Tag Archives: променанапол

Владата го повлече законот за промена на полот

Владата одлучила да го повлече законот за промена на полот кој веќе е во Собрание, потврдува за ТВ21 првиот вицепремиер Артан Груби.

„Повлечен е поради тоа што еден наш граѓанин доби судски спор во Стразбург. Тој најверојатно треба да се доработи или измени за да биде во согласност со одлуките на судот“, рече Груби во Клик Плус на ТВ21.

Измените на законот за матична евиденција меѓу другото предвидуваше лице да може да го промени својот пол само со изјава на нотар и требаше утре да се најде пред пратениците на Комисијата за политички систем.

Владата предлага закон за декларативна промена на полот: Мажите ќе може да се изјаснат како жени и обратно!

Владата предлага закон со кој ќе се овоможи секој граѓанин декларативно да си го промени полот. Предлогот, кој наскоро ќе биде претставен пред пратениците во Собранието, е со „европско знаменце“, објави Алсат.

Во Законот за матична евиденција, Владата предлага да се додаде одредба со која се прецизира дефиницијата на родовиот идентитет:

„Родов идентитет“ претставува внатрешно и индивидуално доживување за род на секое лице, кое може или не кореспондира со полот кој што е одреден со раѓање, вклучително личното чувство за телото и други манифестации на родот, како што се: име, облека, говор и манири.”
Предложените одредби треба да ја олеснат постапката со тоа што таа се сведува на декларирање од страна на личноста и заверување на изјава на нотар.

“Копија од лична карта на барателот за правно признавање на родот, изјава од барателот за правно признавање на родот заверена од нотар во форма на нотарски акт дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање“, се вели во предложените измени на законот.

„Не ни ги чепкајте децата!“ -Oрбан сака во училиштата да забрани промовирање на промена на полот и хомосексуалност

Унгарската владејачка партија Фидес предложи закон за забрана на ширење на содржина, за која вели дека промовира промена на полот или сексуалноста во училиштата, што критичарите го сметаат за потег што потсетува на рускиот закон за „геј пропаганда“ од 2013 година. Со изборите на почетокот на 2022 година и промовирање на силнa христијанскo-конзервативна агенда, од минатата година се сврте посилно против ЛГБТ + заедницата.

Полската владејачка партија ПиС, главниот сојузник на Фидес во Европската унија, зазема сличен став со години.

Неодамнешниот амандман на пратениците на Фидес во предложениот закон за казнување на педофилијата вели дека на децата под 18 години не треба да им се покажува порнографска содржина или каква било содржина што промовира промена на полот или хомосексуалност. Ова исто така важи и за рекламирање, се наведува во законот.

Исто така се предлага да се направи список на организации кои ќе бидат единствените што ќе имаат право да одржуваат предавања за сексуално образование во училиштата.

– Новиот закон предложен од Фидес сериозно ќе ги ограничи слободата на говорот и правата на децата, рече Хетер, ЛГБТК група, во изјавата споредувајќи го предлогот со рускиот закон за геј пропаганда. Хетер и шест други здруженија го повикаа Фидес да го повлече законот од постапката, за кој ќе се гласа следната недела. Во Унгарија, бракот се дефинира како заедница на маж и жена, а само хетеросексуалните парови можат законски да посвојуваат деца.

Минатата година, Унгарија забрани регистрација на промена на полот во матичните канцеларии и го укина законското признавање на родовиот идентитет на трансродовите лица. Одлуката важеше и ретроактивно за лица кои веќе го смениле полот, што годинава беше прогласено за неуставно од Уставниот суд.

Тој вчера на обраќањето во однос на новиот закон порача „да не се чепкаат децата во училиштата“ од разните пропаганди кои доаѓаат за промена на полот и хомосексуалноста.