Tag Archives: право

Деца не учете право, бидете со министерот НА ЗДРАВО

Ова што се случува деновиве со правосудниот испит на синот на Претседателот на Собрание и со именување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители е само уште еден доказ за принципите и начелата кои владеат во нашата држава, а особено во судството.

Пишува: Звонко Давидовиќ, пренесува Фокус.мк

Тоа се принципите на безаконие, самовластие, неодговорност, апашлук, корумпираност, недопирливост и лажливост. Доктрината по која се раководат носителите на функциите е приграби што повеќе можеш за себе и семејството, а ако те фатат прави се недоветен и задолжително декларирај се дека си припадник на националноста без која нема Влада.

Ова што во мигот се прави, начинот на кој се практицира власта и одлуките и законските решенија кои се однесуваат на судството се криминални, хохштаплерски и срамни.

Само дилетант може да каже дека дискреционо право на министерот за правда е кога некому ќе дозволи порано полагање на правосудниот испит. Такво право министерот нема , а кршење на законските прописи и подзаконските акти со превземање на дејствие кое не смее да го преземе и со кое некому овозможува или прибавува некоја корист е класична злоупотреба на службената положба што претставува кривично дело.

Надлежните институции за гонење на сторители на кривични дела се должни да преземат мерки и да го испитаат целиот случај. Смешни се и идиотски оправдувањата дека во Министерството за правда не постојат документи затоа што такви документи има во Академијата, а потврдите за стаж кај оној што ги издал и заверил.

Впрочем, многу лесно се утврдува дали некој предвремено полагал испит со едноставно споредување на датумот на дипломирање и датумот на полагање на правосудниот испит.

Законското решение претседател на Судскиот совет да биде од редот на истакнати правници, а не од редот на судиите е трагикомично и без ниту една трошка логика. Ваквото решение кое беше заложба на тогашниот министер за правда и кое е шверцерски протуркано и без амин на работната група веќе ги покажува своите негативни ефекти и допрва ќе донесе големи проблеми.

Срамно е претседател на телото кое одлучува за именување, разрешување и напредување да биде некое си стручно соработниче кое е истакнат правник само за партијата која е на власт само заради роднинските, пријателските и бизнис релации со партиските функционери.

ИСТАКНАТ ПРАВНИК ИЛИ ПАРТИСКИ КАДАР?

Особено ваквото законско решение е безумно и срамно во ситуација кога терминот истакнат правник е маска за партиски кадар или симпатизер. Таквите предлози на истакнати правници дадени од Претседателот и Собранието само покажуваат колку е политиката навлезена во сите пори на општеството и колку е партискиот интерес поважен од интересот на државата.

Слична ситуација е и со предлагањето и изборот на судиите на Уставниот суд.

Ристова: Mоже да се утврди кога синот на Џафери дипломирал, а кога положил правосуден испит

Лесно може да се открие дали синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет, дипломирал или не пред да се запише во Академијата на судии и обвинители, смета универзитетската професорка Мимоза Ристова.

„И шо ако ги нема докуметите во Министерството за да се види дали малиот на спикерот Џафери се запишал на Академијата за судии и обвинители пред да дипломира! Зарем доказите нема да ги најдете

1. На соодветниот фалултет/универзитет во книгата на дипломирани.

2. Во Академијата во евиденцијата за пријавени Конкурсот за пријавување, потоа запишани. За ова треба да постојан дестеина релевантни пишани траги.

И доста ви е ова за да се докаже евентуалниот криминал, и да се побара одговорност за СЕРИОЗНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“, пишува Ристова.

Ристова реагира на ставот на Антикорупциска според која не може да се отвори предмет за случајот Барлет Џафери, бидејќи, како што наведоа, Министерството за правда не ја чувало документацијата. 

Од Правда, соопштија дека досегашната пракса била документите на кандидатите односно барањата и другата пропратна  документација на кандидатите за полагање правосуден испит да се чуваат една година“,

„Во врска со случајот со Барлет Џафери кој го водеше Државната комисија за спречување на корупција Ве информираме дека согласно евиденционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството за правда и е од трајна вредност, лицето Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година…

Потписот за положен правосуден испит го ставил Аднан Јашари кој ја извршувал функцијата министер во 2015 година.

Но, Аднан Јашари, вчера негираше такво нешто.

Јашари одговорил дека не положил додека тој бил министер, туку пред него. На прашањето дека според Министерството за правда потписот за положен правосуден испит го ставил тој, Јашари додаде дека (Барлет) положил шест месеци пред да стане министер.

Управниот суд одлучи: Секој МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИН ИМА ПРАВО да го употребува ИМЕТО МАКЕДОНИЈА во правниот живот во Македонија

Судска одлука донесена од надлежен македонски суд ја поништи забраната за употреба на името Македонија во имиња на организации и правни субјекти во земјава и во странство.

Со одлука на Управниот суд се поништува решението на екс министерот за правда Бојан Маричиќ кој сега е вицепремиер за евроинтеграции.

Според судското решение секој македонски граѓанин има право да го употребува името Макеоднија во правниот живот во Македонија.

За одлуката која е донесена по судски процес во емисијата Заспиј ако можеш гостин беа претставник на организацијата Млади за Македонија и адвокатот Тони Менкиноски кои успеаа да урнат владина позиција врз основа на непочитување на човекови права на Македонците и дискриминација врз нив.

Целата емисија овде:

Вработете ја сестра ми, магистер по право со 75 страни СВ е невработена

Познатиот македонски диџеј преку статус на Фејсбук бара помош за да биде вработена неговата 37 годишна сестра која е правник.

-Јас би ве замолил доколку некој има потреба од ПРАВНИК во државава.. Мојата сестра е МАГИСТЕР ПО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО И ДИПЛОМАТИЈА.. со перфекно втор научен турски јазик.. со сертификати со дипломи со сите левели и степени на највисоко ниво..

Има 37 год и е невработена во државичкава наша бидејќи има 75 страни CV.. и има пратено во над 50 места и нема добиено одговор од никого ЗОШТО НЕМАМЕ ВРСКИ…

Мојата сестра ќе треба да си оди од државава зошто тука очигледно квалитетни луѓе не требаат..

ПА БИ САКАЛ ЕВЕ НА ОВОЈ НАЧИН ДА ЗАМОЛАМ, ДОКОЛКУ НА НЕКОЈ МУ ТРЕБА човек со огромен капацитет да ми се обрати..

Би сакал сестра ми да остане во државава и да биде со фамилијата

ФАЛА ВИ МНОГУ, стои во неговиот Фејсбук-статус на Марјан Петровски (Диџеј Мац).