Tag Archives: правосуден

Кој сака нека честита ! Синот на Џафери и сопругата на Абази станаа обвинители иако незаконски полагале правосуден испит

Синот на собранискиот претседател Талат Џафери и сопругата на шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Абази, Албулена Абази добија зелено светло од Советот на јавни обвинители.

Џафери, кого го следеа многу контроверзи околу тоа дека предвреме полагал правосуден испит е избран за обвинител во гостиварското, а Абази на кичевското обвинителство.

На денешната седница на совет избрани 18 јавни обвинители во 12 јавни обвинителства низ земјава и еден основен јавен обвинител во штипското обвинителство.

Освен во гостиварското и кичевското, нови обвнители беа избрани и за обвинителствата во Битола, Велес, Делчево, Дебар, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово и Свети Николе.

Ивановска за синот на Џафери: Положил правосуден БЕЗ ЗАВРШЕН ФАКУЛТЕТ, немаме механизми да го казниме, случајот се третира како ЗАСТАРЕН

Во вечерашната емисија „Топ Тема“ на Телма ТВ, Билјана Ивановска од ДКСК истакна дека синот на Талат Џафери кој сега е на листата за обвинители положил правосуден испит без завршен факултет, но дека нема механизми како ваквите случаи да се казнат.

„ Точно е дека ја запревме постапката за конкретниот случај отворен за Барлет Џафери ние утврдивме тоа што утврдивме го обелоденивме во јавноста дека неговиот правосуден испит му е дозволено да го полага пред да ги има добиено тие 300 кредити односно пред да има магистрирано, значи тука е проблемот. Да имало злоупотреби во случајот меѓутоа сето тоа се случува пред 8 години и случајот се третира како веќе застарен и нема против кого да поднесеме било што“, нагласи Ивановска.

Ивановска додаде и дека документите поднесени во министерството за правда не се чуваат повеќе од една година и не постојат алатки како да се казнат ваквите случаи.

„До толку што документите поднесени до министерство за правда се изгубени, не се изгубени туку не се чуваат повеќе од една година. Иако сметам дека и тоа е погрешно.Проблемот го лоциравме ние кај Универзитетот како давал степен на образование седум кроз еден за 180 кредити, и кој му дозволил понатаму да полага правосуден испит без да ги има 300 кредити.Нема алатки како да ставиме некоја казна, но иако е запрена постапката тоа ни отвара врата да видиме понатаму дали е Барлет изолиран случај или не. Тој Универзитет во период од 4 години има 400 такви уверенија издадено, понатамошна анализа ќе оди да видиме дали има и други такви факултети и да се извршат вонредни инспекциски надзор“, истакна Ивановска.

Не е само синот на Талат Џафери, СПОРНИ СЕ 449 СТУДЕНТИ ЗА ПРЕДВРЕМЕ ПОЛАГАЊЕ ПРАВОСУДЕН!

Не можам бројка да кажам, меѓутоа до мене стигнуваат инфомрации дека многу, многу лица се пријавувале да полагаат предвреме правосуден испит. Има еден период каде што навистина било сива зона, изјави Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциска, дека предвреме се полагал правосуден испит, откако во јавноста излегоа вести дека БАрлет Џафери синот на претседателот на Собрание, Талат Џафери пред да дипломира се пријавил да полага правосуден.

Според Ивановска имало еден период со воведувањето на болоњскиот систем кога настануваат некои недоследности.

Таа за „Топ тема“ на Tелма рече дека претходно се студирало 4 години, па со болоњскиот систем биле намалени на три, за кои се добивале 180 кредити, а останатите 120, од потребните 300 за полагање правосуден испит, се добивале со завршување на магистерските студии.

Но, Барлет завршил три години и добил 7/1 квалификација, што според Ивановска можеби му ја отворило вратата во Министерството за правда, за предвреме да полага правосуден испит. Вели дека се обратиле до инспекторатот за образование, на Универзитетот на ЈИЕ да го провери периодот од 2008 до 2012, и да види колку има такви студенти што завршиле три години а добиле 7/1 степен на образование.

– Знаете која е бројката? 449 студенти. Значи тоа е појава, тие сигурно не чекале да им дојде рокот за да полагаат правосуден испит. Претпоставувам, ама не можеме да докажеме. Дали таа квалификација од 7/1 му ја отворило вратата во Министерството за правда, за да полага правосуден, значи тоа е прашалникот кој што се појавува кај нас. Реално, тој немал толку кредити, меѓутоа, со тоа 7/1 можеби тоа му ја отворило вратата во Министерството за правда, но кој може тоа да го докаже. Прво, седум години се поминати, значи делото е секако застарено, а и да не е, пак ние треба да покренеме постапка против службено лице, затоа што секој како него може да поднесе документи. Ние треба систем да градиме. системот да ги отфрла тие што не ги исполнуваат условите, вели Иавановска.

Таа посочи дека Државната комисија за спречување на корупција ја прекинало постапката за тоа како синот на Талат Џафери, успеал да добие право да полага, и да положи правосуден испит, пред да ги заврши магистерските судии. Ивановска негира дека не сакале да постапуваат, туку едноставно ги исцрпиле инструментите и истрагата со тоа завршила.

Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме. И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука, рече Ивановска.

Ивановска рече дека истрагата на антикорупционерите, која ја започнале по анонимна пријава, била насочена кон откривање кој му дозволил на помладиот Џафери да полага правосуден испит за да аплицира на Академијата за судии и јавни обвинители.

Гледајќи ги документите кои што ни ги достави академијата воочивме дека во фебруари 2015 го положил правосудниот испит, а во јули истата година, значи пет месеци подоцна, се стекнал со 300 кредити, односно завршил магистерски студии. И тука почнавме да истрасжуваме. Се обративме до Министерството за правда, да ни ги достават документите од барањето на кандидатот што го доставил до правда. Да видиме што содржело тоа барање, кој го примил тоа барање и кој издал решение дека кандидатот ги исполнува условите. Дали министерот или од министерот овластено лице. Од правда веднаш не известија дека тие документи се чуваат само една година, тоа е така затоа што министерот одлучил така, рече Ивановска.

Тогашниот министер за правда, Аднан Јашари, претходно тврдеше дека во стариот закон имало дискреционо право, но таа пракса била прекината по носењето на законот во 2019 година. Но, Ивановска тврди дека ниту во стариот закон немало такво право.

Нема дискреционо право, на што ќе се заснова тоа дискреционо право, врз основа на што тој треба да одлучи дејка на некому ќе му даде право да полага? Тоа е злоупотреба веќе, ако имало такво дискреционо право, тврди претседателката на Антикорупциската комисија.

Дечки не учете и не полагајте правосуден испит, отпечатете си сами уверение

Дечки не учете и не полагајте правосуден испит – ги советува младите правници адвокатот и член на претседателство на партијата „Твоја” Александар Тортевски. Тој ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да ја водат постапката против синот на спикерот Талат Џафери кој прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал. Причината за спасот на синот на Џафери е што Министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.

Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година – ги совтува Тортевски своите помлади колеги

Целиот случај со Барлет Џафери почна кога антикорупционерите не можеа да проверат дали тој положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование бидејќи документите од Правда се исчезнати. Помладиот Џафери за завршени три години факултет се стекнал со степен на образование 7/1, уверение кое вообичаено се добива за завршено 4-годишно високо образование констатираа од Антикорупциска, а за пропустите не добиле одговор ниту од тетовскиот универзитет, ниту од Државниот просветен инспекторат. Барлет Џафери студиите ги завршил во јули 2015-та, а правосудниот испит 5 месеци претходно, што беше потврдено и од Правда, но документите велат од таму се чувале само една година.

Адвокат за синот на Талат и Министерството за правда: Македонија е најголема вукое*ина во светот

Адвокатот и член на претседателство на партијата ,,Твоја” Александар Тортевски ја коментира скандалозната изјавата на Антикорупциската комисија дека не може да го гонинсинит на спикерот Талат Џафери затоа што прво полагал правосуден испит а потоа дипломирал.

Причината за спасот на синот на Џафери е што министерството за правда што го води Никола Тупанчевски документите за положен правосуден испит ги чува премногу кратко.

Чудејќи се на оваа ситуација Тортевски им дава бесплатен совет на своите колеги млади празници.

,,Ова стварно е најголемата вукојебина на свет. Министерство за правда документацијата за положен правосуден испит ја чува само ЕДНА година.
ДЕЧКИ!!!!
НЕ УЧЕТЕ И НЕ’ ПОЛАГАЈТЕ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ. САМИ ОТПЕЧАТЕТЕ СИ УВЕРЕНИЕ.
Само водете сметка да ставите датум постар од една година”, порачува Тортевски.

Инаку на Антикорупциската комисија не и треба документацијата од правда затоа што може да ги спореди диоломите на синот на Џафери.

Синот на Талат Џафери положил ПРАВОСУДЕН ИСПИТ, ПРЕД ДА ДИПЛОМИРА, еве што утврдила Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната 75. седница одлучи дека не може да се отвори предмет за случајот со Барлет Џафери, бидејќи Министерството за правда не ја чува документацијата.

ДКСК утврди дека Барлет Џафери се здобил со право да полага правосуден испит, иако не бил дипломиран на Универзитетот, меѓутоа дека немаат услови за да го докажат тоа.

-Од документацијата со која располагаме можеме да заклучиме дека кандидатот студиите со кои се стекнал со триста кредити ги завршил по положувањето на правосудниот испит. Не ни се совпаѓа потребното време од стекнувањето на триста кредити до можноста да се полага правосуден испит, меѓутоа не можеме тоа да го потврдиме, бидејќи документите во Министерство за правда не се чуваат, затоа што се работи за предмет со постари датуми и не постојат мерки од наша страна што можеме да ги преземеме. Единствено што можеме да потврдиме е дека лицето Барлет Џафери ги исполнил условите за на Академија оти имал положено правосуден испит, но како се стекнал со правото за правосуден испит не, истакна Билјана Ивановска.