Tag Archives: производство

Од 2035-та се забранува производство на возила со дизел и бензин мотори

Преговарачите на Советот на Европската Унија и Европскиот парламент синоќа постигнаа договор за закон со кој се предвидува крај на продажбата на нови возила со мотор со внатрешно согорување од 2035 година. Тој закон практично ќе ја забрани продажбата на нови автомобили и комбиња на бензин или дизел во 27-члениот блок на ЕУ.

Забраната е дел од пакетот на ЕУ за климатски промени наречен „Fit for 55“, кој има за цел да ги намали емисиите штетни за климата за 55 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 1990 година, и да постигне климатска неутралност до 2050 година.

„Само што ги завршивме преговорите за нивоата на ЦO2 за автомобилите. Историска одлука на ЕУ за климата која дефинитивно ја потврдува целта, возила со 100 отсто нулта емисија во 2035 година со меѓуфази помеѓу 2025 и 2030 година“, напиша на Твитер францускиот европратеник Паскал Канфин, кој го предводи Комитетот за животна средина на Европскиот парламент.

Автомобилите во моментов сочинуваат 12 отсто од сите емисии на ЦO2 во блокот на ЕУ, додека вкупниот сообраќај изнесува околу една четвртина. Земјите-членки на ЕУ сега мора да ја усвојат регулативата во националното законодавство.

Татко и син дома си произведувале оружје – откриен цел арсенал

Во куќа во скопска Топаана двајца скопјани произведувале оружје.

Се работи за син и татко А.Ј.(46) и С.Ј.(73), кои се приведени поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

При претрес на дом и помошни простории кај А.Ј., каде што била лоцирана импровизирана работилница за изработка и поправка на оружје и муниција, биле пронајдени 6 ловни пушки, 3.215 парчиња муниција за огнено оружје, 67 механизми и делови од огнено оружје за пушки, 3 цевки за пушки, 74 делови од разновидно оружје, 9 затварачи за пушки, 22 кутии со разновидни механизми за пиштоли, една дигитална вага за мерење на барут, соопшти МВР.

При претрес и кај неговиот татко С.Ј., кој во моментот престојувал во викенд-куќа во село Раштак, биле пронајдени: една полуавтоматска пушка, една ловна пушка, еден сигнален звучен револвер, шест цевки за оружје, три дрвени кундаци, 1604 куршуми со долго зрно, 101 куршум ловна муниција калибар 12 мм, затворач за оружје, куршуми маневарска муниција, 499 куршуми ловна муниција кал.16мм, четири пакувања со иницијални каписли.

Против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава.

Русија ОДОБРИ: Србија мoжe дa ja ИЗВЕЗУВА вakцинaтa „Cпyтник Б“

Треба да добиеме одобрување за извоз од нашите руски партнери за да не извезуваме на исти пазари, вели српскиот министер Поповиќ.

Рускиот институт „Гамалеја“ ја одобри употребата на 550 000 вакцини „спутник В“, кои до 13 август се произведени на белградскиот институт „Торлак“, соопшти денеска српскиот министер без ресор Ненад Поповиќ.

Тој за РТС кажа дека овие вакцини се со ист квалитет, како и оние што се произведуваат во Русија и дека се планира производство на четири милиони дози до крајот на годината.

Поповиќ наведе дека одлуката за извоз на вакцини ќе ја донесат српската влада и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Треба да се договориме со нашите руски партнери во кои земји ќе извезуваме. Треба да добиеме одобрување од нив за извоз за да не извезуваме на исти пазари. Но, сигурен сум дека за Република Српска, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, за нашите соседи, овие вакцини сигурно ќе ги има во доволни количини“, изјави Поповиќ.

Македонскиот министер за здравство Венко Филипче, кој во април беше во официјална посета на Србија, најави дека српскиот институт „Торлак“ ќе биде стратешки партнер македонските власти за набавка на вакцини против ковид-19.

Вучиќ побара бecплатна вaкцинација за сите Македонци со вaкцина по избор!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска побарал од Владата на Србија да им обезбеди бесплатна вакцинација на граѓаните на Македонија, дознава „Блиц“.

Тие ќе можат да добијат една од четирите вакцини од производителите „Фајзер-Бајонтек“, „Синофарм“, „АстраЗенека“ и „Спутник В“.

Од денес, граѓаните на Босна и Херцеговина ќе можат да се вакцинираат каде било на територијата на Србија.

Како што рече Вучиќ вчера, има доволно вакцини за сите низ Србија.

Авион од Русија со компоненти за руската вакцина „Спутник V“ слета во Белград денес околу 19 часот, јави Српската радиотелевизија. Производството на руската вакцина „Спутник V“ против вирусот корона треба да започне во Србија утре.

Во првата фаза ќе бидат произведени четири милиони вакцини, рече министерот Ненад Поповиќ.