Tag Archives: Преспав

Ајде, ајде дур сме млади – Јелена од Преспав со хитче (Видео)

„Ајде, ајде дур сме млади. Ноќва нека гори Балкан. Слушнете го најголемиот новогодишен хит и подгответе се за најлудата ноќ. 31.12 во 21 часот на МРТ1. Нек` гори Балкан“, порачаа од екипата на „Преспав“.

Новогодишната епизода е на МРТ со почеток во 21 часот.

Видео:

Стартуваше шестата сезона од популарната ТВ серија „Преспав“ (Видео)

Вчера вечер со почеток во 20:15 часот на МРТВ1 со емитување започна првата епизода од новата, шеста сезона од ТВ серијата Преспав, реализирана во копродукција на ОХО и МРТ.

Преспав бележи најголем успех во историјата на македонската ТВ продукција, со продуцирани 6 сезони, 140 епизоди, илјадници фанови и интернационална дистрибуција.

ВИДЕО: Чудата почнуваат, урнебесна најава за новата сезона на Преспав

На 20 декември ќе започне со емитување шестата сезона од серијата „Преспав“.

Епизодите ќе може да ги следите во 20:15 часот на МРТ 1.

-Луѓето мислат дека чудо е да левитираш или да одиш по површината на водата, но тие луѓе не гледаат Преспав, порачаа од „Преспав“.

Лудориите на ликовите од серијата како и тоа кој ќе игра „преспанска лигња“ откријте ги од идниот понеделник.

ПРЕСПАВЦИ со нов имиџ, како изгледаат во новата сезона (Фотогалерија)

Серијата Преспав за која се снима новата шеста сезона се пофалија на социјалните мрежи со нов имиџ.

Погледнете како се стокмија преспавци:

Pa kaaaaaj steeee be deckiii be!!!!! Ovaa godina sredena ko uvek, raspolozena ko uvek, sindikalka jos poise u dusa, so 100 rabotni mesta za ista plata – nisto novo za drzavava!So nadez za princot na konj ama i konjot ne samo princot poso od nesto mora da se zivee, so najbolji manikir i frizura, so najbolji autfit i sminka, so STAV be decki, so DRACEVSKI stav – ve cekam na MTV Ve Jelena od Dracevo – na Skopje! – напиша Јелена на Фејсбук.

Се снима шестата сезона: Ѕирнете зад камерите на „Преспав“ (ВИДЕО)

Неодамна започнаа снимањата на шестата сезона на „Преспав“ која ќе започне да се емитува во декември.

Екипата на една од најгледаните македонски серии, актерите Васил Зафирчев, Јелена Јованова, Игор Ангелов, Тијана Дапчевиќ, Горан Стојановски, Игор Џамбазов, Дритон Вејсели, Игор Стојчевски, Адриан Азири… се собраа на сет и започнаа со снимање.

Меѓутоа, овој пат актерот Васил Зафирчев кој ја игра улогата на готвачот Марио откри неколку тајни од снимањето на серијата.

Актерот во шестатта сезона ќе се појави со нов имиџ.