Tag Archives: Пророк

Народот го нарекувал Ангел, необично убав и духовно богат – Светиот пророк Малахија

Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често говореше со Ангелот лице в лице.

Се случуваше и другите да го чујат гласот на Ангелот, но не беа достојни да му го видат лицето. Она што му го јавуваше Ангелот, младиот пророк го пророкуваше. Викаше кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници.

Петстотини години пред Христа јасно ја прорече појавата на свети Јован Крстител. Но, главно, тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се претстави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.

Денеска е Свети пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил

Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. После опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи.

За животот на пророк Даниил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет. Тој го прорече времето на доаѓањето на спасителот Христос.

Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа неповредени иако беа фрлени во вжештена печка. Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печката и им даде големи почести.

Според едно предание, сите четворица доживејаа длабока старост и најпосле пострадаа во Вавилон заради верата во едниот Бог.

Светиот пророк Софониј, со чист ум воздигнат од Бога

Роден од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија.

Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3).

Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко јерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.

„Најкорумпираниот човек во државата не може да изигрува ПРОРОК“

Ако можам да го споредам, и ако премногу добра би била споредбата Артан Груби е едно зајдисонце кое што е во неуспешен обид ова заоѓање да му трае што подолго. И оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас, во насока да наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што го зема во прегратка пратениците на Левица за кои што тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени и во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ чиј што тој лидер е еден од првите најкорумпирани. Вака денес Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираше на ставовите на Артан Груби во последното интервју, во кое првиот вицепремиер тврди дека имаат повеќе од 80 пратеници за изгласување на уставните измени.

Стојаноска рече дека Артан Груби не може да се однесува како пророк, а ниту пак да говори за европски вредности.

-Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и со нашите коалициони партнери. Затоа што тука се уште се едни двајца пратеници кои што во 2018-та не попуштија би рекла и на човечки и нечовечки притисоци кои што тогаш ги имале. Така да ќе кажам дека граѓаните во Република Македонија во моментов на ваква криза најсензитивни се на зборот корупција. И лик како Артан Груби најкорумпиран во државата не може да се однесува ниту како пророк, а ниту да зборува за европски вредности, нагласи пратеничката.

Инаку, првиот вицепремиер претходно изјави дека е сигурен оти уставните измени ќе се изгласаат и дека дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе попуштат.

Апасиев за распаѓањето на ДУИ: Да сум бил од Битола, ќе ме викале “Пророко” 🤭

Да сум бил од Битола, ќе ме викале “Пророко” 🤭 #ДУИ – напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев и објави видео во врска со неговите наводи за распаѓањето на ДУИ по политичката пензија на Али Ахмети.

Па погледнете дали е „Пророко“ 🙂

Светиот пророк Јона

Живеел повеќе од 800 години пред Христа. Во неговото житие се вели дека тој бил синот на онаа вдовица во Сарепта Сидонска на која пророкот Илија ѝ го воскресна синот од мртвите.

Со своето тридневно пребивање во утробата на китот, свети Јона е предобраз на тридневното пребивање на Христос во гробот, а со неговото спасение – го изобрази Воскресението на Господа од мртвите.

Другото запишано за овој прекрасен пророк треба да се прочита во Книгата на пророкот Јона, во Стариот Завет.

Денеска се празнува Светиот пророк Мојсеј Боговидец

Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет, околу 1550 година пред Христа.

Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот, четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот, а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4Мој. 20,12).

Се упокои во сто и дваесеттата година од својот живот. Како чудотворец, според зборовите на свети Василиј Велики, Мојсеј беше предобраз на Христа.

Се јави на гората Тавор при Преображението на Господ. А според сведоштвото на Свети Јован Лествичник, им се јавувал на монасите во Синајскиот манастир.

Ќе има кpв и Европа никогаш нема да биде иста како порано: Наследничката на Баба Ванѓа со кaтacтрофални прeдупрeдувања за годините што следат

Кети Иванова, која по смртта на баба Ванѓа била прогласена за нејзина наследничка, е позната и по многу визии што се остварија.
Кети уште во 1993. година тврдела дека „Босна ќе биде поделена на два дела и дека ситуацијата во Хрватска ќе се влоши после тоа“. И така беше.
Европа во превирања
Самата Европа ќе има проблеми што нема да може да ги реши самостојно. Тероризмот или некоја болест ќе полета толку многу што нема да биде безбедно да се патува насекаде.
Во Европа ќе дојде до војна, но само кога некои групи во неа ќе ја започнат. Пред тоа ќе има мирна окупација на скоро сите европски земји. Луѓето од исток ќе доаѓаат кон европските градови. Најлошо ќе биде во Париз и Берлин. Тогаш новодојдените, кога ќе ги има милиони, ќе се кренат во бунт. Ќе има крв и Европа никогаш нема да биде иста како порано.
Турците ќе се обидат да ја нападнат Виена со помош на нивните сојузници, но ќе претрпат пораз. Тие нема да обрнат внимание на предупредувањата на меѓународната заедница, бидејќи некогаш успеале насилно да ја наметнат својата моќ (Кипар). Делови од Грција, а особено Бугарија, ќе бидат загрозени. Продорот на Турција во Европа ќе го запре мудар политичар кој ќе го слушаат сите страни.

Во низата катаклизми што ќе ја снајдат Европа, Венеција ќе потоне!
Ќе има многу природни катастрофи, три пати повеќе земјотреси од порано, дури и авиони ќе се срушат почесто отколку сега. Тоа е само дел од она што следува …

Добро за Балканот
Проширувањето на исламот е очигледно низ целиот свет. Западот не сторил ништо за да се заштити, па затоа ќе плати висока цена. Корумпираните компании и нивните сопственици ќе ги предадат интересите на нивните земји.

Пред почетокот на новиот век, Кина ќе стане голема светска сила од која сите ќе се плашат.
Тој страв ќе биде неоправдан затоа што Кина ќе се грижи за своите работи и нема да води освојувачки војни. Азискиот тигар нема да „проголта“ други, туку ќе развие моќна технолошка база, ќе собере голем капитал и ќе започне да се развива. Тоа ќе биде добро и за Балканот.
Светот треба да биде загрижен за војната што се подготвува. Водачите се познати и на Обединетите нации. Војната ќе опфати еден дел од Европа, но не и Балканот, Азија и Јужна Америка.
Германија своите светли моменти ќе ги проживее до 2005 година. После тоа, ќе и тргне наопаку, а потоа војната ќе и тропне на вратата. Нема да биде повторно поделена, но ќе ја загуби војната…

Приказната за Светиот пророк Јеремија, кој Александар наредил да се погреба во Александрија

Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце на огорчените големци.

На царот Јоаким му прорече дека неговиот погреб ќе биде како погреб на магаре, т.е. мртов ќе биде исфрлен надвор од Јерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогребано.

Заради ова Јеремија беше фрлен во затвор. Бидејќи во затворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто застана покрај неговото затворско прозорче, а пророкот почна да му диктира. Кога му го прочитаа ова пророштво на царот, тој гневен ја фрли хартијата во оган. Промислата Божја го спаси Јеремија од затворот, а врз Јоаким се исполни зборот на Пророкот.

На царот Јехонија пак, му прорече дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе умре таму, што наскоро и се случи. Под царот Седекија, Јеремија си стави јарем на вратот и така одеше по градот Јерусалим, пророкувајќи го со тоа падот на Јерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците. На еврејските заробеници во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во Јерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години – така и беше.

Во долината Тотеф, под Јерусалим, каде што Евреите им принесуваа на идолите деца како жртви, Јеремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство. Наскоро Вавилонците го зазедоа Јерусалим, го убија царот Седекија, го разорија и го ограбија градот, а огромен број Евреи беа заклани во долината Тотеф, на местото каде што пророкот го искрши оној лонец. Јеремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот Нават – каде што умре Мојсеј – и овде го скри во една пештера. Огнот од храмот пак, го скри во еден длабок бунар.

Некои Евреи го принудија да оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од своите сонародници убиен со камења.

На Египќаните им прорече дека идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во Египет. Постои предание дека самиот цар Александар Велики го посетил гробот на Пророкот Јеремија. На наредба од Александар, телото на Јеремија е пренесено и со почести погребано во Александрија.

Египќаните речиси го обожаваа пророкот Јеремија. Затоа и го погребаа како крал. Го сметаа за чудотворец и после смртта. Правот од неговиот гроб го земаа како лек против каснувања од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат пророкот Јеремија против змии.

Неговата слика стои нацртана на таванот од Систинската капела од познатиот Микеланџело.