Tag Archives: Приведување

Приведен ученик заради закана по живот кон професори, со друг извршен службен разговор бидејќи мавтал со пластичен пиштол на час

Полициски службеници од ЕВР Карпош при СВР Скопје вчера привеле 16 годишен малолетник – ученик, постапувајќи по пријава од директорот на училиштето поради објава на социјална мрежа на содржина со закани по живот кон професори.

Од МВР информираат дека е известен јавен обвинител и против лицето ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.

Исто така вчера, полициски службеници извршиле службен разговор со малолетник затоа што на час извадил пиштол играчка и го вперил кон соучениците и наставничката.

НА 05.05.2023 ОКОЛУ 12 ЧАСОТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ЧАИР, СКОПЈЕ, ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ПРИСУСТВО НА РОДИТЕЛИ, ПЕДАГОГ, ПСИХОЛОГ И ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО ИЗВРШИЛЕ СЛУЖБЕН РАЗГОВОР СО МАЛОЛЕТНИК-УЧЕНИК ВО УЧИЛИШТЕТО, ПОСТАПУВАЈЌИ ПО ПРЕТХОДНА ПРИЈАВА ОД ДИРЕКТОРКАТА НА УЧИЛИШТЕТО ДЕКА ИЗВАДИЛ ПЛАСТИЧЕН ПИШТОЛ (ИГРАЧКА) И ГО НАСОЧИЛ КОН ДРУГИ УЧЕНИЦИ, А ПОТОА И ГО ПРЕДАЛ НА НЕА. ИЗВЕСТЕН Е ДЕЖУРЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ, КАКО И ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ЗА НАТАМОШНО ПОСТАПУВАЊЕ.

Еве ЗОШТО Е ДЕНЕС ПРИВЕДЕН Драган Даравелски

Откако е објавена информацијата за приведувањето на Драган Даравелски, Фактор потсетува на досие кое сме го објавиле за некогашниот директор на Царината, кој жареше и палеше на македонската сцена пред многу години, во време кога државата премиер беше Љубчо Георгиевски.

На поранешниот функционер и бегалец од правдата Драган Даравелски, денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, му застареле делата и најверојатно брзо ќе биде ослободен од затвор, велат за Плусинфо доброупатени извори.

Еве што напиша Вечер.мк во далечната 2012 година, текст кој измамува многу читателски посети.

„Кумановецот Драган Даравелски е еден од ретките функционери во независна Македонија осуден со правосилна судска пресуда дека проневерил 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година.

Истрагите против него започнаа веднаш по промената на власта во 2002 година. Набргу потоа му беа поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања по разни основи, а меѓу нив најтешката е за неуплатување на приходите од царините во Буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на Царината, на други институции.

По ваквите обвинувања и по почнувањето истражна постапка против него, тој се одметна од државава. По неколку години се дозна дека неговото ново живеалиште е Белград, Србија.

По заедничка акција на македонската и српската полиција тој во во 2006 година беше уапсен, но додека чекаше во екстрадиционен притвор да биде донесен во земјава, која го бараше со потерница, успеа на мистериозно брз начин да се стекне со српски пасош и со тоа да си го продолжи животот на слободата.

Осуден во отсуство

Сепак, и во негово отсуство започна судскиот процес и финишираше пролетта 2007 година. Даравелски беше осуден на 7 години затвор и беше наредена конфискација на негов имот во вредност на штетата што ја направил на државата. Откако завршија сите жалбени процедури и отсранети сите правни пречки, во 2010 година државата започна да го запленува имотот што успеваше да го детектира.

Меѓу нив се и луксузниот стан во Скопје и дуќанот во Куманово, вредни околу 200.000 евра, за кои владата донесе одлука да ги продаде. Освен имот на негово име, беше запленет и имот зад кој формално стојат други лица, но државата успеа да ги доведе во корелација со Даравелски.

Најважниот од нив е црногорецот Миодраг Марковиќ, чија вила на Водно вредна 1,4 милиони евра исто така се планираше да биде дадена на продажба. Тој е осуден и одлежуваше затворска казна во Идризово за перење пари во висина од 8 милиони евра. За да си наплати дел од овие пари, државата во 2010 година ги конфискуваше сите акции од неговата фирма „Скотиха“, вредни 2 милиони евра.

Највредни акции од компаниите поврзани со Даравелски се конфискувани од скопска „Југоопрема“ – 690.000 евра и од кумановската фабрика за тули „КИК“- 653.000 евра. Уште три компании останале без неговиот удел, „Козјак“, „Трготекстил“ од Скопје и ЗИК „Скачковце“ од Куманово. Најзначајните запленети акции беа во две банки. Околу половина милион евра акции или речиси 7,5 отсто од вредноста на тогашните ИК банка и 2,5 проценти од акциите во СТАТЕР банка од Куманово, вредни 250.000 евра.

За Даравелски и Марковиќ во тек беше и постапката за имотот на „Бисерка Куманово“, фирма која поседува два хотела, три ресторана и фабрика за минерална вода. Полицијата во 2010 година им поднесе кривична пријава под сомнение дека на криминален начин ја приватизирале фирмата, а проневерата на Даравелски во случајот е проценета на 20 милиони евра.

И покрај конфискациите и кривичниот прогон, упатените тогаш ни изјавија дека Даравелски се уште е многу богат човек, а многу од неговите далавери не се откриени и веројатно никогаш нема ни да бидат.

Колку имот има во Србија каде што претстојува веќе цела деценија никој не знае, но затоа се уште се доведува во корелација со многу фирми во земјава.

Во 2011 година, под притисок на Европската унија, Македонија и Србија потпишаа спогодба за ектрадиција на осомничени за тешки кривични дела, а многумина во него препознаа создавање на терен за враќање на Даравелски во Македонија. Таквата можност ја најави уште тогаш српскиот амбасадор во земјава.

Тогаш сме напишале и дека доколку биде есктрадиран, за Даравелски веројатно ќе има ново судење, бидејќи во првото е осуден во отсуство.

Аудио снимка од приведувањето на Стефан, полицаецот безобразно го пцуе

Полицијата вчера приведе младо момче на протестот кој пред „Мавровка“ го организираше ВМРО-ДПМНЕ.

Момчето обвини дека бил пцуен и удиран од полицијата иако МВР на Спасовски тоа сака да го сокрие.

Фрапантна аудио снимка од приведувањето на Стефан, каде се слуша како полицаецот безобразно го пцуе на македонски и албански јазик.

Приведен Драги Рашковски – ова се деталите (Видео)

Полицијава утрово го приведе поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, потврдуваат извори за МКД.мк. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп”.

Приведувањето е по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое донело наредба за истрага во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не го користи ниедна институција.

Според неофицијални информации, се бара притвор за Рашковски.

Официјални информации се најавуваат во текот на денов.

Видео: