еве како да го искористите дождливиот ден“, „Боже, колку е прекрасно да се биде млад и глупав“, „Креативни момци“…

„Риболов“ во малиот базен

Улиците на Обреновац вчера беа поплавени, но тоа ни најмалку не му пречеше на еден жител на оваа белградска општина.

Како што може да се види на видеото објавено на страницата на Инстаграм „serbialive_beograd“, мажот седел во базенот, ги ставил наочарите, преправајќи се дека е на море.

„Кога животот ти дава лимони, правиш лимонада“, „Секогаш ќе бидеме деца. Најсилните“, „Ова само ја потврдува мојата претходна изјава „оваа нација ќе живее“ „Какви кралеви“… беа дел од коментарите под објава на страната на Инстаграм 192 рс.

Поплави во Србија, вонредна состојба во 37 градови и општини

Обилните дождови кои ја зафатија Србија доведоа до излевање на реки и потоци, па во 37 градови и општини беше прогласена вонредна состојба. Реката го однела мостот во Адране кај Краљево, па сообраќајот на Ибарската магистрала кон Чачак е во прекин.

Во сила е црвен метео аларм, РЗМЗ издаде предупредување за врнежи

Поплави во Србија – црвен метео аларм ! (Видео)

 Интензивни врнежи се очекуваат и денеска во поголем дел од Србија.

На истокот на земјата е во сила црвен метео аларм.

Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија, вчера на удар беа Нови Пазар и Косјериќ, а денеска критично е во Јагодина, Свилајнец, Крагуевац, каде што е поплавен дури и подрумот на Клиничкиот центар.

Надојдената вода го прекина сообраќајот во неколку српски општини. 

Драматични сцени во Ријека по силното невреме: Пожарникари и граѓани спасуваа деца од поплавена игротека (ВИДЕО)

Хрватски „Нови Лист“ доцна синоќа објави драматична снимка од центарот на Ријека по силното невреме кое го зафати градот.

Пожарникари и граѓани извлекуваа деца од поплавена игротека во која биле при налетот на поројниот дожд кој предизвика поплави во градот. При ваквото невреме игротеката почнала да се полни со вода.

Досега невидено невреме вчера ја погоди Ријека. Поплавени беа улиците во ценатрот на градот, сообраќајот беше оневозможен. Според неофицијалните информации, во Ријека за 2 ипол часа наврнале 140 литри дожд.

Атмосферската канализација не можела да ја прифати водата, пошто што дошло до поплави. Во надојдената вода животот го загуби едно лице.

Страшни снимки од поплавите во Италија – Најмалку десетина загинати (ВИДЕО)

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна поплава. Околу 400 милиметри дожд паднале за два до три часа, поплавувајќи ги улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

На снимката објавена од локалните пожарникари се гледа како некои од спасувачите се движат по улиците на крајбрежниот град Сенигалија на сплавови за да стигнат и да ги евакуираат луѓето, додека други се обидуваат да поминат низ подвозник.

Спасувачите се уште трагаат по преживеани, соопштија властите.

Невреме и во Бугарија – Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер

Дваесет луѓе се спасени со хеликоптер од поројниот дожд во Карлово, централна Бугарија.

Tие се спасени со хеликоптер „Кугар“ од најтешко погоденото село Богдан по силниот дожд во централниот дел на Бугарија во Рајна кај Карлово, јави дописникот на МИА од Софија. Уништени се три куќи и продавница во селото Слатина, една куќа во селото Богдан и неколку делумно уништени куќи во село Каравелово.

Сто војници од бугарската армија се во областа за да им помогнат на повредените, коментира началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, додавајќи оти хеликоптерот ќе ги надлетува најкритичните точки додека да падне мрак.

Се очекува воениот хеликоптер да достави храна и вода до селото Богдан, кое и понатаму е отсечено.  Паднале четири мостови на реките Стријама и Татладере.

Поплавени улици, домови без струја: Големо невреме во делчевско

Големо невреме вчера по 19 часот го зафати градот Делчево. Во моментот поплавени се поголем број градски улици, Делчево кратко време беше без електрична енергија, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови.

На повеќе локации регистирани се срушени бандери, светлечки реклами и билборди, како и срушени ќерамиди, оџаци и соларни панели. Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните.

Силно невреме со град во Тетово, повторно поплавени улици

Околу пладне во Тетово триесетина минути имаше силно невреме со интензивен дожд и град. Досега нема пријавено за поголеми проблеми, а граѓаните преку социјалните мрежи споделија искуства со поплавени улици поради водата која се собира на коловозната лента и не може бргу да навлезе во атмосферската канализација.

Во селото Фалише имаше и поголема покривка од град.

Инаку во петокот кризниот штаб на Општина Тетово токму за денес најави дека ќе се врши чистење и дезинфекција на улиците по поплавите што се случија на 29 мај.

-Над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите од кои 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите, изјави во петокот Биљал Касами, градоначалник на Тетово.

Во саботата на 28 мај патот од Шипковица до Бродец беше најмногу погоден од наноси со земја.