Tag Archives: рапер

„Кај си бе Уста во уста да те гребам“ – Како Бетмен Велит му ја „затна устата“ на бугарскиот рапер (Видео)

Водителот и шоумен Богдан Илиевски, познат како „Бетмен велит“ влезе во рап битка со бугарскиот рапер Иван Динев – Устата кој пред неколку дена објави песна со која ја навредува Македонија и македонскиот народ.

„Кај си бе Уста во уста да те гребам, сакаш да влезеш во уста, но можеш ко ќе ти наредам. Сѐ што имам да ти кажам што си ти сам крив, не ти смета мојот јазик, туку што сум жив. Ама јазик имам и на него се ќе ти раскажам, мисли што сакаш, мисли дека те лажам, но не ме боли уво…“ – рапува Бетмен.

Во продолжение слушнете како Бетмен Велит му „ја затна устата“  на Устата, со својата рап верзија како одговор на бугарската вербална агресија:

Бугарски рапер ни посвети песна – „БЛГАРСКА КРВ ТЕЧЕ ВО ВАШИТЕ ВЕНИ“ (ВИДЕО)

Мала провинција со големи амбиции, израсната во бугарски традиции, пее Устата. Тој додава дека „Георги Димитров и ја подари оваа земја на Југославија“.

Ова не е земја, туку само територија, пее познатиот бугарски рапер Устата во неговата најнова песна посветена за Македонија

Рап пејачот Иван Динев, попознат по псевдонимот Устата, на својот фејсбук профил поставил можеби дел од својата нова песна посветена на Македонија, каде има околу 200 коментари и речиси 3.000 споделувања од неговите следбеници.

Во описот на видеото, Устата објаснува дека ова е „Лекција по македонска историја“.

Од неговиот рецитатив јасно се гледа дека за него Македонија не е држава, туку само територија.

– Мала провинција со големи амбиции, израсната во бугарски традиции – пее Устата. Тој додава дека „Георги Димитров и ја подари оваа земја на Југославија“.

Непосредно пред да ги нарече Македонците „злобни“, Иван Динев истакна дека македонскиот е бугарски дијалект.

Еве дел од провокативниот текст:

Сите дрвја имаат бугарски корени пред 1945 година.

Таа земја e подарок од Георги Димитров на Југославија.

Вашиот јазик е дури и моделиран – Македонскиот е бугарски дијалект.

Ауу, но колку сте злобни! Извинете што ни е незгодно.

Гоце Делчев го напишаа за свој, уживате да го крадете нашиот херој, а?

Вашиот крал бил Самуил – таратанци, а на оваа глупост се смеат и Албанците.

Сè уште сте отворени дека сте биле први. Зошто не се однесувате така со Србите?

Еј Македонијо! Маке, Маке, Маке, Македонија, наскоро нема да бидеш Европејка. Седи кротко на резервната клупата!

Еј Македонијо! Маке, Маке, Маке, Македонија, биди малку поскромна, таа бугарска крв, тече во вашите вени.

Слушнете го самиот настап!

„Ние сме трагична генерација која мора да го живее она што е оставено од предходните генерации“ (ВИДЕО)

Музичарот  Војаж е еден од младите изведувачи чија популарност расте со вртоглава брзина. Додека неговите песни имаат милионски прегледи и први места во тренднгот на Јутуб и се слушаат во секој клуб, неговиот настап во Скопската дисктека Централ парк која не беше доволно пространа да ги собере неговите фанови на едно место, покажа зошто во моментов е толку баран и актуелен.

Нашите соработници од естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“  ексклузивно имаа  можност пред настапот да поразговараат со него, за сите актуелни теми но и за настапите во Македонија кој често знае да ги истакне како најдобрите кои му се случиле.

Војаж откри и некои приватни моменти за кои јавноста могу или воопшто не знае, како на пример податокот дека, верувале или не, тој бил отфрлен од друштвото, а зошто – одговорот го даде во интервјуто, во кое проговори и за актуелнта тема – булингот и сајбер насилството!

Погледнете и слушнете што раскажа младиот изведувач пред камерата во „магазинот од зад сцената“:

АФРИМ ГАШИ бил РАПЕР пеел за НЕВОЗВРАТЕНА ЉУБОВ, настапувал со бендот „Празни џебови“ (ВИДЕО)

Додека бев млад бев основач на музичка група која се викаше „Празни џебови“, а кога еден новинар ме праша што очекувам од музички аспект, јас реков дека само знам дека името на групата нема да се смени. Ова вчера го изјави лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, по официјализирањето на договорот со премиерот Зоран Заев за влез во владата.

Тој посочи дека исто како и во музичките води, така и во политиката, не влегува од лукративен интерес.

– Додека бев млад бев основач на музичка група која се викаше „Празни џепови“ и во тоа време во едно интервју на прашање од новинар што очекувате од музички аспект, реков не знам што, само знам дека името на групата нема да се смени. Така што, ниту јас, ниту повисоките експоненти од мојата партија, не сме во политиката за да ги наполниме џебовите и целосно се одважуваме и се дистанцираме од еден ваков вокабулар – рече Гаши.

Неговиот рап-бенд во далечната 1995 година настапил со рап песна на албанскиот музички фестивал „Нота фест“, а токму Гаши видеото од овој настап одамна го сподели на социјалните мрежи. Во песната тој рапува за љубовта и за тагата поради невозвратената љубов, а на својата љубена тој ѝ порачува дека може да умре за неа.

Во продолжение, погледнете го настапот на „Празни џебови“: