Tag Archives: раст

НЕ СОТРЕА ! ЗГОЛЕМЕНИ КАМАТИТЕ за „минусот“ на картичките, раст и на каматите ЗА КРЕДИТИТЕ

Само за една година, значајно зголемување на каматите на новоодобрените кредити за фирмите, просечната камата надмина 5%. Зголемени и каматите за минусните салда на трансакциските сметки, пишува Порталб.мк. Расте бројот на банкари кои го следат сигналот од НБМ за раст на каматите – тој број го достигна нивото од кризната 2008 година.

Каматите на кредитите за фирмите надминаа 5% …

Февруарски,  дел од банките испорачаа „подебели“ камати за минусните салда на кредитните картички. Клиент на една од водечките групации вели дека овој месец платил дури 140 денари или 2,3 евра повеќе во однос на јануари за минусното салдо на тековната сметка од околу 80.000 денари. Во овој пример, на годишно ниво,  само за камата, трошокот од 8.000 денари се зголемува на 9.600 денари.

„Непријатно се изненадив кога видов колку е зголемена каматата за минусот на трансакциската сметка. Секој месец за одржување на трансакциската банката ми наплаќа по 40 денари, тоа се уште скоро 500 денари годишно и уште 70 денари за електронско банкарство секој месец или во текот на годината уште 840 денари. Овие давачки се големи, провизиите, каматите се оди нагоре“, вели скопјанец кој е клиент на една банка.

По повеќекратното зголемување на основната камата од страна на НБМ банките веќе ги известија клиентите дека се зголемија и каматите за кредитите, со фокус на долгорочните и на станбените кредити но и на минусните салда на трансакциските сметки.

„Имам станбен кредит со рок на враќање од 20 години во една банка. Првите три години плаќав фиксна камата и потоа ми пресметуваат нова камата но сега кога видов колку многу е зголемена сакам кредитот да го префрлам во друга банка со поповолни услови“, вели друг скопјанец.

Најновите податоци од НБМ покажуваат зголемување на каматите за кредитите. На крајот од минатата година каматата за вкупните кредити достигна 4,44%, а на новоодбрените 4,83% и токму кај нив има поголем раст во однос на крајот од 2021 година.

                                                     Каматни стапки

                2021  декември                                      2022 декември

Новоодобрени кредити        3,61%                                                       4,83%

фирми                                   3,22%                                                        5,02%

домаќинства                         4,34%                                                       4,38%

Ова покажува дека компаниите со почетокот на оваа година плаќаат значајно повисоки камати во споредба со периодот од пред една година. Банкарите очекуваат заострување на условите за кредитирање на компаниите на почетокот од оваа година.

„За првиот квартал од 2023 година, банките очекуваат натамошно нето-заострување на кредитните услови за одобрување корпоративни кредити. Кон нето-заострување на кредитните услови влијаат „согледување на ризикот“, факторот очекувања за вкупната економска активност и факторот очекувања за перспективата на гранката на која ѝ припаѓа претпријатието како и  перспективата на поединечните фирми“, оцениле банкарите во најновата анкета на НБМ.

„Реприза“ на кризната 2008 – банкарите ја „слушаат“ НБМ

Анкетата на НБМ овој пат открива интересен тренд – расте процентот на банкари кои ги следат сигналите од НБМ за затегнување на монетарната политика, и тој број  го достигна нивото од кризната 2008  година.

Слично како и во периодот од 2008 до 2010 година, и во оваа анкета, околу 21% од банките одговориле дека монетарната политика значително влијаела врз условите за кредитирање на корпоративниот сектор, што укажува на засилен пренос на промените во монетарната политика врз каматната политика на банките.

Затегнатата монетарна политика која значи поскапи кредити ја чувствуваат и граѓаните. Просечната камата на новоодобрените кредити за домаќинства на крајот од декември 2022 година достигна 4,38%.

„За првиот квартал од 2023 година, банките очекуваат изразено нето-заострување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата“, се наведува во новата анкета.

На 1 јануари година стапи на сила Закон за платежни услуги и платни системи со кој меѓу другото банките се обврзуваат транспарентно да ги објават сите трошоци кои ги имаа клиентите и по кои основи. Така банките информираат: Банката пресметува и наплаќа надоместоци, трошоци, провизии и каматни стапки под услови, во рокови и на начин утврден во Тарифникот.

Усогласувањето на каматната стапка за дозволеното пречекорување ќе се врши на шестмесечна основа , на  1 јануари и на 1 јули секоја година

Новото законско решение треба да ја зголеми конкурентноста во банкарскиот сектор што пак треба да донесе пониски провизии за граѓаните.

3aeв: Kpизата официjaлно завpши, економиjaта почна да pacте

„По една година, според денешната официјална статистика, можеме да кажеме дека кризата официјално заврши и дека економијата закрепнува, што е потврда за нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе расте“, рече Заев на првата Годишна меѓународна конференција „Економско закрепнување и раст по Ковид“, организирана од страна на Министерството за финансии.

Тој потсети на податоците на Државниот завод за статистика дека во вториот квартал годинава е регистриран раст на бруто домашниот производ од 13,1 отсто.

„Ова значи дека во првата половина од оваа година постигнавме раст на БДП од 5,6 проценти. За оваа година, проектиравме раст (БДП) од 4,1 проценти, со очекување дека извозот ќе порасне за 10,6 проценти, и раст на бруто инвестициите од осум проценти “, рече Заев.

Како што посочи, стапката на вработеност повторно почна да расте со исто темпо како и пред пандемијата од крајот на 2020 година, со пораст од 1,5 проценти во последните три квартали, а просечната нето плата исто така се зголемува.

Ако сакате магично да ви цветат цвеќињата нема поефикасно нешто од оваа билка ! 🌸

Доколку имате градина или одгледувате некое растение на терасата сигурно имате проблеми со штетниците кои ги напаѓаат речиси било кој вид на растенија.

Но, доколку се одлучите да не користите хемии или мешавини кои на некој начин се штетни, тоа можете да го направите на сосема природен начин.

Се што ви е потребно е да наберете млади коприви, поточно еден килограм, помешани со 10 литри вода, истите нема потреба да се варат, туку да се остават 24 часа да киснат во водата.

Оваа мешавина им дава раст на растенијата, како и јачина на стеблата и корените, но и ги брка штетните и ситни бубачки.