Tag Archives: провокации

Шокантен текст на албанските медиуми: Извесен Шеху нѐ нарече славомакедонски хиени, Македонија била албанска

Извесен Еуген Шеху, ги нарече Македонците славомакедонски хиени, а посетата на Курти била посета на “албанска Македонија”. Поединци како споменатиот Шеху често ги разгоруваат ситуациите како неодамнешната случка во Тетово, додавајќи бензин на огнот, но зачудува потребата на извесни медиуми неговите ставови да ги пренесат и тоа афирмативно.

Конкретно, ставот на Шеху дека Македонија е албанска ја пренесува медиумот Ина Онлајн.

Во продолжение преводот на објавата на Шеху:

Посетата на премиерот на Република Косово, г-дин Албин Курти, на албанска Македонија, очигледно во овие години ја раздвижи заспаната албанофобија од македонска страна со сервилна политичка класа од албански јазик која им даваше утеха на славо-македонските власти во замена за некои индивидуални привилегии на некои политички функционери кои зборуваат албански,а кои никогаш во овие 22 години не ги допреа главните теми болни за Албанците но витални за иднината.

Посетата на господинот Албин Курти уште еднаш покажа дека антиалбанскиот сојуз на словенската православна линија Белград-Скопје е функционален, но не отворен, донекаде камуфлиран под капата на наводниот „европеизам“. За оваа нивна погодност, несомнено има свои „заслуги“ и премиерот на „ренесансата“ кој или наивно, или од глупост или мегаломанија им остави простор за нивното агресивно, понижувачко однесување и во Косово и во минатото на другите Албанци. .

Реакцијата во хор на криминалците од Белград и од Скопје, опишувајќи ја како злонамерна посета, го докажува стравот од пролизгување на досегашната сервилна политика на албански јазик.
Новите албански партии во опозиција ќе треба на вашите Албанци да им ја покажат досега скриената реалност.

  • Дали е решено прашањето за дискриминаторските „20%“ (во Уставот на Република Македонија, се однесува на употребата на јазикот и останати погодности)?
    -Дали Албанците се државотворни во Уставот?, не, дали се во Уставот, тоа прави разлика!
  • Дали застапеноста на вработените во институциите е сразмерна со бројот на албанското население?
  • Дали е фер распределбата на буџетот на општините и развојот на индустријата и инвестициите?
  • Дали децентрализацијата е решена? кога се знае дека Македонија е најцентрализираната Република во регионот!
  • Дали албанскиот јазик се користи во сите државни институции на централно и локално ниво?
  • Дали се решени судските предмети и предметите монтирани против Албанци?
    -Дали се решени случаите со загадочни убиства и оние на Харун Али и случајот на Куманово итн итн.

Конечно, премиерот на Република Косово г-дин Албин Курти ги посети своите албански територии и би бил пречекан не само од тамошните опозициски партии туку и во секоја дарежлива и патриотска куќа на Албанците насекаде, да отиде во Гостивар , Дебар и Струга кои се албански територии, а Ковачевски, Вучиќ и Пендаровски немаат право и можност да одат против волјата на албанскиот народ, пишува Шеху.

Ваквиот испад не му е прв на Шеху, пронајдовме и други текстови и ставови во кои тој ги навредува и Македонците и Србите, а територии од двете земји ги нарекува албански територии.

Истиот Шеху пишува и дека источна Албанија или албанска Македонија ја ослободил баталјонот „Луботени“…

БУГАРСКА ПЕЈАЧКА ДО ПРОВОКАТОРИТЕ – Две години живеам во Скопје, не сум чула лош или навредлив збор затоа што сум Бугарка !

Фејсбук статус на Марија Донова во врска со случувањата и провокациите од бугарските навивачи:

 Не можам а да не се вклучам и да не коментирам што пренесуваат на бугарските и македонските медиуми! Не можам да молчам овој пат затоа што темата веќе влијае на мене лично!

Со целата моја почит кон сите оние фудбалски навивачи, клубови и навивачи! Речиси две години живеам во Скопје! Повеќето мои пријатели и роднини знаат што работам и што работам во Македонија. За овие две години, како Бугарка никогаш не се чувствував лошо третирана од луѓето кон мене… Никогаш не сум слушнала лош или навредлив збор против мене, затоа што сум Бугарка! Од други Бугари што доаѓаат во Македонија никогаш не сум слушнала дека биле лошо пречекани од Македонците, или на граница или во некој естаблишмент. По настаните на претепаниот Бугарин во Охрид (кој испадна Македонец со бугарско државјанство), свиркањето на бугарската репрезентација на скопскиот стадион пред извесно време и гледањето на денешниот настан со Левскарите, се прашувам само едно…. Кој ве плаќа да ги правите сите овие провокации и циркуси и да создавате слична тензија меѓу братски Што добивате од целата оваа вештачки создадена омраза едни кон други…. Ако Македонците навистина тепаа Бугари по улиците во Охрид и кршеа коли со бугарска регистрација по скопските улици, тогаш две години ќе ме тепаа и малтретираа психички Само едно последно нешто ќе кажам од секојдневната комуникација со Македонците низ цела Македонија а тоа е дека не ги мразат Бугарите како народ, тие ги мразат бугарските политики, како што ние самите ги мразиме Уште еднаш, убедена сум дека денес, на овие фудбалски навивачи се платени од друга политичка партија да поттикнуваат уште една тензија меѓу нашите народи, чисто медиумски, затоа што во реалност оваа тензија не постои, И секако, кога ќе бараш беља и боја, ќе ја најдеш! Ниту еден нормален човек не би отишол во туѓа земја и да го провоцира ова и да очекува да излезе од борба Можеби, да правев постојани провокации, ќе ме стават и на вести! Не можам да изберам од кое повеќе да се срамам.. дали од моите „образовани“ и „културни“ сонародници или од нашата историја… Знам само едно – сакам да живееме во мир, разбирање и меѓусебна почит! 

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10227608103603093&id=1080936454&post_id=1080936454_10227608103603093&eav=AfY07tEV1OoGZuSZs2DvBy5msgcRXQpMEwoDjc4C3-U47rdSSsEWC8lp05ZkKqWQp-k&viewer=100044618915374&m_entstream_source=timeline&paipv=0

(Видео) Жена претепала девојка на плажа, носела провокативно бикини

Млада девојка во Русија завршила со потрес на мозокот и скршеница, откако била жестоко нападната од друга жена додека била на капење на брегот на реката Волга.

Според руските медиуми, причина за нападот е тоа што повозрасната жена го сметала за провокативен костимот за капење што го носела младата жена.

Како што се гледа на видеото, жената која исто така била облечена во костим за капење, ја удира девојката, а потоа почнува да ја кубе, ја турка на земјата и продолжува да ја удира.

„На плажата Јарослав (Рашка), агресивната тетка со трчање ѝ удира по глава девојката за премногу откриен костим за капење и поради тоа што одбила да го покрие задникот со крпа. Жртвата заврши со гипс и потрес на мозокот“, напиша корисник на Твитер.

Погледнете го видеото:

Пендиков: Во Македонија се учи лажна историја дека Бугарите биле фашисти! (ВИДЕО)

Покрај овој говор на омраза, охриѓанецот Христијан Пендиков во интервју за бугарската  БТВ рече дека сонува да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин и дека е нормално да  се тепаат, пцујат и стрелаат оние кои се изјаснуваат за Бугари. МНР???

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид кој се родил како Македонец но подоцна осознава дека е македонски Бугарин, вели дека еден месец по нападот се уште е цел на закани. Пендиков е сигурен дека може да нападнат и во Бугарија.

– Бев во друштво со пријателки. Дојдоа двајца тројца луѓе и започнаа да ме напаѓаат затоа што сум Бугарин. Затоа што сум се нарекувал Бугаин и дека сум предавник. Потоа излегов надвор да му се јавам на Томе да му кажам што се случило. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во друштвото. Си ја зедов јакната и тргнав кон паркингот и кон колата. Таму се случи нападот . Ме тепаа десет минути тројца напаѓачи, откри Пендиков.

Тој додаде дека во Македонија било нормално да се тепаат, пцујат и стрелаат затоа што си Бугарин, а полицијата ништо не преземала.

– За да си македонски Бугарин, треба да се осознаеш. Во Македонија учиме изменета и фалсификувана историја во која Бугарите се фашисти. Откако ја прочитав светската историја и прочитав повеќе за ВМРО јас осознав дека сум Бугарин. Ние учевме таква историја дека само Србите ни се браќа и сите други сакале да и се случи нешто лошо на Македонија, истакна тој.

Неколку дена Пендиков има 24-часовно полициско обезбедување затоа што добивал слики со закани со оружје кои сакале да го пронајдат во Бугарија.

– Мајка ми ја заплашуваат постојано. И пишуваат дека ќе ја убијат дека сме предавници и дека треба да се иселиме од Македонија. Мечтеам еден ден да може да се вратиме во Македонија и спокојно да кажам дека сум Бугарин и никој да не ми направи ништо, не само на мене туку и на сите кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари – потенцира Пендиков за БТВ.

ВИДЕО ТУКА

Скандалозно однесување на Бугарите: Ги пцујат македонските полицајци на Деве Баир (ВИДЕО)

Бугарски возачи се расправаат и ги пцујат македонските полицајци и цариници на граничниот премин Деве Баир.

Бугарите не дозволуваат да им биде извршена контрола на возилата. Бугарите со недолични зборови се караат со македонските полицајци на Деве Баир.

Петров: Ова сценарио ќе го гледаме 365 дена на сите гробишта и сите споменици во државата

Тодор Петров, претседателот на Светскиот Македонски конгрес со делегација пристигна на чествувањето на Гоце Делчев, пред црквата Св. Спас и изрази стравување дека доколку не се внесат етничките Бугари во Уставот, провокациите од Бугарија ќе продожат и понатаму, пренесува Слободен печат.

-Ова сценарио ќе го гледаме 365 дена во годината, на сите гробишта и сите споменици во државата визави ордите коишто ќе доаѓаат од Бугарија од инсталации кои сакаат да предизвикаат дестабилизација на Македонија. Ако оваа држава има власт требаше да ги спречат провокаторите да влезат уште на границата. 25 години одиме на чествување на гробот на Јане Сандански во Роженскиот манастир и секогаш наоѓале начин автобусите на организираните Македонци кои сакаат да го чествуваат Јане Сандански да бидат спречени да влезат во Бугарија, истото се случува и со Грција. Имам забрана за влез со образложение опасност по националната безбедност на државата Грција. Такви мерки можеше и оваа влада да примени,  нагласи Петров.

Претседателот на СМК реагираше што тие што предизвикуваат тензии и што му се заканија со атентат на претседателот Пендаровски ќе бидат спроведени со полициска придружба до гробот на Гоце Делчев.

Кој ќе го НЕГИРА И НАВРЕДИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД СРЕДЕ СКОПЈЕ, тоа ќе му биде ПОСЛЕДНО ДОАЃАЊЕ – рече Османи во Софија

Провокација од политичари кои доаѓаат во Македонија и сред Скопје го негираат македонскиот народ, или го навредуваат македонскиот народ, тоа мора да го прекинеме, кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи по посетата во софиската болница денеска на повредениот Х.П., кому во четвртокот му беше скршена вилицата во тепачка, во Охрид.

„Такво едно доаѓање на лица што го навредуваат и негираат македонскиот народ или припадниците на друга заедница, ќе биде негово последно доаѓање. Како што, и ние нема да дозволиме никој да ја вреѓа бугарската заедница и најмалку пак да покаже насилство. Овие провокации мора да прекинат – денеска!“, кажа Османи, кој беше заедно со колегата Николај Милков.

Османи уште еднаш силно го осуди нападот, како што рече, на нашиот сограѓанин, на нашиот сограѓанин. Според Османи, таквиот чин на насилство не ги одразува вредностите на граѓаните Македонија, на нашето мултиетничко општество. Пред бројните бугарски новинари неколку пати кажа дека нашата држава ќе се погрижи да има нулта толеранција за насилство за кој било проблем, а особено за меѓуетничкиот соживот кој е нешто свето, што го градиме, рече, 30 години.

„Мора ние да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни и да ја наметнеме нашата агенда која еве двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме. Значи бугарската заедница е, и ќе биде почитувана заедница во Македонија, ќе ги имаат сите права и привилегии како и секој друг граѓанин од заедниците и секој Македонец, Бугарин, Албанец, Србин…ќе живеат слободно“, кажа Османи.

„Но исто така, сакам да упатам и порака дека провокациите кон другите заедници (прво ние нема да дозволиме негирање на  бугарската заедница во Македонија, како што нема да дозволиме негирање и на македонскиот народ.  Затоа сакам да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во Република Северна Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во Македонија. Значи двете прашања подеднакво мора да ги третираме“, беше дециден Османи.

Минатата недела, на 14 јануари, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на одбележување на 95 години од смртта на Мара Бунева на Кеј во Скопје, ја нарече актуелната власт србоманска.

„Тука сме собрани да им кажеме јасно на владејачките србомански политичари дека нема да ги оставиме да ја продолжуваат политиката на геноцид кон Бугарите наложена од Коминтерната и спроведена од Македонија од 7 јануари 1945 година“, кажа Џамбаски од бугарската партија ВМРО-БНД на мегафон, пред стотина Бугари.

Додаде дека нема да дозволи „продолжување денационализација на Бугарите во Македонија“.

Костадинов: Едно да биде јасно – Македонија е БУГАРСКА

Лидерот на бугарската парламентарна партија Преродба од собраниската говорница го дефинираше отворањето на македонскиот клуб во Благоевград како обид за провокација.

Во неделата бевме сведоци на обид за провокација – за постоењето на едно непостоечко малцинство во Бугарија, организирано директно или индиректно од нашата соседна земја. Оваа провокација беше спречена од потомците на Никола Вапцаров, изјави Костадинов, пренесува БНТ.

Според него, ова нема да биде единствената ваква провокација:

Пред четири месеци, кога го укинавме ветото предупредивме дека се отвора Пандорината кутија. Во Скопје е потпишан договорсо ЕК – договорот за заедничко обезбедување со „Фронтекс“ е потпишан на таканаречениот македонски јазик кој може да стане официјален во ЕУ. Логиката на ветото е да се решат сите прашања пред почетокот на преговарачкиот процес. Сето тоа ја потврди загриженоста на Преродба, додаде тој.

Ќе настрадаат сите бугарски организации во Македонија, дециден е претседателот на партијата Костадин Костадинов.

Македонија тврди дека носат провокативни имиња. 100 пати повторена лага станува вистина. Книгата за Никола Вапцаров ќе ја претставиме во парламентот каде тој се дефинира како Бугарин. Ќе зборуваме за бугарската историја – во Брисел и Стразбур, за да биде јасно едно: Македонија е бугарска, заклучи тој

Костов го ,,утепа” Џамбаски и неговата дива орда: Бараа да се пролее македонска крв…племенска, турско-татарска, химлер-гебеловска свест и култура…

Сотир Костов во неговата нова колумна за Инфомакс.мк пишува:

Бугарчиња! – Ситни и кварни души
/Бугарска национал-фашистичка шизофренија – Џамбаз-неолит свест и култура/

(Напомена: Оваа колумна се однесува само на Ангел Џамбаски и неговата дива орда, кои вчера, 30 октомври 2022 година, во Благоевград бараа да се пролее македонска крв. За среќа и во Бугарија има паметни и совесни луѓе – ги изолираа и не им дозволија да се иззживуваат врз нас Македонците.)

На истокот(Бугарија), стари приказни. Не видов култура(политичка, лична, колективна), ама никаква. Пардон! Има култура, ама парохијална е. Џамбаз-неолит свест и култура. Малку племенска, малку турко-татарска, а нешто повеќе химлер-гебеловска. Главни карактеристики – непризнавање, завист, злоба, омраза, грамзливост, уништување, чии корени лежат во бугарската санстефанска фантазија. Гостопримство, нула, тоа не живее во Бугарија.

Денес на дело ги видовме бугарскиот шовинизам, мега бугарскиот национализам и бугарската хегемонија. Тое е на далеку познатата бугарска доследност(историска, политичка и научна), дефинирана од државни институции како Академија(БАН) и институт(ИБЈ), а запишана во речник(РСБКЈ).

македонската историја, и нашиот македонски идентитет, и личната ни и колективна македонска меморија. Буквално и ептен се – се македонско да ти било бугарско. Ние сме биле “предатели на Бугарија“. Бог да те чува и да те брани. Невиден хомокретенизам. Море фундаментализам и дебилитет на тој и таков хомокретенизам.

Се на се, бугарски политички анахронизми, бугарски историски архаизми и неолит на бугарската свест. Климатизирано бугарско царство(од далечната 1878 година) и повампирен бугарски врховизам(од пред 127 години).


Дегаж! – Одбијте, бегајте бре присвојувачи и безочни клептомани на македонската историја и култура.

Сотир Костов

Мицкоски: Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва

Демонстрантите го почнаа денешниот протест против францускиот предлог, но се случи инцидент кај плоштадот Скендербег.

Група составена од неколку лица почна да гаѓа со тврди предмети кон демонстрантите кои се движеа кон Министерството за надворешни работи, човек со пиштол се закануваше кон толпата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски објави на Инстаграм:

Видео:

https://youtu.be/WzlEUcRrXxc