Tag Archives: референдум

Пребројувањето заврши – Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск слават за припојување кон Русија

Пребројувањето заврши, четирите украински региони под руска контрола ги слават резултатите од спорните референдуми, чиј епилогот е безмалку максимален. 

Според проруските сили, Херсон со 87 проценти го поддржал припојувањето кон Русија, Запорожје со 93, Доњецк со 98, Луганск со 99 проценти. Лидерите на самопрогласените републики веќе отпатуваа за Москва, откако претходно му се обратија на Путин.

-Почитуван Владимир Владимирович, ви се обраќам во име на луѓето од регионот Луганск. Ве замолувам да го разгледате прашањето за приклучување на Народна Република Луганск кон Русија., изјави Леонид Пасечник , лидер на самопрогласената Република Луганск.

-Сега одиме напред, напред кон Русија! Создади, гради и конечно победи! Благодарам. , изјави Денис Пушилин, Лидер на самопрогласената Република Доњецк.

Сега на потег Путин, кој се очекува веќе в петок да ја соопшти анексијата на окупираните региони, по што одлуките треба да ги ратификува руската Дума. Украинскиот претседател Зеленски вети дека со помош на западните партнери нема да дозволи ново кримско сценарио.

-Оваа фарса на окупираните територии не може да се нарече ниту имитација на референдум. Руската реализација на „кримското сценарио“ и новиот обид за анектирање на украински територии ќе значи дека со рускиот претседател нема да има преговори. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Европската Унија соопшти дека ќе воведе санкции за организаторите на референдумите, кои ги нарече незаконски и со фалсификуван исход. , порака што ја испратија и западните земји на седницата на Советот за безбедност.

-Соединетите Американски Држави никогаш нема да признаат територија која Русија ќе се обиде да ја заземе или наводно анексира. Линда Томас Гринфилд, амбасадорка на САД во ОН.

На руските гранични премини и натаму расте притисокот, паралелно со стравот дека целосната мобилизација е прашање на време.

-Луѓето кои чекаат овде се плашат дека порано или подоцна ќе биде објавена целосна мобилизација, а потоа никој нема да може да ги помине границите. , изјави жител на Русија.

Проценките се дека досега над 200 илјади Руси побегнале од земјата, а загриженоста на Путин се обиде да ја ублажи белорускиот колега Лукашенко.

-Да речеме дека бегаат 30.000 или 50.000 луѓе. Ако останат, дали тоа ќе бидат наши луѓе? Дозволи им нека бегаат. , изјави Алескандар Лукашенко, претседател на Белорусија.

(Видео) Левица ја поднесе референдумската иницијатива до ДИК

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев денеска на прес-конференција пред Државната изборна комисија соопшти дека е поднесена рефернедумската иницијатива на Левица до ДИК.

– Очекуваме да немаме проблеми како со претходната иницијатива на ДПМНЕ, бидејќи иницијативата е правко коректно напишана согласно чл. 24 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјанување на граѓаните.

Очекуваме до крајот на неделата да бидат собрани оние законски минимум општини, ги повикуваме граѓаните, во 30 општини ќе се собираат потписи.

Бидејќи Законот не дозволува правно лице да ја поднесе иницијативата, јас како физичко лице првопотпишан сум официјален предлагач на иницијативата.

Очекуваме следната недела да ја почнеме собраниската процедура без Џафери да изигрува уставен судија, 150.000 потписи очекуваме да се соберат до крајот на оваа календарска година.

Апасиев во одговор на новинарско прашање истакна дека не очекува Џафери да ја одбие иницијативата бидејќи доколку се случи тоа ќе следува целосна блокада на Собранието.

  • Тој не е надлежен да се впушта во толкување на референдумското прашање но и доколку се случи тоа прашањето е интелигентно срочено по примерот на референдумот за Преспанскиот договор, вели Апасиев.

Тој додаде дека досега нема разговарано за поддршка од останатите политички партии но доколку има потреба ќе се разговара со сите, а бојкотот на референдумот ќе биде анти ЕУ бидејќи непосредното изјаснување на граѓаните не може да биде анти ЕУ.

ЛИНК од видеото/

Османи: Македонија нема да ги признае манипулативните руски референдуми во Украина

На прашање дали Македонија ќе ги признае резултатите од референдумите во четири украински региони за приклучување кон Русија, министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека Македонија никогаш нема тоа да го направи.

Тој додаде дека е важно Украина да победи во војната со Русија, која преку манипулативни референдуми сака да си обезбеди алиби за анектирање на украинска територија.

Важно е Украина да победи во оваа војна, а Македонија нема да признае манипулативни референдуми. Тие се манипулативни за да имаат алиби за своеволно анектирање на туѓи територии – кажа Османи на денешниот брифинг за новинарите.

Референдуми за приклучување кон Русија се одржуваат во регионите Донецк, Луханск, Запорожје и Херсон.

Ќе се собираат потписи за НОВ РЕФЕРЕНДУМ

Христијан Мицкоски вечерва информираше дека партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија.

Според Мицкоски, Извршниот комитет на партијата вечерва ја донел одлуката за „граѓанска иницијатива за собирање потписи за референдум“.

Во наредната недела партијата ќе собере 100 квалификувани потписи за референдум, што ќе се достави до Собранието.

-Прв јас ќе се потпишам. После одобрувањето, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓаните. Роковите се мислам три месеци. Прашањето ќе биде „Дали сте за напуштање на важноста на законот за ратификација за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018 година?“ ВМРО-ДПМНЕ ќе повика за гласање за поништување на овој Договор. Ова ќе биде одговор на народот, рече Мицкоски во обраќање пред седиштето на партијата.

Тој очекувам сериозност и одговорност од власта.

-Формулирано е сериозно референдумско прашање. Очекуваме власта да ги прифати нашите аргументи „за“ за напуштање на важноста за законот за ратификација на Договорот за добрососедство. Гласаме „за“ или „против“ овој штетен договор, рече Мицкоски.

Тој верува дека има луѓе во Владата кои размислуваат проевропски и нема да ги спречуваат граѓаните да гласаат на референдумот.

-Верувам дека има граѓани Албанци кои сочувствуваат со нашите проблеми и ќе ги поддржат нивните соседи Македонци кои се против асимилацијата, кажа Мицкоски.

Павле Трајанов бара референдум за францускиот предлог

Претседателот на ДС и коалициониот партнер на Владата, Павле Трајанов бара референдум за францускиот предлог – мислењето на граѓаните да биде крајниот и одлучувачки фактор за предлогот, кој сепак треба да помине низа филтри. Според Трајанов, првиот предлог кој беше одбиен во Брисел од премиерот и сегашниот немаат суштински разлики.

Целиот пакет, вклучително и протоколот, треба да се објави во изворна(оргинал) форма и да се преведе на македонски јазик за да може секој граѓанин да изгради свој став.Неопходна е широка расправа во општеството, потоа во Парламентот и за ставот што ќе го изрази Парламентот, да се изјаснат граѓаните на референдум. Се работи за стратешки и национални прашања за кои треба поширок консензус. Владата треба трпеливо и одговорно да ги анализира сите реакции на граѓаните, експертите, невладиниот сектор и партиите и на крај да изгради свој став, за кој ќе се отвори расправа во Собранието.

Од ДОМ пак, сеуште го разгледуваат предлогот.

Од ЛДП денеска денеска не сакаат да го коментираат последниот предлог од Париз, иако тие беа првите кои остро се спротиставија на првиот предлог и најавија напуштање на влдината коелиција доколку се прифати.

Референдумот на кој 95,09 отсто од народот гласаше „ЗА“ Независна, Самостојна и Суверена Република Македонија

Тоа беше референдум, на кој македонскиот народ и граѓаните на Македонија масовно излегоа на гласање и се изјаснија за независна и самостојна Република Македонија.

На денешен ден, 8 септември 1991 година во Република Македонија се одржа успешен референдум по кој беше прогласена независна Република Македонија, која дотогаш беше во рамките на СФРЈ.

На референдумот граѓаните се изјаснуваа на прашањето: Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Учествува 1,2 милиона Македонци и други граѓани на Македонија, а според резултатите кои беа објавени речиси стопроцентно беше поддржана самостојноста на Македонија.

Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа ЗА самостојна и независна македонска држава.


Текот на Референдумот го следеа 167 домашни и 100 странски акредитирани новинари. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ, по дефинитивното изјаснување на Словенија и Хрватска дека се определуваат за независност и самостојност. Во Македонија беше спроведено предреферендумска кампања, а на 2 септември беше објавен заеднички проглас на парламентарните и вонпарламентарните партии со кои граѓаните беа повикани масовно да излезат и да се изјаснат ЗА на Референдумот.

Партиите на Албанците ПДП и НДП не го поддржаа прогласот. Поддршка на референдумот изрази само Унијата на албанската интелигенција. Во кампањата на Референдумот се вклучи и Македонската православна црква која со семакедонска христијанска, православна молитва, преку божествена литургија, одржана на 1 септември во Соборниот храм Свети Климент Охридски, го обнароди значењето на Референдумот како трето илинденско послание.

Во тој период, поточно на 15 јануари 1992 година, Република Бугарија беше првата држава што ја призна независноста на Македонија. Следуваа признавањето од Турција, Словенија, Хрватска, Русија и Босна и Херцеговина…

Инаку на Референдумот му претходеше Декларација за независност што првото повеќепартиско македонско Собрание ја усвои на 25 јануари 1991 година, формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година.
Сенка врз настаните во темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на Референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од страна на пратениците Албанци.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

Поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето на ОН беше направено под привремената референца ПЈРМ (поранешна југословенска Република Македонија).

Република Македонија воспостави дипломатски односи со 158 држави во светот, а под уставното име ја признаа најголемиот број земји меѓу кои и три од членките во Советот за безбедност – Кина, Русија и САД.

Извор: Денешен.мк

ЌЕ ИМА РЕФЕРЕНДУМ за учебниците, против Царовска

Пратениците на собраниска комисија едногласно донесоа заклучок дека иницијативата за референдум за образовните реформи на министерката Мила Царовска е уредна.

Тие сега треба да го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери кој потоа ќе ја извести Државната изборна комисија да ги отвори подрачните единици за собирање на потребните 10.000 потписи.

Претставничката на Иницијативата “Учебници и настава мора да има”, Драгана Спасевска во Собранието побара Царовска целосно да го повлече предлог-законот за учебници. Една година да се работи на образовните реформи, тие да бидат познати на целата јавност и да стартуваат од наредниот 1. септември.

Поддршка за референдум родителите добија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека се за дигитализација, но никако да не се укинат печатените учебници.

Од друга страна, за пратениците од СДСМ нејасно е зошто се бара референдум бидејќи велат дека реформите биле дебатирани во јавност. Пратеничката Љатифе Шиковска рече дека досега повеќе пати во јавноста било кажано оти хартиените учебници и натаму ќе се користат.

„Учебници и настава мора да има“собираат потписи за референдум

Поучени од грешките во минатото, родителите денеска започнаа со собирање на потписите во Државната изборна комисија.

Поправен испит или нова можност за родителите од групата “Учебници и настава мора да има” да ги соберат потребните потписи за покренување иницијатива за референдум за Законот за учебници откако претходно Собранието експресно го одби првичното барање со образложение дека истото било неуредно доставено. Поучени од грешките во минатото, родителите денеска започнаа со собирање на потписите во Државната изборна комисија по што предлогот повторно ќе биде доставен до законодавниот дом.

-Ги очекуваме граѓаните на Скопје во работно време до 16:30 да ги дадат потписите. Иницијални се потребни 100 потписи за поднесување на предлогот до Собранието а понатаму постапката следува граѓанската иницијатива 10.000 потписи. Во Скопје не се многу а за Битола имам информации дека веќе се собрани потребните потписи.- Ѓорѓи Димовски – координатор на иницијативата.

Од Министерството за образование и наука барањето за референдум го оценија како апсурдно бидејќи според нив не е оправдано блокирањето на напредокот и дигитализацијата со која треба да се модернизира образованието .

-Промените мора да се случат. Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на нивно интегрирање во системот. Новиот Закон ќе ги донесе европските практики во нашите училишта а придобивките од истиот ќе стануваат достапни за учениците во следните 5 до 6 години. – Министерство за образование и наука.

Од Иницијативата за утре во 18 часот закажаа нови протести во повеќе градови низ Македонија, како и мирен марш во Скопје од каде повторно ќе ги презентираат своите ставови и барања за најавената дигитализација.

Прилог на Канал 5