Tag Archives: потопено

„Изникна“ село, потопено пред 70 години во Италија (ФОТО)

Селото Курон беше поплавено во 1950 година кога властите одлучија да изградат брана и да поврзат две блиски езера – и покрај приговорите на неговите жители.

Но, сега поправките на резервоарот во Италија открија остатоци од селото кое е потопено со децении.

Езерото Резија, на северот од земјата, е најдобро познато по камбанаријата на црквата која што се издига од неговите ледени води.

Познатата сцена дури инспирираше книга и серија во продукција на Нетфликс.

Но, со привременото сушење на езерото, локалното население може да ги види последните траги од Курон, село во кое некогаш живееле стотици луѓе пред да биде намерно поплавено во 1950 година поради изградба на хидроцентрала.

Езерото се наоѓа во Јужен Тирол, алпска област што се граничи со Австрија и Швајцарија.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат скали, подруми и sидови на местото на она што обично би било езерско корито, во близина на препознатливата црковна кула од 14 век.

Луиза Азолини, Италијанка од од регионот, објави на Твитер дека е „чудно чувство“ да се оди среде остатоци од поранешното село.

Повеќе од 160 домови беа поплавени и населението се расели – иако некои од нив избраа да останат во ново село создадено во близина.