Tag Archives: работници

Какви работници бараат во Германија?

Фалат работници во германските компании. 

Дури на 43 отсто од германските компании им недостигаат квалификувани работници. Ова е заклучокот од најновото истражување на Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Резултатите од истражувањето на 9.000 германски компании покажуваат дека 43,1 отсто од компаниите пријавиле недостиг на квалификувани работници во јули. Во априлското истражување, 42,2 отсто од компаниите во Германија пријавиле исти проблеми.

Компаниите кои бараат нови работници се најчесто во услужниот сектор. Во правните и сметководствените услуги, 75,3 отсто од компаниите не можат да најдат соодветни кандидати, а околу две третини од компаниите од областа на транспортот, архитектурата и инженерството тврдат дека им недостига квалификувана работна сила. Со години Германија алармира дека нема доволно работници. Слични проблеми има и во други делови од Европа. 

Германија ГО УСВОИ НОВИОТ ЗАКОН ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ – КАРТА ЗА ШАНСА

Новиот закон што го олеснува имигрирањето во Германија заради работа може да стапи на сила откако државниот дом на сојузниот парламент, Бундесрат, ја одобри регулативата донесена од Бундестагот минатиот месец.

Меѓу другото, со новиот закон се воведува таканаречената карта за шанса, односно систем на бонус поени за кандидатите за имиграција, како што се јазични вештини, работно искуство, возраст и врски со Германија, пренесува SEEbiz.

Имателите на картата ќе имаат право да бараат работа во Германија, а таа е и едногодишна дозвола за престој. Сличен систем со години има и Канада.

Според новите прописи, експертите од ИТ секторот нема да имаат потреба од високо образование за вработување, под услов да ја докажат својата стручност.

Бундесратот ја означува силата на партиите во 16-те германски покраини, а не исходот од федералните избори, кои го исполнуваат Долниот дом на парламентот, Бундестагот. На дебатата во Бундестагот поддршка за законот побараа министрите од владата на канцеларот Олаф Шолц.

„Новиот закон е првиот чекор кон привлекување на најдобрата работна сила во Германија во услови на меѓународна конкуренција“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Министерот за економија Роберт Хабек повтори дека насекаде во германската економија недостигаат квалификувани работници и дека 600.000 работни места се празни „едноставно затоа што нема луѓе“.

„Имиграцијата на странски работници е во интерес на Германија“, рече министерот за труд Хубертус Хајл, опишувајќи го новиот закон како „историски“, бидејќи „во спротивно, дефицитот на работната сила трајно ќе го спречи економскиот раст“.

Законот, исто така, се занимава и со други прашања кои го отежнуваат ангажирањето квалификувани работници, што им олеснува на младите да се образуваат додека работат или да патуваат за обука.

Нашите работници се иселуваат, додека Владата ДО СЕГА УВЕЗЕ 3.000 СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ

Годишната конфереција на Стопанската комора на северо-западна Македонија ги исфрли на виделина критичните точки на бизнисот кои влечат корени од поодамна, но за нив нема решение, објави ТВ Алфа.

Јавноста ги слушна, но само на албански јазик, на кој се обратија домаќините, но и владините претставници, пренесува ТВ Алфа. Клучниот проблем вo бизнисот се платите, но и работната сила. За да ги задржат работниците и да можат да делат повисоки плати бараат намалување и либерализација на меѓународниот пазар на труд.

– Бараме од Владата придонесите за минимална плата кои се високи и изнесуваат 47,5 отсто да се намалат на 32 отсто за да се зголеми минималната плата. Исто така бараме Владата да ја либерализира увозот на работна сила, бидејќи се работи за многу сложена и долга процедура, поради што голем дел од странските работници работат на црно. Бараме и зголемување на квотата на странски работници од 5 на 10 или 15 илјади работници годишно. Заедно со Владата треба да ја подготвиме повеќегодишната програма за професиите кои се потребни во државата, изјави Менди Ќура, претседател на стопанска комора на северо- западна Македонија.

Младите ја напуштаат Македонија не само поради платата туку поради преголемата вработеност по пат на партиска врска, лошите политики, тоа што не се цени квалитетот. Покрај тоа што е најкритично во туризмот и градежништвото, сериозен проблем е и во ИТ секторот, во државава годишно недостигаат 600 ИТ техничари.

Главниот проблем е превработувањето, се вработуваат луѓе со врски и политички определби што создава нервоза кај младите, рече Анета Антова Пешева, Претседател на Собрание на МАСИТ.

Претставниците на Владата ги слушнаа барањата и забелешките упатени на нивна адреса, но не одоговорија конкретно дали ќе се прифатат предлозите. Се пожалија дека и во државните институции им недостигале вработени во ИТ секторот. Како краткорочно решение, допрва ќе се работело на либерализација на пазарот и зголемување на квотите. Според Битиќи, во агенцијата за вработување имало регистрирано слободни работни места, ама нашите невработени граѓани не биле квалификувани за тие позиции.

– Ние имаме еден парадокс во Агенцијата за вработување има илјадници слободни работни места, а 115 илјади лица бараат работа. Овие невработени не се оспособени за професиите кои ги бара пазарот. Точно дека квотите за странски работници се ограничени на 5.000 годишно, но оваа мерка не може да биде долгорочно решение на проблемот потребно е недостигот да се реши со домашна работна сила, рече Фатмир Битиќи вицепремиер за економски прашања.

Инаку, годишно ни недостигаат 10.000 работници, најмногу во туризам и градежништво. Планот на Владата е да увезува работна сила. Годишната квота моментално е 5.000 странски работници, а до крај на март над 3.000 странски граѓани годинава добиле дозвола да работат во Македонија меѓу кои и работници од Непал и Пакистан.

Германија реши: СЕКОЈ ШТО МОЖЕ ДА РАБОТИ – МОРА ДА РАБОТИ, во спротивно ќе биде казнет

Германците се познати како исклучително организирани и дисиплинирани, луѓе на кои работата им е повважна од се. Но, последниве деценија-две дојдоа многу доселеници и менталитетот почна да се менува. Германците решија да се вратат на своите принципи и да ги потсетат дека се уште во Германија работата е пред се.

Конзервативната опозиција во Германија бара од владата порестриктивни критериуми за помош на невработените. Тој предлага да бидат казнети оние кои неоправдано одбиваат понуда за работа.

„Нешто мора итно да се смени во политиката за поддршка на невработените. Треба да воведеме работна обврска за невработените кои всушност можат да работат“, изјави во петокот за агенцијата ДПА потпретседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) Карстен Линеман.

Според неговиот предлог, невработените кои нема да најдат работа во рок од шест месеци, нивната општина да ги испрати на работа „освен ако нема добра причина“, на пример, ако невработеното лице е во процес на образование или стручна преквалификација.

Доколку некој од бирото неоправдано го одбие понуденото работно место, продолжи Лајнмен, врз основа на проценката на Уставниот суд, помошта може да се намали и до 30 проценти.

„Мора да се искористи тој простор за маневрирање, како и можноста да се плаќа помош во стоки наместо пари“, додаде тој.

„Секој способен за работа кој прима социјална помош во Германија има обврска да работи. Во спротивно, нашиот систем за социјална заштита ја губи смислата“, заклучува политичарот.

ЦДУ беше на власт 16 години, до нејзиниот пораз на изборите во септември 2021 година. Сега таа води во анкетите за популарност со месеци, далеку пред Социјалдемократската партија на канцеларот Олаф Солац.

Министрите нека работат по 60 часа неделно за плата на градежен работник

Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии кажа дека начинот на кој се проведува договорот со „Бехтел и Енка“ е погрешен затоа што јавноста мора да има увид во него.

– Нека се обидат министрите да работат 60 часа неделно за плата на градежен работник, па да видиме дали ќе се залагаат за таа мерка, вели Јовановиќ.

Јовановиќ смета дека договорот може да се реализира со 40-часовно работно време, но и повеќе работници со поголеми плати.

„Функционерите си го гледаат само НИВНИОТ ИНТЕРЕС, затоа си ги зголемија САМО НИВНИТЕ ПЛАТИ!“

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци (13.423 денари). 

Од Сојузот на синдикати на Македонија, кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека еден функционер со неговата плата покрива три синдикални минимални кошнички, а еден работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие потрошувачката кошничка. 

И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалоци за само една година се зголемени за 2.766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на храна и пијалоци во делот на Синдикалната минимална кошница што покажува дека функционерите си го гледаат само нивниот интерес и знаејќи го овој факт си ги зголемија нивните плати за 2000 денари дневно или за 78 проценти месечно, велат од ССМ.

Објавен оглас за работници за новите автопати, плати и до 70 илјади денари

Јавното претпријатие за државни патишта објави оглас за вработување на работници до 2028 година за проектот за изградба на четирите автопати на изведувачот „Бехтел и Енка“ на коридорите 8 и 10д.

Според огласот, ЈПДП ќе ангажира работници според нивниот правилник, а тоа значи работна недела од 40 часа неделно, а не како што било договорено со „Бехтел и Енка“ за 60 часовна работна недела.

ССМ СО ОПОМЕНА: Или функционерите како работниците или работниците како функционерите !

Од Сојузот на синдикатите на Македонија реагираат за последната одлука на Уставниот суд за пресметката на платата на именуваните и назначените лица во земјава според која платите им се покачија за неверојатни 78%.

Ќе увезуваме 20.000 плочкари, столари, електричари од Бангладеш, Непал, Пакистан…

Најмалку 3 македонски агенции се во преговори за увоз на работна сила од странство. Ангел Димитров од Организацијата на работодвачи во интервју за МИА, вели дека тоа е веќе востановена пракса во Хрватска и Бугарија, каде компаниите градат и интернати за претстој на работниците, кои во главно доаѓаат од земјите на средниот и далечниот исток.

– Има земји со 114-115 евра минимална плата, а нашата плата е три пати поголема. Имаат исто така и многу полоши услови за живеење и работење – изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Конкретно, Димитров добил понуда за работници од Непал, но се преговара и со Бангладеш, Пакистан и Индонезија.

– Ако тоа не го направиме, со селењето на младите надвор, ние ќе останеме без работници, економијата полека ќе пропаѓа, а буџетот ќе остане без пари. Значи, државата уште сега треба да се подготви, ако тоа не се направи, да се намали и број на пратеници во Парламент и број на министри во Влада и број на вработени во јавна администрација, бидејќи ќе нема пари за сите- додаде Димитров

Димитров смета дека е потребна либерализација на пазарот на труд, а правата од Законот за работни односи да важат подеднакво и за домашните и за работниците од странство.

– Мислам дека Македонија не е држава, како некои арапски држави, каде што странците ќе работат по 20 часа, ќе немаат никакви права и ќе се третираат како граѓани од втор ред- изјави Димитров

За запирање на иселувањето пак, мора да се реформира структурата на образованието и стопанството, да се деполитизира општеството и да нема селективна примена на законите.

Германија ја губи ПОПУЛАРНОСТА кај странските работници, овие земји сега се ПОПРИВЛЕЧНИ

Германија едури 15-та меѓу развиените земји по атрактивност за странски работници и претприемачи, покажува истражувањето, додавајќи дека подобро се рангираат земјите како Нов Зеланд или Шведска, објави Дојче веле (DW).

Според резултатите од таа студија, Германија ја губи популарноста во конкуренција за квалификувани работници и основачи на компании, а според проценката на фондацијата Бертелсман, од 2019 година паднала од 12 на 15 место меѓу 38-те земји членки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Студијата ги проценила деловните можности на имигрантите, приходите и даноците, можностите за членовите на семејството или добивање виза, а според тој индекс, Нов Зеланд, Шведска, Швајцарија, Австралија и Норвешка се најатрактивни за висококвалификуваните професионалци.

Од 2019 година и последната евалуација на податоците, условите во Германија не се влошени, но има подобрување во другите земји, така што тие ја надминаа Германија во рангирањето.

За претприемачите, според овие податоци, на врвот на листата се Шведска, Швајцарија, Канада, Норвешка и Нов Зеланд. Во тој сегмент Германија падна од 6-то на 13-то место.

Како главен проблем се наведува бавната дигитализација. Германија, за разлика од другите земји, исто така, бара поседување на минимален капитал. Дополнително, во неа е помалку изразено прифаќањето на мигранти.

Во 2023 година за првпат беа испитани рамковните услови за основачите на компании (старт-ап) во рамките на индексот на ОЕЦД. Во тој сегмент најатрактивни се Канада, САД, Франција, Велика Британија и Ирска.

Германија го зазеде 12-тото место во таа категорија. Авторите на студијата како причини за ваквата проценка гледаат помалку можности за напредување во кариерата, премалку иноватори и недостаток на соодветни визи.

„На Германија и требаат квалификувани работници, вклучително и оние од странство, за да се осигура дека сегашниот просперитет ќе се одржи“, рече Ралф Хек, извршен директор на фондацијата Бертелсман, за резултатите од студијата.

Според него, меѓународната споредба јасно покажува што треба да направи Германија за да биде уште подобра миграцијата на квалификувани работници, што е толку важна за Германија.

Сепак, Германија котира многу добро во областа на високото образование. Според резултатите од студијата, по атрактивност за студенти од целиот свет, Германија е на второ место, зад САД.