Tag Archives: порака

Бомбакис и малата Бисера од под летниковец испратија порака: Да се обезбедат сензори за деца со дијабет

Бомбакис и четиригодишната Бисера која боледува од дијабет, со транспарент на картон повикуваат да се обезбедат сензори за деца со дијабет.

„Да се обезбедат сензори за деца со дијабет. Да имго олесниме детството“, пишува на транспарентот, а Бомбакис под објавата напиша:

„Шернете на стори да стигне до тие што ги интересира сѐ, освен ваквите проблеми“,напиша Бомбакис.

Двајцата се фотографирале симболично под летниковец. Токму приказната за малата Бисера тргна оттаму, кога таа со нејзините родители и телевизиската екипа која снимаше прилог за предизвиците со кои се соочуваат, друга мајка која славела роденден побара да го напуштат летниковецот поради роденденска прослава, и разговорот да го продолжат на жешкото сонце.

Ваквата реакција на мајката предизвика коментари на социјалните мрежи, па така многу јавни личности се вклучија во дебата за потребата да се слушне за децата болни од дијабет, но и за несоодветната рекација на мајката.

(ВИДЕО) Џамбазов со важна порака до целата нација

Најпознатиот македонски шоумен, Игор Џамбазов, го најави двесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2023”, кое ќе се одржи од 13-16 јули.

Видео:

https://fb.watch/l8ejiPeGYu/?mibextid=Nif5oz

Агатангел: Не дозволувајте некој да ни го одземе она што сме – Македонци

Во пресрет на големиот христијански празник Владиката Повардарски Агатангел до православните верници и македонскиот народ упати Велигденско Послание.

-Воскресението Христово, претскажано од пророците и утврдено преку проповедта на апостолите, стана аголен камен на сето наше учење, на сета наша вера и надеж. Сите дела Божји, сите Негови чуда и зборови, добиваат целосно објаснување и вреднување само преку Христовото воскресение. Затоа, при секоја неделна богослужба, Велигден е празникот на кого со радост се сеќаваме и на кого постојано како православни христијани се навраќаме. Без правилна вера и живот во Воскреснатиот Господ Исус Христос, човекот засекогаш ќе остане во канџите на смртта. Спасителот дојде во нашиот свет за да воскресне како Победител, и да ни го осветли патот што ќе нè одведе во вечното небесно живеалиште. Он ни ја дарува Благата вест, во која, како најголема скапоценост, е зачуван Неговиот прекрасен лик. Он го преобрази и очисти човечкото тело, а откако воскресна од мртвите, го постави да седи од десната страна на Отецот, со што за навек, ние како човештво, го добивме своето највисоко и најценето достоинство,потенцира владиката Агатангел.

Со возљубени мои Македонци и Македонки, тој упати пораки до својот македонски народ.

– Не дозволувајте некој да ни го одземе она што сме. По вера сме биле православни христијани, а по род Македонци, тоа и ќе останеме. Во последно време нашата татковина Македонија крвари од повеќе отворени рани, но сега е правиот момент да ги насочиме своите мисли кон воскресението, да ја сфатиме и усвоиме неговата вистинска содржина. Само така можеме да бидеме народ на Живиот Бог, само така ќе го добиеме Неговиот спасоносен благослов. Над нашите глави силно се надвиснати темните облаци на гревот и неморалот. Упорно некој сака да нè прекрши и одвнатре и однадвор. Од ден на ден тонеме во апатија и незаинтересираност за духовната состојба на нашите души. Секојдневно пред нашите очи се парадира со пароли полни со антиморал и антихристијанство. Некој горделиво се умислил дека е господар на овој свет и дека е повикан да управува со нашите мисли и да ги контролира нашите постапки. Во неговиот демонски план е зацртано целосното обезличување личноста, распадот на семејството, уништувањето на човековиот идентитет и достоинство. Од Бога утврдените норми и правила, уште од создавањето, треба да се преиспитаат и конечно да се пречкртаат. Мажот нема да биде повеќе маж, а жената нема да биде повеќе жена. Некој со сиот памет се дрзнува да си ја земе улогата на моќен седржител. Но како резултат од неговите недела насекаде ќе биде посеана смртта и несреќата. Ваквите горделивци и духовни чудовишта упорно работат против човештвото. За нив сè е дозволено, она што е испревртено и неприродно за нив е достојно за пофалба. Ова според нив треба да биде и озаконето. Како општество, место да се грижиме за сè поизразената стапка на чедоморство, или за тоа што нашите млади луѓе сè помалку стапуваат во брак, што градовите ни остануваат без млада популација, ние својата духовна енергија ја трошиме на нивните бесмислици. Селата ни се осипуваат, нивите ни се неизорани, домовите ни се разурнати, на овие прашања треба да го насочиме нашето внимание. Во опасни времиња живееме. Сега злото се прогласува за добро, а доброто за зло. Гревот станува прифатлив за секого и се прогласува за нешто модерно и нормално. Наместо примери за чесност, доблесност и одговорност, на младите им се нудат лажни идоли и антихерои, наместо живот достоен за воскресение, ни се предлага тивко умирање во бездната на невратот, порача меѓу другото владиката Агатангел.

Владиката Повардарски Агатангел вечерва во 23 часот ќе служи Велигденска богослужба, Златоустова литургија во соборниот грам „Св. Великомаченик Пантелејмон“, а во исто време ќе се служат Велигденски богослужби и и во црквите „Св. Христово вознесение“,„Св.Кирил и Методиј“ и во црквата „Свети Јован Златоуст“ во Велес.

ВИДЕО: Прв натпревар во Турција по земјотресот, фудбалот во втор план – Трогателна порака се појави на трибините

На стадионот „Шенол Гунеш“ вчера во Конференциската лига се одигра натпреварот меѓу Трабзонспор и Базел, кој е првиот голем спортски настан во Турција по страшниот земјотрес.

Навивачите на Трабзон пред натпреварот изведоа специјална кореографија со голема фигура на спасител на чиј шлем се знамињата на некои земји кои им дојдоа на помош на Турците. Беше истакната порака: „Ќе бидеме заедно, ќе си ги преврземе раните“.

И швајцарскиот тим свесен за деликатниот момент испрати трогателна порака до домаќините пред натпреварот.

-Во вакви моменти фудбалот останува во втор план. На нашето патување мислите ни се со жртвите од земјотресот и затоа ќе објавуваме само црно-бели фотографии“.

Исто така, Трабзон реши, а Базел поддржа, да нема славје на теренот доколку се постигне гол.

-Дефинитивно ќе се приклучиме на тоа и ќе им кажам на играчите дека ја почитуваме таа одлука. Ќе им кажам дека не славиме ако постигнеме гол, изјави Хајко Вогел, тренерот на Базел.

Емотивен беше и тренерот на Трабзон, Абдула Авчи.

-Ќе го одиграме најтешкиот натпревар во нашите животи. Имаме многу болки… Само сакаме да помогнеме да залечиме некои рани што е можно повеќе со обединувачката моќ на фудбалот. Сакам да им заблагодариме на спасувачките тимови од целиот свет кои дојдоа и им благодариме на сите што ни подадоа рака на помош, рече тој.

Принцот Вилијам одржа прв говор по погребот на кралицата: Баба ми ќе беше горда (ВИДЕО)

Тој рече дека поради „најтажната прилика“ не можел лично да дојде на средбата. Имено, принцот од Велс денеска требаше да отпатува во САД, каде што ќе му се придружат претходните победници на неговиот еколошки натпревар од 50 милиони фунти. Во видеото снимено во имотот Виндзор, Вилијам рече дека „верува дека кралицата Елизабета со задоволство би го поздравила овој собир“.

„Во ова време на жалост, многу сум утешен од вашиот ентузијазам, оптимизам и посветеност на наградата и на она што се обидуваме да го постигнеме“, рече принцот.

„Заштитата на животната средина беше тема што ѝ беше блиска до срцето на баба ми. Знам дека би била воодушевена да слушне за овој настан и за поддршката што ја давате на нашите финалисти на Earthshot. Заедно, постојат луѓе и организации кои ќе ни помогнат да ја поправиме и обновиме нашите мисија. Таа мисија не е едноставна“, продолжи тој.

„Заедно мораме да обезбедиме решенијата да бидат брзи. Денес, додека ги слушате неверојатните приказни на минатогодишните финалисти, го поканувам секој од вас да ми се придружите на ова патување. Затоа што ова е само почеток“, заклучил Вилијам.

Наградата Earthshot е резултат на работата на принцот Вилијам и Кралската фондација за развој на проект кој ќе ги поддржи глобалните напори за заштита и обновување на животната средина. По смртта на кралицата, кралското семејство се обидува да обезбеди продолжување на овие проекти.

(Видео) Ѓоковиќ се огласи со мoќна порака: Љубовта ќе го спacи светот, ви благодарам многу

Додека целиот свет ја чека конечната одлука на властите во Мелбурн дали на Новак Ѓоковиќ ќе му биде дозволен влез во земјава, голем број навивачи му даваат поддршка пред хотелот Парк.

Австралискиот суд го одби барањето на Сојузната влада на таа земја да се одложи судењето на Новак Ѓоковиќ. Познатиот австралиски адвокат Џастин Квир изјави дека владата е „очигледно погубена“.

Сојузната влада побара судењето, закажано за понеделник, да се одложи за два дена со цел подобро да се подготви.

Одложувањето беше побарано затоа што тимот на Новак во саботата достави 35 страници докази, на кои, меѓу другото, беше наведено дека тој штотуку добил порака од МВР „дека му е дозволено да патува во Австралија без потреба од карантин“. .

Во таа прилика беше откриено и дека Новак бил позитивен на коронавирусот на 16 декември и затоа побарал и добил медицинско ослободување.

Да потсетиме, адвокатите на Новак како три клучни точки наведоа дека српскиот тенисер имал виза која важела според сите правила, добил медицинско ослободување од организаторите на турнирот, која следувала откако комисијата на Владата на Викторија ја одобрила и добила порака од Министерството за внатрешни работи тој може слободно да патува низ Австралија.

„Господинот Ѓоковиќ разбра дека има право да влезе во Австралија и Викторија и да се натпреварува на Австралија опен“, беше наведено.

Утринава Србите во Австралија повторно се собраа пред хотелот каде е сместен Ѓоковиќ додека чека на одлука на судот, ечи музика и се вие оро, погледнете како изгледа атомсферата во живо:

На насобраните им се обрати со кратка порака на мобилниот телефон со помош на разглас.

– Мене срцето ми заигра. Се надевам дека и на вас. Црквата нека ви биде мирно место за наоѓање мир и слобода. Црквата нека ви биде водич. Најчистите емоции, а тоа е љубовта, ќе го спасат светот. Ви благодарам многу, изјави Новак Ѓоковиќ.

Пандев се огласи со порака до Ангеловски

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, преку социјалните мрежи му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за соработката која ја имаа изминатите шест години во националниот тим.

Пандев ја заврши репрезентативната кариера со настапот на Европското првенство, додека Ангеловски потврди дека ја завршил соработката со ФФМ.

– На 20 октомври 2015 година, прв пат кога се сретнавме, во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија. Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, Вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце, напиша Пандев на Инстаграм.

Селекторот Ангеловски имаше најголема заслуга за враќањето на Пандев во репрезентацијата, кој пред неколку години се повлече од националниот тим.

Елмас за Пандев: Немам зборови со кои можам да те опишам бате Гранде Пандев легендо (ФОТО)

Елиф Елмас испрати прекрасна порака до Горан Пандев, кој се пензионира и нема повеќе да игра во националниот дрес на Македонија.

Младиот талент на социјалните мрежи го поздрави капитенот со зборовите: „Нема зборови со кои можам да те опишам бате Гранде Горан Пандев“.

По 20 години, 37-годишниот Пандев заминува во заслужена пензија. И не можеше да посака поубав крај, од настап на едно Европско првенство со нашата репрезентација.