Tag Archives: протерување

Русија го протера и последниот македонски дипломат во Москва

Министерството за надворешни работи на Русија (МСП) денеска прогласи дипломат од Македонија за персона нон-грата, објави министерството.

Со тоа Македонија остана без ниту еден свој дипломат во членката на Советот за безбедност.

Во соопштението се наведува дека на вршителот на работи на Амбасадата на Македонија во Русија и била доставена белешка за нејзино протерување по што таа ќе мора да замине од Русија.

„Оваа репрезентативна мерка одговара на однесувањето на Македонија која во август прогласи за persona non grata членови на амбасадата на Русија го Скопје без никаква основа“, информираат од Москва.

Македонските медиуми предходно објавија дека Русија ќе одговори на протерувањето на руски дипломат Скопје во август.

Според информациите од Москва денеска амбасадорката на Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска-Димовска, била поканета во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што и била врачена белешка со која таа како член на амбасадата на Македонија се прогласува за „персона нон грата“.

Тоа е втор дипломат од Македонија што е протеран оваа година во знак на реципроцитет за протерување на руски дипломати од Скопје.

Пред протерувањето на првиот дипломат, министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, изрази верување дека тоа нема да се случи, бидејќи неговата земја тогаш имаше само двајца дипломати во амбасадата во Москва.

Македонија го протера првиот руски дипломат и во 2018 година, но потоа, во знак на солидарност со Велика Британија, НАТО и ЕУ, за случајот труење на поранешниот шпион Сергеј Шкрипаљ.

Чаушевска-Димовска персона нон грата – Русија ја протера!

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва како противмерка за персона нон грата, објави руското Министерство за надворешни работи – пренесе Спутник.

„Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена белешка со која се прогласува за персона нон грата во Москва“, се вели во соопштението на Министерството.


Оваа мерка е одговор на немотивираната одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.

На крајот на мај, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија протера руски дипломат. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки – пишува СПУТНИК.

Наместо Руси, требаше да ја протерате цела бугарска амбасада од Македонија, сосе кучињата, мачките и папагалите што ги чуваат

По нечија наредба од странство, бубашвабиве на власт им избркаа дипломат, а Русите нам лично ни честитаат за Кирил и Методиј, оти ги сметаат Македонци.
Наместо Руси, требаше да ја протерате цела бугарска амбасада од Македонија, сосе кучињата, мачките и папагалите што ги чуваат.
Слуги поданички, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

Македонија протера руски дипломат

Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија, информира МНР.

– Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена – велат од МНР.