Tag Archives: РаткоМладиќ

Ратко Младиќ правосилно осуден на доживотен затвор

Жалбениот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови (МИЦТ) со седиште во Хаг донесе конечна пресуда против воениот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ.

Тој е правосилно осуден на доживотен затвор. Со ова, потврдена е пресудата со која тој беше прогласен за виновен за најтешки воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница. Пресудата беше обжалена од обвинителството и одбраната.

Живо сведоштво на апсењето на Младиќ: „Кој сте вие?“ „Јас сум тој што го барате! Каде е Американецот?“

Сведок од апсењето на Ратко Младиќ Ненад Јовчиќ (72) за Новости раскажува како изгледале последните минути на слобода на генералот.

Непосредно пред апсењето генералот Младиќ престојувал во куќата на неговиот роднина Бранислав Младиќ во Лазарево, а Јовчиќ утрото случајно се затекнал во овоштарникот и живо ги следел последните мигови на слобода на Младиќ.

Каде е Американецот?

Во еден момент по влегувањето на полицијата, генералот му се обратил на еден полицаец:

РМ: А кај ти е АМериканецот, поради кого морате сево ова да го правите?

П: Нема овде Американци, одговорил тој.

РМ: Има, има, без нив овде ништо не се случува, искоментирал генералот.

Било пет часот наутро. Од прозорецот од својата соба генералот мирно гледал како доаѓа полицијата, а на масаа покрај него имало два наполнети пиштоли. Полицијата влегла во куќата рано изутрина, во пет часот. Прв влегол вооружен полицаец во цивил. Ја отворил вратата од собата во која бил генералот.

Кој сте вие, прашал полицаецот малку збунето.

Јас сум тој што го барате, одговорил Младиќ смирено.

Младиќ не се обидел да го сокрие идентитетот. Му покажал лична карта со истечена важност. Имал паричник со фотографии од семејството, околу 1.500 динари и неколку долари. Сакал паричникот да му го остави на роднината, но не му било дозволено. Тогаш извадил прстен, им го дал на полицајците за да ѝ го дадат на неговата жена.

Додека траел претресот во куќата, тој бил во дворот, кој почнал да се полни со народ од Лазарево. Разговарал со полицајците, за неговата ќерќа, неговото детство и за неговата мајка. Младиќ зборувал мирно и течно за патриотизмот, за Косово и Метохија, за Србија, раскажува Јочовиќ.

Кажал дека размислувал и да се самоубие.

Можев и да се самоубијам, но не го сторив тоа а знам и поради кого, рекол Младиќ, мислејќи на страдањата на своето семејство и дека не заслужиле да им направи таков нешто.

Сведокот Јочовиќ жали што има вакви спомени, кои ги чувствува како товар што ќе го носи до грбот.


Целиот текст и фотографии на Новисти