Tag Archives: пушка

НОВА ТРАГЕДИЈА во Србија:Момче со пушка го убило помалиот брат во Младеновац

Во селото Меѓулужје кај Младеновац, 14-годишен малолетник го убил својот 12-годишен брат, јавија српските медиуми.

Постариот брат го убил помалиот со пушка во дворот од куќата, а не се знае од каде им е оружјето.

Роднина на семејството наведува дека додека била со децата во дворот, момчето претрчало низ нејзиниот двор и викало: „Го убив брат ми“.

„Се слушна дека нешто пукнало, но не обрнавме внимание. Дури кога се појави и рече дека го убил, разбрав што се случило. Слушнав дека се степале за базенот, но не знам што се случило“, изјави таа за „Нова. рс“.

Истрагата е во тек, по што ќе бидат познати деталите за овој настан.

РАМКА ОД ПУШКА пронајдена во тоалет во основно училиште во ЧЕНТО

Во тоалет всновно училиште во населбата Ченто во Скопје била пронајдена рамка од пушка, соопшти Министерството за внатрешни работи.-Денес во 7. 55ч. во основното училиште ’25 ти Мај’, лоцирано на ул.’Алија Авдовиќ’ во Скопје, во машкиот тоалет од страна на хигиеничар пронајдена е рамка од пушка.  по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

ДРУГАТА СТРАНА ВО СТРУГА: Напад од глутница од 20 кучиња врз 14-годишно дете, Анима мунди поканети да ги вдомуваат

Активистот и бизнисмен Роберт Милески, кој по потекло е стружанец, вечерва на својот Фејсбук профил објави дека глутница ос 20-тина кучиња нападнале 14 годишно дете.

Тој објави фотографија од која се гледа локва крв и појаснува „вака вчера изгледаше пред скалите на градскиот пазар во Струга, откако била искасана жена од глутница кучиња“, напиша Милески.

 Да не е полошо, вечерва нов напад на преку 20 кучиња врз 14-годишно дете. Се молат членовите на Анима Мунди да дојдат во Струга и да вдомат по едно улично куче, како што направив јас, наместо само да паламудат кога жртвите се кучиња, објави Милески на Фејсбук.

Претходно денеска објавивме текст во кој Анима мунди реагираат за случајот во кој со пушка биле убиени десетици кучиња во градот.

Стружанец СО ПУШКА УБИЛ десетици КУЧИЊА – Бунт на социјалните мрежи

Бесправна држава, примитивно општество во кое владеат локални шерифи – резултатот е оваа бруталност на која сведочат денес жителите на градот Струга. Манијак, личност што не може да се нарече човек охрабрен од нефункционалните институции и распадот на системот во оваа држава одлучил утрово да посегне по животот на десетици маалски и домашни миленици со пушка. Ладнокрвно ја пролеал нивната невина крв низ улиците на Струга, велат од Анима Мунди.

– И како да не е убиство, како да не е загрозување на јавна безбедност и како да нема закони во оваа држава ниту пак институции една служба што навидум личи на комунална ги собира лешевите на невините животни за да ги фрли во депонија, подалеку од сечии очи со очигледна цел да се прикрие ова громорозно убиство, се вели во објавата на Анима Мунди.

Граѓаните веќе се побунија на социјалните мрежи. Едни велат ги изедоа кучиња, другите се остро против ваквиот начин на справување со кучињата.

Со ПУШКА ПУКАЛ во куче: Застреланата кучка е ЖИВА, полицијата презема мерки

-На 04.07.2021 во СВР Битола, Д.К. (21) од Битола пријавил дека на улицата „16-та“ маж со пушка пукал во куче. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Курир.

Неофицијално, од мажот е одземена пушката и истата е предадена на понатамошно вештачење.

Кучката која вчера беше застрелана во Битола од маж, денеска се појавила кај своите малечки.

На социјалните мрежи е објавено дека иако кучката вчера не можеше да биде пронајдена, денеска се вратила кај кученцата за да се грижи за нив. Активисти кои се грижат за животните пишуваат дека откако кутрињата ќе бидат згрижени, мајката ќе биде однесена на ветеринар за да биде санирана нејзината тешка повреда.

-ДОБРИ ВЕСТИ! Дојдовме да ги нахраниме малечките на мајката што беше вчера пукана и не дочека изненадување! Мајчичка е жива, да ги надои и среди малечките и одиме на вет. Фала ви на сите што излеговте и ни помогнавте во потрагата, стои во објавата на Фејсбук.

Девојче со пушка и момче со „Калашников“ пукале во полиција, мислиш играат „Кантер“

При престрелката девојчето било рането во стомакот и во раката и е во „стабилна“ состојба по укажаната медицинска помош, а момчето се предало и не било повредено.

Четиринаесетгодишно девојче е рането при престрелка со полициска патрола на Флорида, врз која пукала од пушка, заедно со две години помладо момче.

Девојчето и момчето во вторникот вечер избегале од дом за згрижување, бегале од полицијата што трагала по нив и упаднале во куќа во која пронашле арсенал од пушки и друго оружје. Од пушките отвориле оган врз патролата што пристигнала да интервенира. При престрелката девојчето било рането во стомакот и во раката и е во „стабилна“ состојба по укажаната медицинска помош, а момчето се предало и не било повредено.

– Не знам што да ви кажам. Каде сме тргнале кога деца на возраст од 12 и од 14 години мислат дека е во ред да се пука врз силите на редот? – изјави шерифот на округот Волусија, Мајк Читвуд.

Канцеларијата на шерифот објави деветминутно видео од полициската интервенција, од снимки од камери на полицајците и од хеликоптер. Пред патролата да отвори оган врз децата, се слуша како еден полицаец вели: „Таа нишани со пушката. Нишани од зад канта за ѓубре“.https://www.youtube.com/embed/MkdWnMtoLno?feature=oembed

Иако се малолетни, против децата е отворена истрага за вооружен грабеж и за обид за убиство на полициски службеник. Не се наведени нивните имиња. За момчето е наведено дека немало досие, но годинава двапати се заканувало дека „ќе фрли тула врз администратор“ и дека „ќе му ги истури цревата“ на соученик.

Девојчето пред само два месеца запалило шупа близу населени домови.

При сослушувањето, момчето признало дека повеќепати стрелале врз полицајците од пиштол, сачмарка и од автоматска пушка „ак-47“ што ги нашле во куќата.

Кога ги виделе полицајците пред куќата, девојчето наводно му рекло: „Ќе го свртам ова како ГТА“, алудирајќи на видеоиграта „Гранд тефт ауто“, која изобилува со насилство.

Полицајците што интервенирале изјавиле дека „настојувале да ја деескалираат ситуацијата“ воспоставувајќи личен контакт со децата, но по истрелите биле принудени да се скријат зад дрвја.

– Се обидовме да ја смириме ситуацијата. Фрливме мобилен телефон во куќата за да разговараме со нив. Четиринаесетгодишното девојче излезе од гаражата со сачмарка, ја испразни врз полицајците и, наспроти повиците да го фрли оружјето, се врати во гаражата. Кога излезе вториот пат, офицерите отворија оган. Офицерите сторија сè што можеа и малку фалеше да бидат убиени од деца. Ако не беше нивната обука, некој ќе завршеше мртов – изјави шерифот Читвуд.