Tag Archives: предупредување

Метеоролозите ПРЕДУПРЕДУВААТ: Следува НОВА СУПЕРЌЕЛИСКА БУРА со голем град, а можни се и торнада!

Познатиот словенечки метеоролог Марко Корошец објави едно од најсериозните предупредувања за невремето што не очекува во следните денови – пишува Дневник.хр

Корошец, автор на серија написи на метеоролошкиот портал heavy-weather.eu, наведува дека последните две недели покажале извонредна временска шема во Централна Европа. Бројни временски непогоди придружени со силен ветер со торнада и град со големи димензии го опустошија алпскиот регион, северна Италија, Словенија, Хрватска, делови од Србија.

Силно време, вклучително и силен град, се очекува од понеделник до среда бидејќи уште еден силен и длабок фронтален бран се движи во прегреаната земја, информира Корошец.

Предупредувањето важи и за Централниот Балкан.

-Од понеделник до среда во Централна Европа со алпски предели, Италија, северниот и централниот дел на Балканскиот Полуостров се очекува неколкудневно тешко време. Се очекуваат силни грмотевици, вклучително и суперќелии со многу голем до голем град, торнада, поројни поплави и штетен ветер – предупредува Силното време.

Порталот особено апелира внимателно да се следат областите долж јадранскиот брег каде многумина се на одмор и кампување.

„Екстремно силните ветрови може да предизвикаат повреди и големи оштетувања на дрвјата во парковите слични на она што го видовме минатата недела“, вели Корошец и уште еднаш повторува дека има сериозна прогноза за Централна Европа и Балканскиот Полуостров со екстремни услови за град со огромна големина, разорни ветрови и торнада во понеделник и вторник.

Прилично брз пораст на температурите се предвидува за недела и понеделник, но тој топлотен бран ќе биде краткотраен, но температурите повторно ќе бидат далеку над 30 степени низ северна Италија и на Балканот. Просечните температури повторно ќе се движат околу 10-12 °C над нормалата, додека прогнозираните дневни температури ќе останат во екстремни вредности.

Следните два дена ќе донесат екстремно високи температури во јужна Италија и јужниот дел на Балканот. Максимални дневни температури од 40 до 46 °C се предвидуваат во Србија, Албанија, Македонија, Романија, Бугарија и Грција.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Топлотен бран со температури над 40 степени!!!

Под влијание на топол бран во земјата следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата.

Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Утринската температура во Скопје и во јужните делови нема да се спушта под 20 степени.

ПРЕД ТРИ ДЕНА ГО ПРЕДВИДЕЛ ЗЕМЈОТРЕСОТ: Објавил предупредување, но никој не го сфаќал за сериозно ! (ФОТО)

Иако според сите досегашни истражувања не може да се предвидат земјотреси, научник од Холандија на 3 февруари го најави она што точно се случи во Турција во понеделникот.

Холандски истражувач од институтот SSGEOS пред три дена најави можност за силен земјотрес токму во областа каде што се случи во понеделник наутро.

Иако е невозможно да се предвидат земјотреси, за жал, застрашувачките претпоставки на Френк Хугербитс беа речиси целосно точни.

Хугербитс на својот Твитер на 3 февруари напиша дека „порано или подоцна ќе има земјотрес со јачина од 7,5 степени во регионот на јужна и централна Турција, Јордан, Сирија и Либан“, што се случи во понеделник наутро.

Иако многу веројатно се работи за чиста случајност и шпекулации, значајно е што предвидувањата на Хугербитс, за жал, се остварија речиси целосно, откако катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Турција во понеделникот во 04:17 часот.

Хугербитс утринава на Твитер напиша дека сочувствува со сите погодени и додаде дека овие земјотреси се слични на оние што се случиле во 115 и 526 година, кога им претходела „критична планетарна геометрија“.

Трамп за Северен тек: Се смееја на моите предупредувања, ама веќе не се смеат

Саботажата што ги оштети гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 може да доведе до ескалација или дури и војна, предупреди поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој на својата социјална мрежа „Truth Social“ напиша дека додека сите зборуваат за големиот ураган што ја погоди Флорида, ситуацијата околу гасоводот може да има посериозни последици.

„Можеби многу поважен настан на долг рок е објавата дека гасоводите Северен тек 1 и 2 надвор од Русија се саботирани. Ова може да доведе до голема ескалација или војна“, рече Трамп.

Тој потсети дека за време на неговиот мандат како претседател на САД тој предупредил колку потпирањето на рускиот гасовод може да ѝ наштети на Германија и другите делови на Европа, пренесе ТАСС.

„Тогаш сите се смееја, но веќе не се смеат“, вели Трамп.

Шведскиот весник „Свенска дагбладет“ денеска објави дека е откриено четврто место на истекување гас на оштетените гасоводи Северен тек 1 и 2.

Запаливиот гас метан се шири во воздухот над протекувањата на цевките Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море, а ако некој не го санира дефектот може да дојде до „невидена катастрофа без преседан“, велат научници за Еуроњуз. Метанот има 30 пати поголема моќ да загадува и да ја затоплува климата од јаглерод диоксидот во едно столетие, а како тргнала работата, во воздухот можат да истечат и до 200.000 тони ако се исцрпи целиот останат гас во цевките.

УХМР издaдe ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ❗

Времето утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во петок времето ќе биде наутро студено, а преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во сабота времето ќе биде наутро студено, а преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе ддува слаб до умерен северен ветер.

УХМР за денеска издаде и актуелно предупредување:

Под влијание на продор на постудена воздушна маса до четврток ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец. Утре ќе има повремен локален дожд. Од четврток до сабота утринските температури ќе бидат многу ниски, кога на некои повисоки места ќе се спуштат и до 0 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД АХВ: Овие сладоледи го содржат штетниот етилен оксид, се продавале и во Македонија !

 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.

Од пазарот се повлекуваат и отповикуваат:

1.Сладолед KIT KAT стапче 20х90 мл

Сериски број/лот- PL1048

Рок на употреба: до 28.02.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Франција

2.Сладолед  Милка Ванила и Чоколадо Стапче 20х100 мл

Сериски број/лот:MI1118,MI1119

Рок на употреба: до 30.04.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Полска

3.Сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник 20х100 мл

Сериски број/лот:MI1117

Рок на употреба: до 30.04.2023

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради присуство на Етилен оксид  кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Потекло : Полска

Увозник во РМ:АЛМА М

-Горенаведените производи, во количина од 3 080 литри и 30 064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет. Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот, апелираме да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле, или нешетено да ги уништат, велат од Агенцијата.

Aлapмaнтнo пpeдyпpeдyвaњe нa нayчницитe зa климaтa: Нajлoшoтo дoпpвa дoaѓa

Недостиг на вода, неухранетост, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските промени за 30 години или дури и порано, се предупредува во извештајот на ООН.

Нацрт-извештајот, напишан од стотици научници од Меѓународниот панел за климатски промени, осцилира помеѓу апокалиптичниот тон и надежта што им се дава на луѓето да ја променат својата судбина со непосредни и драстични мерки.

Извештајот за проценка на 4.000 страници е многу поалармантен од претходниот од 2014 година. Иако неговите главни заклучоци нема да се променат, тој нема да биде официјално објавен дури до февруари 2022 година, откако ќе биде одобрен со консензус од 195 земји-членки.

Без оглед на стапката на намалување на емисиите на стакленички гасови, разорните ефекти на затоплувањето врз природата и човештвото ќе се забрзаат и ќе станат болно опипливи дури и пред 2050 година, предупредуваат научниците.

„Животот на Земјата може да се опорави од големите климатски промени со развивање во нови видови и создавање нови екосистеми“, се забележува во техничкото резиме на Извештајот.

„Најлошото допрва следува, со многу повеќе импликации по животот на нашите деца и на нашите внуци“, тврдат научниците.

Иако порастот на просечните температури достигна 1,1 ° C од средината на 19 век, ефектите се сериозни и ќе бидат посилни, дури и ако се намалат емисиите на СО2.

За некои животни и видови на растенија може да биде дури и доцна.

„Ненадејните загуби се зголемуваат во сите системи за производство на храна“, се вели во извештајот, посочувајќи ги климатските опасности како главен двигател.

Според предвидувањата, повеќе од 80 милиони луѓе би можеле да умрат од глад до 2050 година, 130 милиони би можеле да западнат во екстремна сиромаштија во рок од десет години, а стотици милиони жители на крајбрежните градови ќе бидат загрозени од почести поплави предизвикани од покачување на нивото на морето, што пак ќе доведе до значителни миграции.

Извештајот исто така ја нагласува опасноста од каскадни ефекти. Некои региони (Источен Бразил, Југоисточна Азија, Централна Кина) може да бидат погодени од три или четири истовремени временски непогоди или дури и повеќе: топлина, суша, циклони, пожари, поплави, болести пренесени од комарци.

Но и покрај алармантните заклучоци, во извештајот сепак постои доза на надеж. Човештвото сè уште може да ја насочи својата судбина кон подобра иднина.

„Потребна ни е радикална трансформација на процесите и однесувањето на сите нивоа: поединци, заедници, компании, институции и влади“, се тврди во извештајот.

„Треба да ги редефинираме нашиот начин на живот и потрошувачката“, сметаат научниците.