Tag Archives: Пожари

(Видео) Објавени застрашувачки снимки од пожарот што ги зафати Хаваите

Огромни пожари ги зафатија Хаваите, пришто спасувачите објавија дека спасиле луѓе кои скокнале во океанот бегајќи од огнената стихија.

Според последните информации, опожарени се и домови, а десетици луѓе се евакуирани.

На социјалните мрежи се шират снимки од пожарите.

545 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за превенирање и гасење на пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 15.08.2021 до 07.00 часот денеска (16.08.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 545 полициски службеници, меѓу кои и припадници на сите специјални единици на полицијата, реализирани 192 мото-патроли и користени 150 моторни возила.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.

„Нема украдено ништо! Заедно сме на терен и пријатели сме со Словенците и Австријците“ 👨‍🚒

После сите коментари и објави должен сум да го кажам следново: Нема украдено ништо!!! Ниту кај Австријците, ниту кај Словенците. Заедно сме на терен и дури станавме пријатели со многу од нив. Изгледа не сме расипан народ како што сакате да не претставите. На ова прашање правев лично муабет и сите овие лажни вести беа демантирани од нивна страна!!! Доказ дека не зборувам на празно е на следниве слики.Поздрав до сите и никогаш да не се повтори!!! – пишува граѓанин од Берово на Фејсбук.

За ПОЧИТ! -Австриските доброволци користат ОДМОР за да гасат ПОЖАРИ во Македонија!

Вкупно 140 пожарникари и помошен персонал од Австрија секојдневно се борат со пожарите во малешевскиот регион. Тие пристигнаа во земјата во четвртокот, а во саботата ја направија и првата замена откако 96 пожарникари се вратија во татковината, а на нивно место дојдоа 114 нови.

Ниту еден од пожарникарите од Долна Австрија не е професионалец, туку сите работат на доброволна основа, како волонтери. Најголемиот дел од нив, поради ангажманот во Македонија, морале да користат денови од годишниот одмор, поради тоа што отсуствуваат од своите редовни работни места во татковината.

На нивната Фејсбук страница, Австријците редовно информираат за ангажманот во Македонија.

Турција ГОРИ, пожари како во АПОКАЛИПСА (Видео)

Ридовите во близина на турското летувалиште Мармарис, покриени со густа зелена борова шума, се уништени од шумски пожари кои горат веќе две недели.

Во последните две недели, пожарите оштетија десетици илјади хектари шуми во турските медитерански провинции, при што загинаа осум лица, додека илјадници луѓе, вклучително и туристи, беа принудени да избегаат.

Општината Мугла објавила дека изгореле 55.000 хектари шуми, што е двојно повеќе од изгорените во Турција во текот на целата минатата година, и дека се евакуирани 36.000 луѓе.

Не се грижете Заев се врати од одмор и порача: Шумите лесно се палат, а тешко се гасат

Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

– Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината, наведува Заев.

Тој во објавата потенцира дека во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

Еве каде има пожари во Македонија и КАКВА Е СИТУАЦИЈАТА НА ТЕРЕН

Центарот за управување со кризи ја соопшти состојбата со актуелните пожари низ Македонија до денеска до 18 часот .

Скопски регион

Пожарот кај с. Градманци е АКТИВЕН. На лице место има 4 екипи од БППЗ, една екипа од ШС Караџица и екипа од општина Петровец. Еден крак од пожарот префрли преку сртото кон с. Долно Коњари. Известени се надлежните од општини Петровец и Гази Баба, БППЗ, ШС Караџица и ДЗС за Град Скопје. Состојбата се следи.

Струмички регион

Шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот на ден 01.08.2021 година кај м.в.Погана и кој зафати површина од 200 ха, ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). се уште е активен. Пожарот во утринските часови беше во мирување, но попладнево со појавата на северен ветер, повторни се засили и се движи во правец на Фурка. Од почетокот досега има изгорено повеќе од 500 ха ниско стеблеста шума (прнар, габер, даб и др,) На теренот се ангажирани: Екипа на ТППЕ-Валандово-со 2 ПП возила и 6 пожарникари, Шумско стопанство-со 20 вработени ,ПО ДЗС-Валандово – со 3- припадника, на помош ТППЕ-Гевгелија-со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ТППЕ-Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари и ТППЕ-Неготино со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

Пожарот над депонијата во Ново село  кон  с.Самоилово  е повторно активен, гори сува трева и прнар. На терен се ТППЕ Струмица со 3 ПП Возила и 9 пожарникари.

Пожар на отворен простор до хотел Фламинго и гранична линија со Р.Грција. Гори сува трева и борова шума. Изгорено над 20 ха. Силниот ветер претставува опасност за хотелот Фламинго и Бензинск пумпа „Шимов„ а во правец кон гран.линија со Р Грција има опасност за караулата на АРМ и Граничен премин Богородица. Ангажирани сили ТППЕ Гевгелија-2 пп возила, 12 пажарникари, 1 пп возило со 2 пожарникари од Д.Капија, ШС Кожув-5 вработени, група грагани од нм Богородица и Гевгелија, МВР, Приватни компании, 2 багери на приватни компании и 1 цистерна за вода.

Кумановски регион

Активен пожар  во с. Бељаковце,   маало Ѓуринска маала, кон кон с.Јачинце и с.Довезенце каде  гори  сува  трева  и нискостеблеста мешана  шума. Екипа на ТППЕ Куманово е на терен.

Активен пожар има и во с.Пезово  маало Ресанци и екипа  наТППЕ Куманово е на терен.

Во општина Старо Нагоричани има активен пожар во село Дренок кој се спушта кон Отошница , општина Ранковце, каде  гори  сува  трева и  нискостеблеста  мешана  шума. Постои опасност од опожарување на куќа. Во гаснење се вклучени  мештаните и припадници на ППЗ единица.

Пожарот на територијата од атарите на селата Арбанашко, Рамно и Кокино е локализиран, односно е ставен под конртола. Со оглед на тоа што на терен моментално се ангажирани 27 припадници на ДЗС како и доволен број пожарникари, и дека половината од припадниците на АРМ можат да се повлечат, односно да се ослободат од ангажман во овој реон.

Во моментот ТППЕ Ранковце е на интервенција на гаснење пожар во сРадибуш и с.Отошница.

Пожарот од с.Дренак кој е на територија на Општина Старо Нагоричане се префрлил на територија на Општина Кратово во с.Страцин маала Ќошарци. Известена е ТППЕ – Куманово.

Охридски регион

Пожарот во околината на  с.Девич-М.Брод е локализиран и ставен под контрола, на терен се наоѓаат 2 пожарникари и 5 жители од месното население.

Битолски регион

Пожарот во атарот на с.Канатларци и с.Подмол е сеуште активен и екипа  од ТППЕ Прилеп од 1 пп возило и 1 теренско возило, како и 7 пожарникари сеуште се на местото на пожарот

На пожарот на во атарот на с. Топлица интервенираат 1 теренско возило и 4 пожарникари. Пожарот на запалена шума во атарот на с.Топлица, сеуште е активен.

Поради силниот ветер пожарот зема силен замав и се проширува, се работи за голем пожар каде гори деградирана шума и бор, како и сува трева во нивите.

Од Црн Бор на лице место има 5 работници.

Известени ДЗС Прилеп, и инспектор по пожари.

Штипски регион

Пожарот што избувна на м.в.Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден е активен. Интервенираат  екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово  со 1 твозило и 4 пожарникари, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна   и 3 вработени и неколку луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста шума и дува ветер кои го прават нестабилен и доаѓа до негово ширење, а се работи и за тешко пристапен терен. Гори дабова и борова шума,нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

Вчерашниот пожар во атарот на с.Нов Истевник маало Пасјак кој е сеуште активен и е зафатена површина од околу 55 ха. Борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од  раните утрински часови од 04,00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадници на АРСМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со 12 пожарникари и 2 цистерна и едно теренско возило лада нива, 1 припадник на Гранична полиција со 1 теренско возило  ландровер, ТППЕ од М.Каменица со едно специјализирано ПП возило и 3 пожарникари и ЈПКД Брегалница со 8 вработени. Пожарот е сеуште активен и се шири во правец на маалото Пасјак. Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево  каде интервенираат работници од нивните шумски стопанства.

На потегот Костин дол-Ново Село се уште е активен позарот. Во 06,55 часот хеликоптер на АРМ се упати на местото на пожарот. Од АРМ со возила и МТС има на терен 80 воници.

Од шумско стопанство осогово Кочани има на терен Лада нива со 5 луге, УАЗ џип со 6 луге и противпожарен џип со 5 луге од шумско стопанство Радовиш.