Tag Archives: расипано

Нови бизарни трендови на социјалните мрежи – јадат живо или расипано месо и го промовираат како сосема нормално

Социјалните мрежи се преплавени од трендови кои може да бидат опасни по животот, а овие содржини непречено се дистрибуираат до целата публика. 

Во минатото, на социјалните мрежи се тврдеше дека Ајфон може да се полни во микробранова печка, дека гел-капсулите за перење се безбедни и за јадење, а најново е дека група корисници тврдат дека јадат живо и расипано месо, а го промовираат како вкусно. 

Предизвикот е да се остави парче сурово месо во тегла неколку недели или месеци. Кога месото ќе создаде слуз, мувла или ќе ја промени бојата во сиво-кафеава, имено тогаш е време да се консумира.

Наводно, ваквото месо дава психотропни ефекти слични на консумирање дрога. 

Но, во реалноста, само е зголемен ризикот за тении, бактерии, труења со салмонела, листерија, ешерихија коли и сите микроорганизми кои се уништуваат со термичка обработка на месото.