Tag Archives: Позитива

Познат пејач од Прилеп е позитива на денот (ВИДЕО)

Велат дека човек кој ги сака животните, ги сака и луѓето. Ако е така, тогаш нашиот естраден пејач Оливер Лозаноски е човек со големо срце.

Екипа на Маркукуле го начека како ги храни птиците на плоштадот “Методија Андонов-Ченто” во Прилеп и ужива во нивното присуство.

Видеото ТУКА

Ех бе синко мене Германците и Бугарите не ме плашеа, па коронава не ќе сум можела да ја победам!

Социјалните мрежи повеќе од една година се исполнети со лоши вести кои влијаат негативно на сите нас. Секој ден и постојано во текот на денот читаме вести и информација за заболени и починати, но за среќа има по некоја вест која ќе внесе позитивна енергија и храброст во ова темно секојдневие. 

Доктор Бојан Трајковски е дел од ПЗУ Вера Медика и тој преку својата работа, во рамки на домашната посета, секојднеевно помага на луѓето кои се бораат со корона вирусот. Впечатоците од својата работа ги споделува на фејсбук и тоа најчесто се совети и апели за заштита на здравјето. Но, денес фејсбукот статусот е посветен на 95 годишна пациентка, која поминала многу во животот и многу храбро се соочува и со овој предизвик. 

Фејсбук статусот на доктор Бојан Трајковски го пренесуваме во целост: 

Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот: Ех бе синко мене Германците и…

Posted by Bojan Trajkovski on Tuesday, April 13, 2021

Денес во домашна посета баба од 95 години, памет “срча” со коментар после прегледот:
Ех бе синко мене Германците и Бугарите во Втора Светска не ме плашеа и ништо не можеа да ми направат, не па коронава не ќе сум можела да ја победам! 😂
Тек имам за живеење јас!!! 🙏

Ваква позитива ни треба ♥️🙏♥️

Девојка се разбудила од кома после 205 дена – Позитива на денот!

Девојката од кобната сообраќајка во август во која загинаа двајца млади Битолчани е будна после 205 дена и ова е најголемата позитива на денот!🥰 -напиша Штрумфета на Твитер.