Tag Archives: породување

Жена се породи на планина – неверојатен случај во Националниот парк Пакленица

Хрватската планинска спасувачка служба во саботата и помогна на жена да се породи во објект во Националниот парк Пакленица.

Денеска во 14 часот и 51 минути, нашите дежурни спасувачи добија пријава за породување во објектот Лугарница во Националниот парк Пакленица. Пред пристигнувањето на тимот на Хрватската планинска спасувачка служба младата странска државјанка со помош на работници од Националниот парк родила девојче“ се наведува во соопштението.

Мајката и новороденчето безбедно се префрлени и предадени на екипата на Итната помош. Комуникацијата за време на породувањето била отежната поради прекините со мобилниот сигнал

Јанаки за случајот на Викторија Крстевска: Наместо да преминат на царски рез, продолжиле со породувањето, прекршен е протоколот

Наместо царски рез, продолжиле со природно породување долго време, иако бебето не можело да излезе, во болницата апаратите не работеле комплетно зашто не ги регистрирале отчукувањата на срцето, што е стандардна процедура за контролата на бременостите, a вакуумот не може со сигурност да се каже дали е аплициран, зашто не е наведен етапно во документацијата туку е додаден во последните документи на крајот. Ова се пропустите кои Министерството за здравство ги констатирало во својот вонреден инспекциски надзор на битолската болница, за случајот на родилката Викторија Крстевска, чие бебе почина по породувањето и покрај тоа што имала уредна и контролирана бременост. Наспроти наведеното во крајните болнички документи, Крстевска категорично тврди дека вакуум воопшто не бил аплициран.

Јанаки Митровски, адвокат на родилката од Битола чие бебе почина при породувањето, за „Слободен печат“ тврди дека инспекцијата на Министерството за здравство констатирала низа прекршувања на протоколите при породувањето на Викторија Крстевска, неговата клиентка.

-Имавме увид во Јавното обвинителство на документите и на извештајот од инспекциската контрола која е извршена во болницата во Битола за овој случај. Во вонредниот инспекциски надзор констатирани се низа неправилности. Недостиг на опрема во самата болница, неисправни апарати кои не можат да ги регистрираат отчукувањата на срцето, туку само шум се слуша а не и колку отчукувања има, што е стандардна процедура за бремености. Во протоколите има неправилности во постапувањето. Најголемиот пропуст кој го наоѓаат за постапувањето на лекарите е дека кога пукнал водењакот и кога не можела веднаш да се породи, дека требало да преминат на царски рез. Тоа е нејголемиот пропуст што го наоѓаат како и фактот дека е сечена двапати накосо, наместо еднаш вертикално, вели Митровски за „Слободен печат“.

Дополнително, тој додава, дека од увидот во списите евидентно е дека двајцата лекари кои го вршеле породувањето, имале јасна намера да ја префрлат вината на гинекологот кој ја водел бременоста, а не зел учество во пораѓањето.

„Исто така, евидентен е нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и несоработлива, иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата ѝ е викано и препорачано „да си оди во Плодност ако тука не ѝ чини“ и останати омаловажувања. Помеѓу сестрите кои биле присутни на породувањето, постои лесно воочлива координираност и мој сомнеж е дека се спремани за исказот во Јавното Обвинителство зашто исказот им е школски, односно ист од збор до збор. Единственото од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, неодстиг на опрема или неисправност на истата како и непочитување на протоколите и процедурите од старна на болницата и лекарите“, вели Митровски.

Резултатите од обдукцијата се чека да бидат достапни деновиве, а родилката Викторија Крстевска се сомнева дека Обвинителството ќе се повика на обдукцијата и ќе биде крај на приказната. Затоа таа се обратила во Обвинителството со свои докази за да не се дозволи надворешно мешање во предметот, за што постојат сознанија дека има обиди да се направи.
По смртта на новороденчето, тогашниот директор на болницата во Битола, доктор Александар Обедниковски си поднесе оставка од морални причини. Вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат утврди недостатоци при третманот на Крстевска, ама од административна природа за што најавени беа парични прекршочни казни.

Извор: Слободен ПечатShare on Facebook

Водителка на Си-Ен-Ен не стигна до болница – се породи на подот на бањата за 13 минути (ФОТО)

Токму тоа ѝ се случило на водителката на Си-Ен-Ен, Кејси Хант, која на Инстаграм објави како го родила своето второ дете, девојчето по име Греј, на подот во бањата.

Како што објасни во објавата, иако имала закажан царски рез, нејзиното девојче очигледно имало други планови. По само 13 минути трудови, Кејси сфатила дека нема да стигне до болница, па се породила на подот во бањата, а бебето го породил сопругот.

„Мојот сопруг и јас сме воодушевени да ја претставиме нашата ќерка Греј Хант Ривера, иако таа всушност сама се претстави. Пред да се јавиме на 911 и само еден ден пред закажаниот царски рез. Поголемиот брат Марс не може да биде погорд отколку што е, а ние не би можеле да бидеме повозбудени за животот како четиричлено семејство“, напиша емотивната мајка.

Мајката која роди под мост во Прилеп има 30 години, ова и е десетто дете и сите се од различни партнери

Во добра здравствена сосотојба се и бебето и мајката која завчера се породи под мост во Прилеп, информираат од одделот за гинекологија и акушерство од ЈЗУ Општа болница Прилеп за Фокус.

Инаку, станува збор за жена бездомник која живеела под мостот на ул. „Димо Наредникот“ во Прилеп, каде и се породила.

Социјалната работничка, Наташа Јованоска од прилепската болница за порталот вели дека родилката е на 30-годишна возраст и дека ова и е десетто бебе и сите се од различен партнер. Таа информира и дека истата жена кога го добила првото дете го оставила на Бит Пазар, а сите останати деца се згрижени во дом.

За овој невообичаен случај е запознаен и кабинетот на градоначалникот на Прилеп, од каде изјавиле дека ќе постапат за случајот.

Тинејџерка сама се породила во тоалет, гледала упатства на ЈуТјуб

Девојка (17) од Индија се породила во својот дом користејќи упатства преку видео снимка на ЈуТјуб бидејќи бременоста ја криела од семејството, соопштила полицијата.

Бебето го родила на 20 октомври, но нејзиното семејство дознало два дена подоцна кога слушнале плачење на бебе од нејзината соба.

Веднаш ја однеле во болница, а мајката и бебето се добро, велат од полицијата.

Оттаму потврдиле дека против таткото (21) е поднесена кривична пријава бидејќи девојката е малолетна.

-Тие биле во врска, еден ден дошол кај неа дома и имале односи. Кога дознала дека е бремена, молчела, не смеела да им каже на родителите, велат од полицијата.

Мајката на девојката, која има проблеми со видот, не забележала дека ќерката е бремена, а таткото кој работел како ноќен чувар едвај преку ден го гледал семејството.

Таа носела широка облека што и помогнало да ја сокрие бременоста.

-Проучувала се за породувањето, гледала видеа за бременост. Снимка од породување гледала додека сама се породувала, дури и сама ја пресекла папочната врвка, се наведува од полицијата.

Семејставата знаеле за нивната врска и планирале да направат свадба кога таа ќе наполни 18 години.

Луна и малата Миа излегоа од болница, еве како изгледа таа четири дена по породувањето (Фото)

Луна Џогани пред четири дена ја роди ќерката Миа, а денеска излегоа од болница.

По среќната мајка и малото девојче дојде сопругот и татко Марко Миљковиќ.

-Се опоравувам од царскиот рез, тешко одам се уште. Но, добро сум, среќна сум, го носам бебето дома. Многу сум емотивна, ова се солзи радосници, им кажа расплаканата Луна на новинарите кои ја пречекаа пред болница.

(ФОТО) Пејачката Туна стана мајка по втор пат

Поп-пејачката Алтуна Сејдиу- Туна стана мајка по вторпат, а на Инстаграм сподели емотивни фотографии.

Таа објави фотографии од раѓањето на нејзиниот син па напиша:

„Се молев на Бог да ми донесе на светот маж кој секогаш ќе ме сака. Тој ме благослови со два сина. Среќен Ден на мајката! Горда мајка на Тиан и Зен.“

Жена се породила во болничкo комбе на патот кон болница

Мирјана Стојческа од Самоков, Македонски Брод, своето четврто дете, ќерката Ева Стојческа ја родила во болничко комбе на пат кон Прилеп, каде што требала да се породи, изјави Жарко Симески директор на Здраствениот дом во Македонски Брод, пишува Сител

-Во понеделникот рано наутро околу 04:20 часот примен е повик од Самоков за да се транспортира бремена жена со породилни болки до Прилеп. Но по сместувањето во болничкото комбе жената добила силни породилни болки и породувањето било неминовно да се изврши во самото комбе. Поради овие симптоми со асистенција на докторот Александар Ристески и сестрата Елена Иваноски породувањето е успешно извршено, а мајката Мирјана на свет го донела своето четврто дете, ќерката Ева и наместо со родилка, за Прилеп се упатиле персоналот од првата помош и мајка со новороденче, истакна директорот Симески и појасни дека и новороденчето и мајката се во добра здраствена состојба и вчера се пуштени дома.