Tag Archives: поскапување

Oд утре за сметка од 5.500 денари ќе се плаќаат над 6.000 денари (Видео)

Со СДС и ДУИ од 2017 година до денес струјата поскапе за повеќе од 50 %. Не поминува година, а да нема покачување. СДС удира по народот, за да го полни буџетот кој го трошат на тендери и криминали,  рече на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од утре граѓаните ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта го зголемува ДДВто од 10 на 18 %. Покачувањето е само заради тоа што власта сака да собере повеќе пари во буџетот, кој со години го краде. Со утрешното покачување на цената на струјата, а според блоковите кои ги воведоа СДС, граѓаните кои паѓаат во вториот блок ќе плаќаат за 2,88 отсто поскапа струја, во третиот блок зголемувањето ќе биде 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто.

Во просек најголемиот број домаќинства ќе имаат зголемување од 2.88 % и 9.99 %. Тоа би значело дека на сметка од 5.500 денари покачувањето ќе биде над 500 денари. И сметките за јули, наместо како досегашните 5.500 денари, ќе бидат над 6.000 денари. СДС ветуваа поевтина струја, а граѓаните денес плаќаат поскапа струја од било кога порано.

Парите од утрешното покачување ќе завршат во буџетот, но власта на СДС и ДУИ ќе може да ги троши на договори во четири очи и криминални тендери.

И за сиот овој период, додека собираат милиони во буџетот по основи на даноци од сметки за струја, инвестициите во нови енергетски капацитети се нула. Не за џабе и ДЗР  излезе со заклучок дека Македонија нема енергетска одржливост на долг рок.

Инвестициите во енергетиката требаше да се случат уште пред 5 или 6 години, а секое дополнително одложување ќе значи поскапа струја секоја година во година. ВМРО-ДПМНЕ има план за енергетиката, затоа потребни се промени, за ударите по џебот на народот да завршат, рече Митева.

Значително поскапуваат цигарите во Македонија

Како и секој први јули, така и оваа година поскапуваат цигарите.

Акцизата на секоја цигара секоја година се зголемува за 0,20 денари, односно 5 денари за кутија.

Така сега цигарите кои се продаваа 140 денари ќе се продаваат 145 денари од кутија. Некои од брендовите со пр стратегија ги зголемуваат цените на две години по 10 денари, па така можеби некој бренд во овој круг на поскапување веќе ја зголемил цената уште на почетокот на годинава, па така сега нема да има потреба да ја корегира својата цена.

Дури 40 отсто од македонските граѓани се пушачи, а многумина за жал се одлучуваат да ги заменат цигарите со електронски кои веќе за зол глас и тема на дискусија во многу земји.

Рекламирањето на цигарите е забрането, но чудно е тоа како државава дозволува рекламирање на електронски цигари кои исто така соддржат никотин и не смеат да ги користат лица под 18 години, а агресивно се продаваат на секој ќош во познатите трговски центри, туристички дестинации, настани… а се рекламираат онлајн и на телевизија. Centar.mk во следниот период ќе ја разработи темата со електронски цигари на македонскиот пазар.

Бислимоски: Ќе направиме сѐ струјата да не поскапи

Сѐ што ни стои на располагање како механизми ќе ги искористиме за да нема зголемување на цената на електричната енергија, порача денеска од Струмица претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, коментирајќи ги најавите на Владата за зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто и на цената на струјата од почетокот на наредната година.

Според Бислимоски, во однос на ДДВ Регулаторната комисија нема никакви ингеренции, бидејќи тоа е одлука на Владата.

„Доколку остане сегашната цена, зголемувањето на ДДВ од 5 на 10 отсто во апсолутен износ значи зголемување за 4,7 отсто на вкупниот трошок на домаќинствата за електрична енергија“, смета Бислимоски.

Тој додаде дека во наредниот период РКЕ ќе направи дополнителни анализи, односно, како што рече, сега е време на криза, но и можност за креативни решенија со единствена цел евентуалното зголемувањето на ДДВ на струјата да се амортизира и да им се излезе во пресрет на барањата на домаќинствата.

„Јас сум противник да кажуваме дека ќе има зголемување на цената. Прво треба да видиме како ќе заврши производството на електрична енергија оваа година од ЕСМ, колкави приходи остварувала од продажба на вишоци, дали имала потреба од увоз. Тоа да го разгледаме, па потоа треба да знаеме следната година колкави ќе бидат потребите на домаќинствата и малите потрошувачи и на загубите во системот, да видиме со кои цени ќе се снабдуваат за да ја знаеме точно реалната слика“, посочи Бислимоски.

Вели дека нема потреба да се брза, бидејќи кога имало реални потреби заради екстремно зголемување на цените на пазарот за електрична енергија РКЕ не бегала од одговорност и носеле храбри одлуки за да се обезбеди ликвидност на целиот електроенргетски сектор.

Бислимоски уште еднаш повика да се застане и да се види како ќе заврши домашното производство и кои се плановите за следната година, па потоа да се разговара.

На новинарско прашање дека вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најавил дека по Нова година може да се зголеми цената на струјата, Бислимоски истакна дека РКЕ ја определува цената за мрежарината, а за преносот и дистрибуција на електрична енергија, односно која цена ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН, Комисијата нема надлежност. Тој уште еднаш повика да се почека и да се согледа реалната состојба, но и да се направат анализи.
Бислимоски ги оцени како притисок барањата на Народниот правобранител за поплаките на граѓаните за цената за пренос на електрична енергија и, како што рече, РКЕ ќе ги информира сите меѓународни институции од областа на енергетиката како една државна институција прави притисок врз едно независно регулаторно тело.

Литар млечен чоколаден сладолед 87 денари – Литар свежо млеко 84 денари?

Д-р Нико Беќаровски направи интересна споредба на цените на два производа, откако млекото и сите млечни производи поскапеа на македонскито пазар. 

-Литар млечен чоколаден сладолед 87 денари. Литар свежо млеко 84 денари. Првиот патува, патува, патува од Полска, млекото “дури” од Битола. Не ќе да е се до скапиот превоз, констатира тој во објава на својот фејсбук профил. 

-Не е дека нема млеко туку трговциве зајдоа со тоа маржата, па удри цени до небо. Како може од млекопроизводителите да откупуваат по 20 денари литар, а во малопроджба 84 кога ддв-то е 5%?, прашува една граѓанка. 

Вртоглаво поскапување на медот: 1000 денари за тегла мед

Некои производители на мед во Македонија најавуваат цена од најмалку 15 евра за еден килограм. Сега цената на медот во Македонија, во зависност од град или регион, се движи од 450 до 700 денари за една тегла. Производителите се вадат на високата откупна цена што ја нудат странските трговци на големо кои медот го откупуваат и по 15 евра за тегла, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.мк

Во градовите во источна Македонија тегла мед се продава за најмалку 500-600 денари, а во некои градови за 700, па и за 800 денари, но најновата најава од најмалку 15 евра за килограм ги загрижува и производителите и граѓаните како потрошувачи. Голем пораст на цените бележат и останатите преработки од мед.

„Субвенции сè уште немаме добиено. Шеќерот поскапе, сандаците се енормно скапи, ветеринарите си тераат по свое, па со оглед на неповолната сезона оваа година во која немавме доволно пчели, сметаме дека една тегла мед треба да биде барем 1.000 денари“, вели за порталот пчеларот Нове Јошевски од Кавадарци.

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА: Ова се новите цени на бензините и дизелот кои ќе важат од полноќ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 ден/лит, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 3,00 ден/лит, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.

За 2,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе чини 105 денари.

Се зголемува цената и на Мазутот М-1 НС за 0,809 денари и еден килограм ќе се продава за 56,317 денари.

Според Регулаторната комисија за енергетика, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,249%, кај дизелот за 3,681%, кај екстра лесното масло за 3,681% и кај мазутот зголемувањето е за 1,405%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,049%.

НОВО ПОСКАПУВАЊЕ на горивата од полноќ – Дизелот надмина 100 денари !

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,30 % .

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,868 ден/кг и сега ќе изнесува 55,508 ден/кг.

Од 7.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 110,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 112,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 102,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 55,508 (денари/килограм)

Еспресото достигна цена од 200 денари: Ручаш во Скопје, плаќаш како да си во Париз

Сѐ уште стоите на мислењето дека само во Охрид е скапо јадењето и пиењето? Е па, охриѓани го возвраќаат ударот!

На Фејсбук страницата „Охриѓани“ беше објавена фотографија од фискална сметка, а на која се гледа дека луѓето кои седнале да ручаат и да се освежат со неколку кафиња и со две-три чашки алкохол во македонската метропола, платиле прилично многу пари за услугата.

На пример, едно најобично еспресо во ова скопско кафуле чини неверојатни 200 денари!

Регулаторна пак со ПОСКАПУВАЊЕ: Ова се новите цени на горивата во Македонија!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,46 % во однос на одлуката од 2.06.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,497%, кај дизелот за 1,882%, кај екстра лесното масло за 4,473% и кај мазутот зголемувањето е за 1,095%.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит.

Од 4.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95    109,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98   111,50 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  99,50 (денари/литар)

Масло за горење   Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  98,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС   54,640 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,105%.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 4.6.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

НОВ УДАР – 10% ПОСКАПА СТРУЈА од јуни?

Ново поскапување на цената на електричната енергија во најава во Македонија. Граѓаните од јуни по се изгледа ќе плаќаат повисоки сметки за најмалку 10%. Регулаторна комисија за енергетика се правда дека тоа е поради малверзациите коишто ги правеле дел од општините,.

Според првиот човек на регулаторна, Марко Бислимовски уште не започнат процесот на пресметка на трошоците кои ги пријавиле енергетските компании за новата цена, а веќе се гледаат зголемени трошоци.

Бисломовски изјави дека за општините да ги намалат трошоците за улично осветлување, формирале јавни претпријатија, преку нив цената на струјата ја плаќале како домаќинства. Купувале струја од Универзалниот снабдувач ЕВН, а не на слободниот пазар. Но, ЕВН немала доволно струја за оваа намена и ја купувала на слободниот пазар за висока цена.