Tag Archives: пресметка

Четворица повредени во вооружена пресметка во Скопје

Две лица се приведени во средата, во врска со пресметка во скопската населба Чаир којашто било користено огнено и студено оружје и притоа се повредени четири лица, информира во четвртокот Министерството за внатрешни работи.

Вчера, како што стои во соопштението, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 38-годишниот С.Ф. и седум години помладиот С.Н., и двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на плац на булеварот „Македонско-косовска бригада“  учествувале во физичка пресметка меѓу две семејства соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле М.И.на 51 година и еден малолетник, додека со повреди од остар предмет се здобиле 22 -годишниот Ш.И. и 27-годишниот С.И.

Повредените биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Дилерско-криминална пресметка? – На Пендиков му ја скршија вилицата, а пред еден месец бил ФАТЕН СО КОКАИН

Синоќешното претепување на охриѓанецот Христијан Пендиков во кафеана во градот, во кое тројца напаѓачи му ја скршиле вилицата, наликува на дилерско-криминална пресметка, и покрај тврдењата на бугарските власти дека Пендиков бил претепан затоа што е секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“, пишува „СДК.мк“.

Повредениот Пендиков, според билтенот на охридската полиција, бил приведен на 17 декември минатиот месец во близина на селото Лескоец, кога добил и кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’. Од полицијата велат дека тогаш на Х.П. (22) од Охрид при преглед му бил пронајден кокаин.

Според СДК, и тепачите кои синоќа му ја скршиле вилицата на Х.П., ѝ се познати на полицијата во градот. За нив има досиеја дека се пријавувани за нарушување на јавниот ред и мир, и тоа во повеќе наврати.

Бугарското МНР најави протестна нота поради инвидентот со Пендиков, тврдејќи дека тој бил нападнат поради тоа што е секретар на бугарскиот клуб. Повредениот попладнево со авион на бугарската влада е пренесен во Бугарија на лекување. Тројцата напаѓачи се уапсени.

Според очевидци во охридската кафеана, синоќа околу 22.30 часот прво избувнала расправија меѓу тројцата напаѓачи и Пендиков, кој веќе бил во локалот кога дошле тие. Веднаш штом влегле во локалот, Х.П. почнал да ги пцуе и навредува, по што тие го извадиле надвор и во свој стил, познат и на полицијата, и на охриѓани, го натепале и му ја скршиле вилицата, велат очевидците, додавајќи дека не бил кажан ниту збор за политика, Македонија, Бугарија, а немало ни говор на омраза на овие теми.

Детали за крвавата пресметка во автобус на ЈСП, малолетник го ИЗБОДЕЛ другарот и себеси поради слободно место!

Расправија поради место за седење е причина за синоќешната физичка пресметка помеѓу двајца малолетници во автобус на ЈСП во Кисела Вода.

Како што информираат од МВР за МИА, синоќа околу 19:33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, бидејќи го нарушиле јавниот ред и мир во автобус број 51 со физичка пресметка во која бил употребен остар предмет.

– Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од село Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од село Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од село Студеничани, а се повредил и самиот. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесници во настанот. За случајот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од Министерството.

Од МВР додаваат дека двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски”.

Претходно од Градската болница за МИА информираа дека истата вечер во 20 часот биле примени две лица со повреди од остар предмет. Едно лице било препратено на скопските клиники, додека другото на домашно лекување.