Tag Archives: посебнипотреби

Лице со посебни потреби од Скопје ОСТАВЕНО НА КЛУПА: По лекарска интервенција никој не го вратил дома

Лице со посебни потреби на околу 40 години возраст седи на клупа на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје, откако со неуспех завршиле обидите тој да биде однесен на четвртиот кат во неговиот дом, објави „Телма“.

Пациентот претходно имал лекарска интервенција, а кога го вратиле назад, болничарите и соседите не успеале да го вратат дома и го оставиле на клупата. Граѓаните велат дека морале да повикаат и полиција, од каде на Брзата помош и наложиле да дојде со носилка и да го решат случајот.

Татко на сила влегол во дневен центар, затоа што вработени држеле дете со посебни потреби заклучено во соба

На Твитер излезе твит во кој граѓанин пишува дека крајно нечовечко однесување кон дете со посебни потреби од страна на вработени во дневен центар за деца со посебни потреби во Македонија.

Според пишаното татко отишол ненајавено да си го земе синот, вработената не сакала да го пушти, тој на сила влегол, но детето го немало никаде, вработената панично барала клуч за да ја отвори вратата од собата каде детето седело заклучено и целото се тресело…