Tag Archives: Професор

„300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав“ (Видео)

Историчарот Бранислав Светозаревиќ вчера во Пустец одговарајќи на прашања на бугарските новинари им кажа дека во 21-от век тие не признаваат цел еден народ.

„300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав. Дали ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија. Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ“, ги праша Светозаревиќ бугарските новинари.

Им кажа дека Бугарија треба да го признае македонскиот народ и да сфати дека постојат три три милиони Македонци во светот. Во дипломатијата е јасен реципроцитетот, рече тој, односно се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија.

„Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови“, рече Светозаревиќ.

Проф. Светозаревиќ ИМ ОДРЖА ЛЕКЦИЈА ПО МАКЕДОНСКИ и ИСТОРИЈА на бугарски новинари во Албанија

Македонскиот историчар проф. д-р Бранислав Светозаревиќ вчера им одржа час по македонски јазик и македонска историја на бугарски новинари кои беа дојдени на откажаното отворање на бугарски клуб во Пустец во Албанија, каде што живеат само Македонци и нема Бугари.

Светозаревиќ со факти им одговараше на провокативните прашања на бугарските новинари зошто Македонците се против внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

– Во 21-от век Бугарите не признаваат цел народ. 300.000 Maкедонци не се во бугарскиот Устав. Далли ви е познато дека во пописот од 1956 година во Бугарија имало 180.000 Македонци во Пиринска Македонија.Дали во вашите учебници се учи некаде дека постои македонски народ, ги праша Светозаревиќ бугарските новинари, кои беа затекнати и немаа одговори.

Светозаревиќ рече дека Македонците и Бугарите се блиски народи и дека треба Бугарија да ја признае реалноста и тогаш двата народи може да бидат најголеми пријатели.

– Треба само да го признаете македонскиот народ и да сфатите дека постојат три милиони Македонци во светот. Во дипломатија е јасен реципроцитетот-се признава македонско малцинство во Бугарија и се признава бугарско малцинство во Македонија. Вие го злоупотребувате ветото. Вие зборувате македонски јазик со додадени руски зборови во вашата лексика, рече Светозаревиќ во долгиот разговор со претставници на медиумите од Бугарија.

Тој цело време говореше смирено и со факти им одговараше на нивните прашања.

Видеото може да го отворите ТУКА.

(Видео) Проф. СТОЈКОВ: Да ја кажеме вистината – Нема ниедно документирано злосторство од Македонија кон Бугари!

Да ја кажеме истината в очи за тоа кој кого репресира и кој кого го лаже во актуелните македонско – бугарски случувања, вели проф. д-р Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин, во врска со обвинувањата од Бугарија за злосторства кон Бугарите во Македонија.

– Нема ниедно документирано злосторство од Македонија кон Бугари за кои зборува бугарскиот министер министер Милков. Но, познати се злосторства што во фашистичкиот период од страна на Бугарија биле вршени и врз деца во Македонија. Се шират небулози за 200.000 злосторства кон Бугари. Во тие неверојатни лаги и небулози што ги шири Бугарија, секој Македонец што се борел за самостојна Македонија, и поради тоа бил репресиран во минатото, тие го претставуваат како Бугарин, рече Стојков.

Наспроти овие обвинувања од актуелната власт во Бугарија, историчарот Стојков, во краткото интервју за ТВ Сител, говори за вистинските злосторства и геноцидот што е вршен врз Македонците во Пиринска Македонија и Бугарија.

– Наспроти лагите од Бугарија за скратување на правата на Бугарите во Македонија, во Бугарија систематски се репресирани, праќани во логори, затворани, бркани од работа сите Македонци кои не сакале насилно да станат Бугари, вели Стојков.

Тој говори и за пресудите од Судот за човекови права што им се скратени во Бугарија, а кои Софија не ги спроведува.

Целото интервју со Стојков може да го отворите ТУКА.

Цуцуловски го праша Германецот: Дали би го менувал Уставот на Германија, бидејќи и таму има барем 3.000 Бугари?

Професорот и филозоф Љубомир Цуцуловски јавно го прашува германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер дали би го менувал Уставот на неговата земја за да ги вклучи и Бугарите во него, како што побара од Македонија среде Скопје да го отвори највисокиот законодавен акт.

„НЕ КАЖА. Франк-Валтер Штајнмајер, претседател на Сојузна Република Германија, порача дека Македонија ќе трабало повторно да го менува Уставот. Меѓутоа, не кажа што треба да се менува во него. Ако мислеше на Бугарите, тогаш редно е да каже дали би го менувал Уставот на Германија, бидејќи и таму има барем 3.000 Бугари“, коментира Цуцуловски на Фејсбук.

Четири месеци затвор за професорот што нападна ученик во струшко училиште

Пресуда од четири месеци затвор за професорот, кој во декември минатата година со метален боксирач нападна ученик во струшкото средно училиште „Ибрахим Темо“, донесе денеска Основниот суд во Струга.

Судот го прогласи за виновен за сторено кривично дело „насилство“, а во изречената казна, ќе му биде пресметан и периодот поминат во притвор, до правосилноста на пресудата.

Неговиот адвокат Сеад Мена најави жалба, со тврдење дека доказите не се објективно оценети.

На единственото судско рочиште, кое се одржа пред една недела, сега осудениот професор Ерол Спахо, кажа дека на случајот му претходел вербална расправија со негова колешка, мајка на повредениот ученик. Посочи дека бил нападнат од ученикот во тоалетот, со тупаница на челото. Боксирачот го извадил за да го исплаши, но тој завршил во главата на ученикот.

Одбраната на професорот тогаш побара укинување на мерката притворот со образложение дека не биле исполнети објективните елементи на кривичното дело насилство.

– Има контрадикторни докази, особено исказите на сведоците и на оштетениот и спротивно на Обвинителството, одбраната бара обвинетиот да биде ослободен од ова кривично дело. Кривично дело има, тоа е телесна повреда, но таа се гони со приватна тужба, не по службена должност. Затоа побаравме притворот да му биде укинат и сметам дека судот ќе донесе правилна одлука, изјави по рочиштето на 3 февруари адвокатот Сеад Мена.

Инцидентот се случи на 23 декември минатата година во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга. По нападот од професорот, ученикот бил примен на Хирушкото одделение со повреда на главата, каде по извршеното шиење е пуштен на домашно лекување. Педесет и седум годишниот професор беше приведен од полицијата, по што му беше одредена мерка притвор, а во меѓувреме по предлог на дисциплинската комисија во училиштето престана неговиот работен однос.

Дeтaли за профecopoт кој со мeтaлeн предмет пpeтeпa учeник

Професорот, што денеска напладне со метален предмет повреди ученик бил проблематичен подолг период, потврди директорката на средното училиште „Ибраим Темо“ Бесиме Јонузи.

Според неа, расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера, а дисциплинската комисија во училиштето вчера донела одлука за негово суспендирање.

– Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години наназад. Сите институции се известени, преземени се сите законски мерки. Инцидентот почна завчера, јас вчера наутро свикав состанок на дисциплинската комисија од каде излезе одлука за негово суспендирање. Денеска требаше да ја потпишам одлуката и да го известам професорот. Не знам дали тој дозна за одлуката па се случи инцидентот, со железен бокс го удрил во глава. Викнавме полиција го приведоа, а детето го однесовме во болница, изјави Јунози.

Професорот привремено е суспендиран, а како што нагласи директорката, институциите ќе одлучат за негово враќање на работното место.

Инцидентот се случил денеска околу 13 часот и 30 минути, кога професорот Е.С. (57) со метален предмет го удрил средношколецот по главата. Детето било примено на одделението за Хирургија, каде било сошиено, а професорот е приведен во полиција.

Пpoфecop до Цapoвcкa: Нeпoчитувaнa, бeвтe нajлoшиoт миниcтep во иcтoриjaтa

РЕКВИЕМ ЗА ЕДНА МИНИСТЕРКА

„Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните. Продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности, истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите“

Мила Царовска

Непочитувана министерке Царовска,

Навистина немав намера повеќе во животов да се занимавам со Вас. Што би се рекло- доста е. Од Вас!

Но слушајќи ја денес Вашата изјава, решив да Ви го напишам ова писание, не за да нешто Ви соопштам, бидејќи Вас ништо не Ве допира, туку за да подетално можат моите другари, колеги и цела јавност (за Вас плебс), да видат со каков африкански диктатор си имавме работа ние од образованието. Не знам на што се должеше Вашето деспотско однесување. Од една страна постојано зборувавте за Европа и европски вредности и секако за Вашите омилени МАРГИНАЛИЗИРАНИ КАТЕГОРИИ на родови булшит филозофии, а од друга страна посамобедисана и полоша сте од Роберт Мугабе. Тоа е веројатно поради фактот што никогаш не сте работеле во образование, а дојдовте како самопрогласен реформатор и ослободител од долгогодишните несоодветни политики во образованието. И така прекрасно поткована со знаења, стекнати во невладината ХЕРА, дојдовте да заповедате, да не почитувате никого. Чудно, ХЕРА склучи договор со БРО за незнам колку пари да не учат нас и нашите деца за тоа дека нема само маж и жена, туку има и друго. За тоа дека има пол, но има и род. За тоа дека секс може да имаат и маж со маж.

Прекрасно!

Сега така ослободени од стеги, гордо чекориме во иднината.

Но, непочитувана министерке за ова веќе знаат сите. Заради Вас и Вашите каприци изборите поминаа на штета на СДСМ. Добро, не само заради Вас, но секако Вие непочитувана министерке сте во Топ 5 најомразени личности од власта. Секако, да не заборавам и најлош министер за образование. И ова не е само моја оцена. Цело министерство плаче од Вас. Од портирот доле што мора да ви го чува лифтот и да ги брка сите од фоајето кога Вие доаѓате, па се до 14-ти кат. Сите сектори го сонуваат денот кога ќе си заминете. И Вие и Вашите умислени послушнички што си ги донесовте од Труд и социјала.

Но, да почнам нели околу средно уметничко. Нели тоа е училиштето во кое јас работам. Култното средно уметничко низ кое поминале многу, премногу големи луѓе. Што професори, што ученици. Едно и единствено, расадник на македонската ликовна култура. Вам, непочитувана министерке тоа ништо не Ви значи, бидејќи Вие не сте веројатно од овој свет. Вие да бевте присутна во реалноста и да не бевте самобендисана, ќе завртевте 5-6 телефона и ќе дознаевте кого носите за ВД директор во уметничко. Оти во Скопје со 5-6 телефона се се дознава. Барем така прават оние што сакаат да бидат информирани.

И така неимформирана, непочитувана министерке , си го донесовте за ВД директор во средно уметничко Филип Фидановски. Веројатно единствен критериум за Вас беше неговата ЛГБТ ориентација. Немаше потреба од уверение за директор, Тојфел тест по англиски…и сите оние критериуми наведени во член 91 од законот за средно образование. Од тој ден (11.11.2020) кога го назначивте за ВД Филип Фидановски, во средно уметничко се случи она што србите го викаат “Оде воз у кукуруз ”
Вашиот незаконски поставен пулен самиот со одлука си ја зголеми платата од 33.000 ден. на 43.000 ден. Ги прогласи и тоа со документ, колегите членови на училишниот одбор за криминалци, го попречуваше изборот на претставници на родители, изборот на членови на одборот, вршеше мобинг и го принуди секретарот да оди во предвремена пензија.

Вашиот пулен непочитувана министерке, во април 2020 година, кога во Македонија умираа по 50 луѓе дневно од Ковид, издаде наредба за 8 часовно работно време на професорите без оглед на тоа што немаат толку часови по распоред. Исто така, издаде наредба за настава со физичко присуство. Кога цела Македонија беше онлајн.

Вашиот пулен Филип Фидановски со Ваша помош ги промени нормативите. Ви пиша писмо во кое Ви соопшти дека на пола школо им ги менува нормативите и тие остануваат на улица. И Вие му потпишавте. Ги имам СИТЕ документи. Смени нормативи на пример на предметот Применета графика, каде што наместо Факултет за ликовни уметности-графика, стави Факултет за ликовни уметности-сликарство?!? Ги укина сите нормативи по предмети со норматив ФЛУ-педагошки оддел. На состанок ни изјави дека ќе донел светско име да предава Фотографија. Ќе го донел Милчо Манчевски. Да не ти се верува!!! Секако дека оваа вест Милчо ја демантираше.

Дали ова Вам непочитувана министерке Ви изгледа нормално? Му потпишавте согласност за нови нормативи затоа што Ви е убав? Или маргинализиран?

Дали знаете дека организираше приемен испит на Задушница? На празник, спротивно на законот. Дали знаете дека склучи договор за превоз на ученици без тендер? Дали знаете дека не поднесе завршна сметка пред одборот?

Дојдовте ли барем еднаш да поразговарате со нас? Кога велам НАС, мислам на сите професори што се спротиставивме на ова лудило. А тоа бевме 99% од професорите. Никој немаше позади Филип Фидановски. Сите беа против него и неговите лудории. И вие наместо да дојдете и да го решиме проблемот, Вие не нарековте “Бандата на Диме”

Епа бандата Ве примора да го отстраните од директор. Пишувавме, реагиравме, штрајкувавме пред МОН…цела јавност ни даде подршка.

Отиде Вашиот ВД во историјата. И никогаш повторно нема да биде директор.

А сега непочитувана министерке вториот дел од ова писание!

Делот каде што ќе Ве разобличам. Каде што ќе докажам дека позади Вашата наместена насмевка се крие само криминалец. Оти криминалец е нели човек кој не ги почитува законите. Особено е поразително кога министер не почитува право и закон. Бидејќи владата за тоа се залага. И Европа налага, нели? Правосудство, право, владеење на закони.

Но да одиме по ред.

Откако, несреќникот ВД директор Филип Фидановски на почетокот на август 2021 год. си поднесе оставка, нели требаше нормално да се назначи друг директор на училиштето. Но Вашиот најголем кошмар т.е јас повторно Ви се појави. Овој пат како избран кандидат на јавен оглас за директор. За Ваша несреќа, неможевте да инсталирате “Ваши” луѓе во УО (бидејќи такви во уметничко нема), па моравте да се соочите со проблем. Проблемот за Вас се викаше Димитар Филиповски. Избран кандидат на оглас за директор. Кандидат што ги исполнува сите услови согласно законот. Но Вие, непочитувана министерке моето решение го ставивте во “мирување” додека не завршеле изборите што не беа ни распишани. (Прилог 1) Браво! На сугестија знаете чива ја донесовте колешката Елена Дуковска за ВД директор и тоа на 06.08.2021. Без уверение за положен испит за директор. Спротивно на законот. Оти нели пишува таму…и за ВД треба Уверение.

За да нема некакви заблуди, колешката Елена Дуковска ја почитувам и она е далеку од ликот и делото на Филип Фидановски.

Проблемот сте Вие непочитувана министерке.

Зошто? Затоа што се мајмунисувате со законите на оваа држава. Затоа што ја испративте инспекторката Соња Зашовска од ДПИ, која констатираше со записник дека НИКОЈ во училиштето нема соодветни квалификации за директор. (Прилог 2) За ова ЛАЖНО составување на записник против инспекторката Зашовска е покрената и постапка. (Прилог 3 и 4).

Документи, министерке, документи. Corpus delicti.

Се жалев до второстепена комисија министерке. И Ве добив министерке. Ви го поништија решението и Ви наложија да постапите по огласот на кој што бев избран. И за ова имате документи во прилог непочитувана министерке. (Прилог 5)

Но, внимавајте сега колку сте склони на противзаконие…постапувате на 16.11.2021 според налогот добиен од второстепена и се повикувате на записникот на инспекторот Соња Зашовска која констатирала нели дека никој нема во училиштето Уверение за директор, ОСВЕН Елена Дуковска што била запишана да полага и имала уплатница???

Носите Решение за нов Вд мандат на Елена Дуковска врз основа на записник ??? (прилог 6)
Оној што барем малку разбира право, знае што ова значи. Нормално, моето решение го одбивате, согласно записникот на инспекторот Соња Зашовска. (Прилог 7)

Непочитувана министерке, јас имам Уверение за директор и тоа едно од 2012-та кога прв пат го полагав и едно од 2017-та кое е трајно.

И правдата ќе си ја истерам. И не само јас. И сите оние мои колеги од уметничко кои се бореа и се борат сеуште со штетата што ја направивте. И не само колеги. И родители. И ученици. И бивши и сегашни. Сите оние што застана гордо и со исправена глава против Вашиот терор.

Поздрав непочитувана министерке и да даде Господ никогаш повеќе да не дојде во ниедно министерство личност како Вас.

ПС- Незнам зошто ќе го менувате цел кров на училипштето за 150.000 евра кога нигде не тече.
Без почит,

Пишува Димитар Филиповски, академски вајар од Скопје- професор во ДСУЛУД,,Лазар Личеноски,,-Скопје.

ПЛАТА на KЛO3ETЧИЈA Е 26 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, исто толку зема ПРОФЕСОР ВО СРЕДНО

Професорот од Техничкиот факултет од Битола Дејан Трајковски, кој обично прави проекции за корона, сега со малку поинаква сфера на интерес. 

Тој се прашува како децата во земјава ќе се мотивираат да учат, ако платите на професорите во средните училшта, се пониски исти со оние на лицата со пониски кваилификации.

„Плата на клозетчија, без образование (празнење на подвижни клозети) изнесува 26.000 денари.

Секоја чесна работа е добра работа, ама како тогаш ќе мотивираат деца за студирање, ако професор во средно училиште, со завршен факултет, прима иста толкава плата?

Полесно им е ништо да не учат, за истата плата“, пишува на фејсбук професорот Трајковски.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1179244359270747&id=100015555820636

“Лично ќе ти се одмаздам”: Закани за професорот што ја напушти комисијата со Бугарија

Закани од владин претставник кон проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев кој вчера си даде оставка од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања што предизвика вистинска бура на домашната политичка сцена и во севкупната јавност.

За заканите пишува порталот пресингтв.мк.

На крајно сериозните обвинувања од страна на проф.Ѓорѓиев за мешање на висок функционер на МНР во работата на комисијата и напуштање на ставовите во Резолуцијата на Собранието за македонските црвени линии во преговорите со Бугарија од сдтрана на нејзините членови, следуваа, најблаго речено, безлични реакции од засегнатите институции, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи, најави и истрага за случувањата и целиот настан.

Во потрага по дополнителни информации, со цел да му помогне на министерот Османи во истрагата, Пресинг ТВ го контактирале професорот Ванчо Ѓорѓиев кој поради чувствителноста на политичкиот момент се воздржувал од коментирање на сите изјави но сепак за „Пресинг ТВ“ открил дека е згрозен и загрижен поради постапката на „високиот функционер“.

“Притоа откри дека вчера (22.10.2021), час и половина по неговото заминување од МНР, откако им соопштил на неговите колеги дека ја напушта работата на Комисијата, во 10,25 часот му се јавил „високиот функционер“ при што настојувал да го разубеди да го преиспита својот став и да се врати и да продолжи со работа во Комисијата, токму поради чувствителноста на политичкиот момент. Според професорот Ѓорѓиев, овој разговор траел точно 18 минути и 30 секунди.

Подоцна, откако професорот Ѓорѓиев го објави своето Соопштение до македонската јавност, во 12,51 повторно му заѕвонил „високиот функционер“. Овој пат разговорот траел само 43 секунди. Во овој краток период „високиот функционер“, меѓу другото, на професорот му рекол „Да знаеш, за ова лично ќе ти се одмаздам“, пренесува порталот.

Професорот Ѓорѓиев, смета дека „високиот функционер“ не настапува лично, туку дека е пренесувач на инструкции и пораки од повисоки инстанци.

Повеќе детали на овој ЛИНК

Иако е слеп веќе 20 години, професорот Драган е водоводџија, електричар, земјоделец, музичар и поет!

Драган Поповиќ од Ужице е вистински пример за тоа дека се е можно доколку имате волја и мотив. Имено, тој го изгубил својот вид пред неколку децении, но тоа не го спречува да е мајстор за се – од струја, до бела техника па се до пишување љубовни песни.

Пензионираниот професор по музичко денес сече дрва и изработува дрвени столици.

-Добри мајстори се оние кои ми велат дека откако ќе ја завршат работата ќе ми посветат време да ми го пренесат знаењето. Лоши се оние кои се лутат кога ги прашувам за совет. Тие мајстори мислат дека моите прашања се начин на проверка за нивниот занает, вели Драган.

На својот имот Драган коси трева, копа и ја оддржува земјата. Тој засадил пченка, грав и вели се што научил е благодарение на неговите предци.

Овој пензиониран професор по музичко објавил и пет книги поезија и проза, а за истите нашол инспирација во љубовта.

-Инспирацијата ја црпам од мојата ластовичка, мојата девојка, мојата љубов вечна – Славица. Иако сум слеп низ нејзините очи успевам се да видам, вели Драган.

Славица и Драган биле во врска кога биле млади но се разделиле во 1972 година. Тие ја обновиле својата љубов пред 20 години и оттогаш живеат заедно.