Tag Archives: рашковски

Рашковски се спореди со Илон Маск – Се правдаше во суд за „Софтвери“

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, денеска во судница даваше одбрана во случајот „Софтвери“. Тој тврдеше дека не е точно оти ја фаворизирал „Инвока груп“ да го добие тендерот.

Рашковски објасни дека со техничките спецификации што се барале во тендерот не се фаворизирал никој бидејќи таа била направена така што „немате некои посебни ограничувања и не треба да се има какви било познавања за да се направи“.

„Да му кажеме на Илон Маск: напиши ни техничка спецификација за софтвер за определување просечна брзина, ќе ни ја напише истата, сето ова што јас сум го напишал. Не е направено да ограничува ниту со техника, ниту со технологија, ниту со програмски јазик или што било“, рече Рашковски.

Тој додаде дека иновативноста на неговото барање за патент е полициско возило да може да се движи и да забележи предметно возило на една локација, а потоа на истото тоа возило ако биде регистрирано од друго полициско возило на друга локација, врз основа на тоа да му се одреди просечна брзина на движење. За функционалноста на софтверот, Рашковски рече дека првото тестирање е направено кон средината на 2020 година, а потоа е тестиран по примопредавањето. Како што истакна, предлогот до Владата бил софтверот да биде ставен на камерите на „Сејв сити“ и да заживее, но до тоа не дошло.

Тој ги негира вештачењата на Обвинителството дека софтверот бил нефункционален бидејќи, како што рече, тој бил тестиран на „Партизанска“ во Скопје, каде што се случуваат најмногу сообраќајни несртеќи во државата.

Готвачот од Шутка сега гугла: „Како да направиш тортиљи“

Статуси на денот од Божидар Божиновски:

Готвачот во Шутка сега гугла “how to make tortillas”.

Posted by Божидар Божиновски on Wednesday, April 21, 2021

“Рашковски оди во Шутка” То беше негде до Акапулко во близина?

Posted by Божидар Божиновски on Wednesday, April 21, 2021

Рашковски вози „Волво“ од 74.000 евра, џипот не е пријавен во анкетниот лист (Фото)

Во вечерашната емисија „360 Степени” на Алсат телевизија објавија дека секретарот во кабинетот на премиерот Драги Рашковски, вози прескап автомобил „Volvo XC90″ во вредност од 74.000 евра, кој не фигурира на неговиот анкетен лист.


Станува збор за „Волво XC 90“ од актуелната генерација на моделот. На официјалната страница на „Волво“ овој џип е опишан како спој меѓу совршена безбедност, удобност и елегантeн дизајн, со иновативна технологија и внатрешност изработена од врвни материјали. Најновиот основен модел вреди 74 000 евра.

Џипот е редовно паркиран во близина на живеалиштето на Рашковски во Скопје, и тој не оди со ова возило на работа, туку го користи во слободното време.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) веќе има отворено предмет за Рашковски и велат дека ќе се истражува дали вредноста на она што го поседува ги надминува неговите примања, во таков случај истрагата ќе оди подлабоко.

„Доколку се случи нешто како што вие кажувате дека е забележано нешто што не е пријавено тука, дека во конкретниот случај е забележан со возило кое што не е пријавено, тогаш ќе провериме чии е тоа возило. Па на тој начин ќе извршиме споредба, вклучена е и контрадикција со субјектот којшто е предмет на работење, така што може да се земе и изјава од Рашковски, кое возило го возел, чии е возилото итн. Ние неколку пати сме укажале дека законот за потекло на имот е многу потребен во нашата држава, токму од овие причини, да се знае кој имот чиј е и од каде потекнува“, вели Ивановска за 360stepeni.mk.


Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, вели дека освен што ќе ја проверуваат реалната имотна состојба на Рашковски, ќе се истражува и дали нејзината вредност ги надминува неговите примања. Во таков случај истрагата ќе оди подлабоко.

„Доколку се забележи дека има отстапување на страна на имотот во однос на примањата тогаш одиме кон проверка на имотот и тогаш веќе се вклучуваат и други институции како финансовата полиција итн“ посочува Ивановска.

Извор 360степени.мк

„Биенвенидо сењор Рашко“ (Фото+Видео)

На скопскиот аеродром млади со мексикански шешири го пречекаа Драги рашковски по неговото најавено враќање во Македонија од одморот во Мексико.

„Биенвенидо сењор Рашковски“ гласеше транспарентот:


За да не му дојде на Драги Рашковски “нагло” враќањето од Мексико. Пречек со порака на шпански јазик, сомбрера и добра музика

Рашковски пак се јави: Многу е ефтино во Мексико, проверете на „Букинг“

Цените на хотелите во Мексико никогаш не биле поевтини. Ова не е најава од туристичка агенција, ова за ТВ24 го тврди секретарот во премиерскиот кабинет Драги Рашковски.

Во одговорот кој Рашковски ни го испрати од земјата на сомбрерата пишува дека отишол таму на одмор со семејството бидејќи е многу евтино. Тајмингот за одмор му бил случајно избран, месеци претходно. 

– Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така да искрено не можам да знам однапред што ќе се случува на политичката сцена неколку месеци подоцна. А во однос на тоа зошто Мексико: затоа што цените на хотелите не биле никогаш поевтини. Проверете на Booking. За 14 дена имате хотели со 4 ѕвезди за 350 евра. – изјави Рашковски.

„Смејте се вие Рашко кога ќе патентира сомбреро ќе видите“

Твитер зезалици на тема Рашковски кидна во Мексико:

https://twitter.com/suspendiranata/status/1371847467013132295?s=20
https://twitter.com/ComplicatedSofi/status/1372108366433161219?s=20
https://twitter.com/baljumbaljum/status/1372088114840276994?s=20
https://twitter.com/Shpendi_Kasapot/status/1372075548541861888?s=20
https://twitter.com/KibbleD9/status/1372108620071116810?s=20

Рашковски во луксузен хотел во Мексико: Платил 17000 евра само за хотел?

Драги Рашковски, среде скандали во кои се поврзува лично тој, одлучи да замине на луксузен одмор со своето семејство.

Откако вчеравечер се објави дека Рашковски заминал во Мексико, информацијата непосредно потоа беше потврдена и од самиот Рашковски. повеќе од две недели, ќе одмора во Мексико.

Колку чини еден ваков одмор?

Само за авионски билети, едно семејство ќе мора да се издвои околу 5.000 евра.

Ова се цените за 4 билети во еден правец:

Луксузните хотели во Мексико чинат цело богатство. Овде најголемиот дел од македонскиот народ не може да си дозволи ниту една ноќ да преспие, но семејството на Рашковски само за ноќевањата ќе плати неверојатни 17.000 евра – пишува Лидер.

-Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14-ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува, рече Рашковски во изјава за ФОКУС.

Како изгледа луксузниот хотел?

Рашковски се јави – на одмор е во Мексико

Поранешниот генерален секретар во Владата и советник во Владата, Драги Рашковски за „Фокус“ потврди дека .Со семејството сум на годишен одмор во Мексико.

„Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14-ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден.

Следам сѐ што се случува, изјавил Рашковски.