Tag Archives: Пратеник

МЕЧКА влегла во домот на екс пратеникот Љатиф Пајкоски: Умоболни бирократчиња ја штитат мечката, но не и населението

Екс пратеникот од СДСМ Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер вчера во неговиот двор влегла мечка.

-Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања, напиша Пајкоски на својот профил на Фејсбук, покрај фотографиите од непоканетата „гостинка“ во дворот.

Во истото село пред десет дена ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронајде отстрелана мечка со две мечиња.

Директорот на Инспекторатот за животна средина, Сретен Стојановски изрази згорзенот од овој чин и нагласи во таа прилика дека виш инспектор со колеги од Агенцијата за храна и ветеринарство и останатите надлежни инспекторати работат на теренот на утврдување на причините за смртта на мечките.

Инаку Националниот парк „Маврово“ е природно живеалиште на кафеавата мечка, животно кое е под трајна заштита на државата, согласно Законот за ловство и не смее да се лови.

Минатата недела жители на шарпланинското село Бродец снимија мечка како со мало мече се обидува да влезе во еден дом во ова село. На видеото се гледа како жител во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

Поради честите пријави за појава на мечки и во НП Маврово и во НП Шар Планина, постои координација меѓу двата национални паркови како да се заштитат овие видови животни.

-Сепак безбедноста на човекот е на прво место. Има опции или да се дислоцираат мечките, но ако има моменти каде човекот е загозен, може и да се острела мечката, изјави директорот на НП Шар Планина Ибрахим Дехари по инцидентот во Бродец.

Една од причините поради која мечките влегуваат во населените места се дивите депонии околу селата во потрага по храна.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=6871707476228332&id=100001674423445&mibextid=Nif5oz

Јаулески: Уставни измени – МА НИ ПОД РАЗНО !

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го потврдија веќе познатиот став околу уставните измени. Во објави на социјалните мрежи, тие реагираат, дека нема да дозволат преку уставните измени да се случи, како што велат, исполнување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта.

Со статус на социјалните мрежи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески порачува дека нема наметнување на бугарски диктат и нема предавство на државата.

„Уставни измени??? Ма ни под разно! Нема наметнување на бугарски диктат и нема предавство на Македонија!
Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и националните интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани“, пишува Јаулески.

Додава дека Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта, туку да служи на суверенот – граѓаните.
Ние, како што рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го дозволиме тоа.

И неговиот сопартиец, Бојан Стојаноски го повтори вчерашниот став на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во пресрет на лидерската средба.

Нема промена на Уставот под бугарски диктат, напиша тој.

Според напишаното, уставните измени кои ги прифаќа македонската влада предводена од СДСМ и ДУИ се производ на диктат и под услови кои не се прифатливи за македонските граѓани.

Апелираат до Владата и парламентарните групи на власта да престанат со сервилности и погазувањето на државните и национални интереси потсетувајќи дека Собранието во овој состав нема легитимитет за носење на таква одлука против која е огромното мнозинство македонски граѓани.

„Собранието не треба да се доведе во позиција за исполнување на поединечни бизнис и политички интереси на елити од власта туку да служи на суверенот – граѓаните“, се додава во ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

И Мицкоски вчера на ист став со неговите сопартијци, дека кога ќе отиде на лидерска средба со Ковачевски нема да дозволи уставни измени.

Уапсен е пратеник – лажел за сѐ, дури и за верската припадност

Сантос е обвинет за злоупотреба на средства за кампањата, лажење на Конгресот за изворите на неговите приходи и мамење за да добие незаслужени бенефиции за невработеност, објавија денеска обвинителите.

Во обвинението се наведува дека Сантос ги охрабрил своите гласачи да му донираат пари, уверувајќи ги дека парите ќе бидат искористени за поддршка на неговата кампања. Наместо тоа, велат обвинителите, тој го потрошил на себе – купувајќи скапа облека и отплаќајќи кредитни картички и рати за заем за автомобил.

Сантос, исто така, е обвинет дека лажел за неговите финансии на официјалните документи на Конгресот и дека аплицирал за бенефиции за невработеност (кои ги добивал) додека бил регионален директор на инвестициска компанија која државата ја затворила во 2021 година, по обвинувањата дека тоа е т.н. Понзи шема.

Џорџ Сантос (34), кој ги зголемил финансиските приходи и ја разубавил својата биографија, призна дека измислил добар дел од својата биографија.

Овој конгресмен, кој себеси се опишал како „остварување на американскиот сон“,е обвинет и дека лаже за својата верска припадност, тврдејќи дека е „горд на своето еврејско потекло“ иако пораснал во католичко семејство. Против него се водат неколку истраги, во Конгресот, во Њујорк, па дури и во Бразил.

Пратеник ги правда патните трошоци… Немаме службени возила, сами менуваме гуми, сами ги регистрираме возилата…

Во оваа владина реконструкција се влегува со единствена цел, да се заштити позицијата на власта. За жал имаме една криминална влада која се занимава само со распродавање, без разлика дали се тоа национални интереси или криминални тендери. Гледаме како неизбран премиер предлага реконструкција на влада. Практично хаосот од извршната власт се пренесува во Собрание, ова во интервју за „Макфакс“ го истакнува Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија терминот пратеник асоцира на патни трошоци, нагласува Лефков.

„Немаме службени возила, пратениците сами си ги одржуваат возилата, сами менуваат гуми, сами менуваат опрема, сами ги регистрираат. Владата е попривилигирана“, појаснува Лефков.

СКАНДАЛ во Косово: Пратеник гледа филмови за возрасни на седница! (Видео)

За време на специјалната седница за Косово, пратеникот од Социјалистичката партија на Србија, Звонимир Стевиќ, гледаше филмови за возрасни.

Имено, како што може да се види на видеото кое се појави на социјалните мрежи, овој пратеник седнат на собраниската клупа повеќе од минута и пол ја следи акцијата на мобилниот телефон, додека жестока расправа за националното прашање продолжува зад говорницата.

Да потсетиме дека расправата за Косово во Народното собрание на Србија се одржа во четвртокот и петокот на 3 и 4 февруари.

Пратеник за инцидентот на граница: Напад на полицаец е напад на државата

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски се огласи на социјалните мрежи по инцидентот кој се случи на граничниот премин Деве Баир, во кој тројца бугарски државјани беа уапсени, откако со часови ги напаѓаа македонските полицајци.

„Државата функционира доследно и професионално,напад на полицаец е напад на државата. Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир кои со часови провоцираа. Македонското достоинство се брани со чест, однос и професионалност. И пак ќе кажам Гоце Делчев не го заслужува овој циркус од провокаторите нека ти е вечна слава даскале“, напиша Костовски на ФБ. 

Televisa Бугарија presenta: Пендиков НЕ Е БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН, туку еден од напаѓачите

Христијан Пендиков кој беше нападнат во Охрид не е бугарски државјанин, туку се дефинира себеси како личност со бугарска самосвест. Со вакво тврдење излезе бугарскиот пратеник од „Продолжуваме со промените“, Даниел Лорер во вчерашно интервју за Нова ТВ – пренесува ФОКУС.

-Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски државјанин. Тој се дефинира себеси како личност со бугарска самосвест. Бугарија пред сè мора да ги заштити своите граѓани. Меѓутоа, еден од оние што го нападнаа е бугарски државјанин. Зошто да не зборуваме за него? Што правиме во врска со него?, рече Лорер.

Според Лорер, тензијата меѓу Бугарија и Македонија е вештачка и Софија не треба да концентрира толку ресурси за човек кој не е Бугарин.

-Бугарија мора пред сè да ги заштити своите граѓани, рече Лорер.

Остри реакции на изјавата на Лорер стигнаа од коалицискиот партнер на ГЕРБ – СДС.

-Оваа изјава нè наведува да мислиме дека господинот Лорер не го разбира длабоко проблемот и не разбира што е бугарска самосвест во РСМ. Се добива впечаток дека за него нашите односи со Северна Македонија се апстрактно-институционални. Како луѓето со бугарска самосвест живеат и се справуваат со омразата против нив, очигледно не е во парадигмата на поранешниот министер за иновации.

Зборовите на Даниел Лорер се силна шлаканица за Бугарите во Северна Македонија. Како истакнат претставник на ‘промена’, владеејќи до неодамна и повторно правејќи обиди да дојде до власт, јасно им покажа каков е односот на политичката сила што ја претставуваше кон нив, реагираат од партијата.

На Каевски ПРВ ПАТ МУ БИЛО да игра ИГРИ ВО СОБРАНИЕ

Во изјава за Фактор Дарко Каевски пратеникот од редовите на СДСМ кој играше видео игри за време на вчерашната Собраниска комисија додека од говорница говори професорката Гордана Силјановска Давкова од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека ова прв пат му се случува.

Јас сум еден од најредовните и најактивните пратеници, кој не отсуствувал од ниту една пленарна седница, ниту комисиска дебата во Собранието.

Но, кога на говорницата имате колега кој слушате дека кажува флоскули и празни реченици, можеби некогаш ќе посакате да го оттргнете вниманието од тоа. Ова прв пат ми се случува, во принцип внимателно ги следам дебатите што се одвиваат во законодавниот дом – изјави Каевски за Фактор.

Пратеник и голем бизнисмен меѓу првите таргети на американскиот антикорупциски тим за ,,Црна листа” дојден во Скопје (ВИДЕО)

Новинарот Горан Момироски во емисијата Заспиј ако можеш открива профили на дел од луѓето кој што се можни таргети на американскиот антикорупциски тим од министерството за финансии на САД кој е дојден во Скопје.

Еден од луѓето кои можат да се најдат на Црната листа на САД е актуелен политичар од ДУИ кој има огромен бизнис со државни институции а порано беше во коалиција со други партии на власт.

Тоа најверојатно е дел од причината поради која американската амбасадорка Ангела Агелер вчера веднаш по објавениот твит со кој најавува војна против корупцијата замина на средба со ДУИ а Ахмети во обид да се прикаже како конструктивен од збунетост наместо со албанско ја дочека со македонско државно знаме.

Предходно пред десет дена односно една недела пред тоа да го објави амбасадорката Агелер, Момироски откри дека во Скопје се дојдени луѓе кои работат на проверки на потенцијални политичари кои веќе се или е можно да се најдат на американската цена листа.

Момироски вчера откри и дека можен таргет и цел на проверка од американските експерти кои работат на листата на санкционирани лица од САД е уште еден македонски политичар, порано дел од безбедносниот состав кој беше дел од тајните служби а сега официјално не е во политиката.

Целата емисија:

Чепреганов му одржа лекција на бугарскиот пратеник Јорданов: УБИЕНИОТ ВОЈНИК НОСЕЛ БУГАРСКА УНИФОРМА И Ѝ СЛУЖЕЛ НА БУГАРСКАТА ФАШИСТИЧКА ВЛАСТ

Војникот којшто беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување, му порача историчарот Тодор Чепреганов на бугарскиот пратеник Александар Јорданов.

Историчарот Тодор Чепреганов остро реагираше на тврдењето на бугарскиот пратеник Александар Јорданов дека востанието на 11 октомври во Прилеп го кренале терористи.

„Пишувате дека на 11 октомври 1941 година неколкумина терористи, кои подоцна ќе бидат наречени ‘борци од Првиот прилепски партизански одред’ ја напаѓаат полициската станица во градот Прилеп и ги пресекуваат телефонски жици. Тие убиваат татко на три деца’. И за да додадете малку повеќе патетика, емоција и емпатија, во продолжение велите ‘зацрнето е добро семејство што верува во Бога. Три деца остануваат сираци’. Сигурно дека убиениот е Бугарин. И не само за вас туку и за секој еден кој добро ја познава воената историја и терорија му е јасно дека војникот носел бугарска униформа и чувал стража пред бугарскиот участок и ја симболизира бугарската фашистичка власт и окупација па и да бил Македонец, Србин, Ром, Албанец или Влав. Униформата не прави разлика во националноста, етничката припадност“, пишува Чепреганов за „Пресинг ТВ“.

Чепреганов нема дилеми дека сите кои ја носеле таа униформа биле окупатори на македонскиот народ.

(Не)почитуван Јорданов македонските партизани кои излегоа на 11 октомври 1941 година, во добро припремена акција под раководство на Покраинскиот комитетет на КПЈ за Македонија и на Местниот комитет во Прилеп, а на 12 октомври и во Куманово излегоа да се борат против наци-фашизмот на Германија, Италија, Унгарија, Бугарија и други фашистички држави. Војникот којшто беше убиен пред участокот носеше униформа на наци-фашистичка Бугарија. Македонските партизани пукаа во униформата на војникот што ја носеше што беше олицетворение на наци-фашизмот, окупацијата и идентитетското обезличување. Велите дека човекот кој е убиен оставил три деца сираци?! Со ова само покажувате дека немате ни малку морал, етика“, наведува Чепреганов.

Тој му посочува на Јорданов дека наци-фашистичка војска убиваше не само родители на деца кои не можеа да им се израдуваат и да гледаат како стануваа возрасни, со свои деца и на старост да се грижат за нив, туку ТВОИТЕ сонародници во бугарски униформи убиваа деца коишто само што беа зачекориле во младоста.