Tag Archives: ракометар

Стани Ванчо, нек те види сала: Младите ракометари ги испратија великаните во заслужена пензија!

Со резултат 25:21 вечерва заврши ревијалниот хуманитарен ракометен натпревар помеѓу актуелната ракометна репрезентација и екипата формирана од најзвучните ракометни имиња во историјата на Македонија.

Во поголемиот дел од времето, ветераните машки и рамо до рамо се држеа резултатски со помладите свои колеги, но очигледно, падна концентрацијата во вториот дел од второто полувреме кога актуелните македонски репрезентативци постигнаа неколку голови во низа и практично го одредија победникот.

За играч на натпреварот беше прогласен некогашниот пикер Ванчо Димовски, кој одигра одлична партија и постигна неверојатни голови.

При прогласувањето на играчот на натпреварот, шоуменот Сашко Коцев го грабна микрофонот и имитирајќи го актуелниот премиер Димитар Ковачевски, извика: „Стани Ванчо, нек те види сала“, по што целата публика грмна да се смее.

Организаторот на настанот, Ракометната федерација на Македонија, уште еднаш ја покажа својата хуманитарна димензија со поддршката на најранливите, децата и младите без родителска грижа.

Македонската репрезентација утре заминува за Пореч да ги продолжи подготовките за претстојниот Мундијал во Полска и Шведска.

Миркуловски денеска стави крај на големата играчката кариера

Поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски денеска го одигра последниот натпревар во богатата кариера и ги следи стапките на долгогодишниот соиграч во националниот тим, Кирил Лазаров, кој вчера ја заврши кариерата.

Миркуловски кариерата ја започна во екипата на Македонија по што се сели во Металург каде ги имаше најдобрите моменти во кариерата. Цели 12 години настапуваше за тимот од Автокоманда со кого два пати играше и во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Потоа во 2015 година, една полусезона помина во Хановер по што се пресели во Вецлар каде и ја завршува блескавата кариера.

Следен предизвик за Миркуловски ќе биде тренерската кариера, тој веќе е дел од стручниот штаб на селекторот Кирил Лазаров во македонската репрезентација, а ќе биде и асистент тренер во Вецлар.

Стоилов: Ми беше голема чест да ги бранам боите на Македонија

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов вчера по натпреварот со Чешка, објави крај на репрезентативната кариера.

На прес-конференцијата по одржаниот натпревар, капитенот на македонската селекција истакна дека му било чест 15 години да го носи дресот на Македонија.

-Ми беше голема чест и привилегија е да ги бранам боите на Македонија. Ви благодарам на сите за големата поддршка низ годините од срце. Македонија оди на светско, се огласи Стоилов и на Фејсбук.

Како што нагласи Стоилов, чувствува дека телото не може повеќе да ги издржи напорите што е причина за репрезентативната пензија.

Македонија со победата над Чешка се пласираше на Светското ракометно првенство.

ВИДЕО: Каква мајсторија на Талески, ја крена публиката на нозе!

Ракометната репрезентација на Македонија во преполната сала „Борис Трајковски“ ја победи Чешка, во реваншот на баражот за Светското првенство. Откако во Злин одиграа нерешени 24-24, а таму Македонија правеше атракција, по атракција, истото се случуваше и на вечерашниот натпревар, каде ги победивме чесите.

Филип Талески се погрижи за скопската публика да не остане без атрактивни потези. Во една контра, крушевчанецот излета сам на линијата за шест метри очи во очи со Мрква, па со „вртенка“ го измами и ја крена публиката на нозе.

Атрактивниот погодок на Талески против Чешка:

Видеото погледнете го ТУКА

Токму Филип Талески е еден од најдобрите ракометари на Македонија во овој двомеч со Чешка, а тоа го покажа и со неколкуте убави потези.

ГРОЗОМОРНИ ДЕТАЛИ: Тот бил пренесен во болница со пресечен јазик, масивен оток на мозокот, престанок на срцето и висока температура!

Основното јавно обвинителство денеска објави грозоморни детали за смртта на младиот ракометар на РК Бутел, а истите ги објавивме претходно и можете да ги прочитате ТУКА.

Меѓу другото во нивниот извештај пишува и дека:

Денес во утринските часови на Институтот за судска медицина и геонтологија беше извршена обдукција врз починатото лице и според првичните наоди, иако нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесените удари.

Кривично правниот настан се случил на 7 овој месец, во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Скопје кога осомничените по кратка вербална расправија, го нападнале сега починатиот хрватски државјанин и му задале повеќе удари со боксови и клоци.

Од ударите сега починатиот паднал и со задниот дел од главата удрил во асфалт и изгубил свест. Тројцата осомничени продолжиле со дејствија на удирање по главата, а потоа, без да му укажат помош, заминале од местото на настанот. Лице вработено во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош по што сега починатиот бил пренесен на Ургентниот центар при Клиниките „Мајка Тереза“.

Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, лицето имало престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животно загрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал.

РК Бутел – Скопје се прости со Денис Тот: “Ќе те паметиме засекогаш”

Македонската спортска јавност денеска беше потресена од смртта на хрватскиот ракометар од редовите на Бутел, Денис Тот.

Од Тот се прости и неговиот актуелен клуб, Бутел Скопје.

Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Денис Тот. Хрватскиот интернационалец кој имаше 27 години ја играше првата сезона во Бутел Скопје и беше голем професионалец на ракометниот терен и надвор од него. Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш!, стои во објавата на клубот.

Денис Тот, професионална играчка кариера ја започнал во Ѓаково во Хрватска. Настапувал за Пореч Бјеловар, Брик Австрија од каде заминува за Адемар Леон. Во 2019 година од Шпанија пристигнува во Охрид, а по две поминати сезони, од септември го замени клупскиот дрес на Охрид со оној на РК Бутел Скопје.

Нова трагедија во ракометот: Почина 20 годишниот Марко Божиновски, ракометар на Бутел Скопје

Македонската ракометна јавност доживеа нов шок, откако на 20-годишна возраст почина ракометарот на Бутел Скопје, Марко Божиновски.

Првичните информации за причините за смртта на Божиновски е срцето, кое откажало. Божиновски е ракометна творба на Металург, а во Бутел Скопје се пресели пред две сезони. Зад името на Божиновски стоеаја настапи во кадетската репрезентација.

Пред неполна недела на 24 години почина голманот на РК Охрид, Никола Даниловски-Џамбо.