Tag Archives: Принц

Принцот Хари и Меган добија принова: Се роди Лилибет „Лили“ Дијана

Второто бебе за војводата и војвотката од Сасекс е официјално тука: Меган роди здраво девојче во петокот.

Портпаролот на принцот Хари и Меган изјави во неделата дека парот го поздравил своето дете Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатн-Виндзор. Нивната ќерка тежеше во 3 кг, 486г.

Нејзиното прво име, Лилибет, е во чест на нејзиното височество Кралицата. Нејзиното средно име е во чест на нејзината баба и мајката на Хари. Бебето е осмо по ред до британскиот трон.

Ниту една фотографија од новороденчето или од Сасекс не ја придружуваше објавата.

Раѓањето доаѓа по експлозивното ТВ-интервју на Хари и Меган со Опра Винфри во март. Парот опиша болни дискусии за бојата на кожата на нивното прво дете, губејќи ја кралската заштита и силните притисоци што ја натераа да размисли за самоубиство.

Бакингемската палата рече дека обвинувањата за расизам изнесени од парот се „загрижувачки“. Кралското семејство соопшти дека ова прашање ќе биде решено приватно.

ПРИНЦОТ ХАРИ КОНЕЧНО ПРИЗНА: Не сакам да сум дел од тоа семејство, погледнете што и направија на мајка ми Дијана

Принцот Хари во своето гостување на подкастот „ Armchair Expert “, водено од холивудскиот актер Дакса Шепард открил досега непознати детали од животот.

Имено, тој отворено говорел за неговото запознавање со Меган Маркл, и го споредил животот во кралското семејство со животот на Труман Бурбанк, кого камерите го следат неговите стапки уште од раѓањето.

“Кога Меган првпат дојде во Лондон, договоривме состанок во супермаркет во Лондон. Се преправавме дека не се познаваме, си испраќавме пораки едни на други. Луѓето ме гледаа, ми праќаа чудни погледи, доаѓаа кај мене да ме поздрават,„рече Хари.

“Имав капа на главата, гледав во подот и се обидував да бидам незабележителен. Неверојатно е колку гуми за џвакање има на подот, тотален хаос”, додава тој.

Тој призна дека никогаш не се чувствувал вклопен во кралското семејство.

“Тоа е работа, нели? Стави насмевка и оди понатаму. Имав околу 20 години кога помислив дека не ја сакам таа работа, дека не сакам да бидам тука. Не сакам да го правам тоа. Погледнете што и направија на мајка ми. “, признал Хари, при тоа додавајќи дека знае како изгледа зад сцената и дека не сакал да биде дел од тоа.

Меган го охрабрила Хари да побара помош од психотерапевт затоа што постојано бил лут поради мешањето на медиумите во неговиот живот.

“Кога започнав да одам на терапија, се чинеше дека балонот пукнал. Ја извадив главата од песок, добро ја протресов и сфатив дека сум во привилегирана позиција, да престанам да се жалам и да престанам да мислам дека сакам нешто поразлично”, рече тој.

Пред седум години, го започнал спортскиот настан Игри Инвиктус за да им помогне на другите и да си помогне себе си.

“Сфатив дека морам да ги променам работите затоа што не можам да се извлечам. Се прашував како да се направат работите поинакви, како да се направи мајка ми горда и да ја искористам платформата за да направам вистински промени”, вели Хари.

Тој рече за тако му Чарлс дека страдал поради воспитните методи на принцот Филип и кралицата Елизабета, а тоа потоа го засегнало и него. Чарлс се однесувал кон Хари како што се однесувале Филип и Елизабета кон него.

„Не треба да обвинуваме никого или да покажуваме прст кон никого, но кога станува збор за родителството, ако сум доживеал некаква форма на болка или страдал од болка што ја претрпеле татко ми или моите родители, ќе се погрижам да го прекинам тој циклус за да не го пренесам “, заклучува Хари.

На 99 години почина принцот Филип – сопругот на кралицата Елизабета Втора

Принцот Филип, војводата од Единбург и сопруг на британската кралица Елизабета Втора почина утрово во замокот Винздор.  Кралското семејство на својот Твитер профил објави за неговата смрт. Принцот Филип имаше 99 години.

Принцот Хари најде работа

Британскиот принц Хари ќе стане функцион3р на компанија за животен тренинг и ментално здравје „BetterUp Inc.“, извести во вторникот деловниот дневен весник The Wall Street Journal.

Се очекува дека војводата од Сасекс во новата улога ќе учествува во иницитив како што се одлуки за стратегијата за доделување на доброволните прилоз, и оти јавно ќе проговори за темите поврзани со менталното здравје, се наведува во написот.

Од копанијата „BetterUp“ засега не одговориле на барањето на агенцијата Reuters за коментар на информацијата.

Претходно во март во телевизиското интервју со американската телевизиска водителка Опра Винфри, вникот на британската кралица Елизабета Втора и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл ја фрли британската монархија во најголемата криза од 1997 година, односно од смртта на принцезата Дијана, мајката на Хари и негвоиот постар брат Вилијам

Триесет ишестгодишниот Хари и 39-годишната Маркл во јануари 2020 година ја изненадија јавноста и монархијата кога објавија дека се повлекуваат од должностите и привилегиите кои произлегуваат од статусот на членови на кралското семејство. Потегот го образложија со големото негативно внимание на британските медиуми и желбата за осамостојување преселувајќи се преку Атлантикот.

Во февраури Бакингемскиот дворец објави дека Хари и Меган дефинитвно излегуваат од кралските должности и со тоа го губат покровителството на британскиот трон.