Tag Archives: Потпис

Ѓоковиќ ја освои титулата во Торино и заблагодари на поддршката: Фала Македонија (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ ја комплетираше одличната седмица и со победа, титула го заврши АТП Мастерсот во Торино.

Ѓоковиќ во последниот меч на турнирот славеше над Каспер Руд со 2-0 во сетови со 7-5, 6-3 со што дојде до шестото славје на овие завршни настани со што се израмни со Рожер Федерер.

Со оглед на овој резултат Ноле беше задоволен, среќен, потпишуваше автограми и притоа ја поздрави публиката во Македонија. Имено еден наш фан Димитар Бадев доби потпис од Србинот, а притоа го „натера“ да се заблагодари за поддршката што доаѓа од нашата земја.

Во Софија потпишан билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија

По потпишувањето, двајцата министри кажаа дека имале конструктивна средба. 

По повеќе одложувања и нејасноти, на ден по прифаќањето на Францускиот предлог од Собраниеот, утринава во Софија министерите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска си подадоа рака и ставија параф на билатералниот протокол меѓу Македонија и Бугарија. Тој е еден од документите кои беа потребни да се постигнат пред почетокот на преговорите со ЕУ и претставуваа свовиден записниок од вториот состанок на меѓувладината комисија на двете земји, кој се одржува по три години, согласно Договорот за добрососедство.

По потпишувањето, двајцата министри кажаа дека имале конструктивна средба. Генчовска и посака успех на Македонија на патот кон ЕУ и рече дека тоа што треба да се направи понатаму е договореното да се примени во пракса од страна на двете држави.

„ Знаете дека Бугарија е државата која најсилно ја поддржуваше европската интеграција на Македонија и Албанија. Оттука па натаму им посакуваме успех во патот по кој одамна сакаат да стигнат. Се надевам дека со општи и нашата поддршка ќе стигнат таму каде што граѓаните на Македонија сакаат најмногу да стигнат.“- Теодора Генчовска – Министерка за надворешни работи на Р. Бугарија

Министерот Османи изјави дека потпишувањето на овој документ претставува еден нов почеток на односите на двете држави. Тој посочи дека работните групи вродиле со плод и дека од потпишаниот протокол се гледа дека досега е сработено многу.

„Очекуваме поддршка од страна на Република Бугарија на овој пат на кој почнуваме, патот на пристапни преговори, сето тоа во интерес на граѓаните на Република Македонија, но и на Република Бугарија чиј интерес е Западен Балкан да се движи брзо и сигурно кон членство во ЕУ. Ова е само еден нов почетокот, се надевам дека од денеска отвораме ново поглавје на односи меѓу нашите држави.“- Бујар Османи – Министер за надворешни работи на Македонија

Покрај министерот Османи, како дел од владината делегација на состанокот во Софија од македонска страна присуствуваа вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и министрите за економија, култура и транспорт и врски.

Потпишувањето на протоколот доаѓа откако Владата вчера ги разгледа и ги усвои заклучоците кои претходно ги изгласа Собранието и донесе одлука за одобрување на францускиот предлог, а првата Меѓувладина конференција која ќе го означи почетокот на пристапните преговори на Макеоднија со ЕУ ќе се одржи во вторник во Брисел.