Tag Archives: РЕКБитола

Поранешен хармоникаш на чело на РЕК Битола

Пеце Матевски, хармоникаш и досегашен директор на Термоелектрана е назначен за в.д. директор на РЕК Битола, откако беше разрешен досегашниот директор Златко Ќурчиевски.

Според ЕСМ, ќе следат и други кадровски промени во комбинатите, за да се подобри производството.

Инаку, Матевски е познат во јавноста како хармоникаш, кој своевремено настапуваше со групата Бон – Тон, а пак пред неколку години беше дел од Три Бенд, со кој имаше редовни гостувања во ресторани, но и на свадбени веселби.

На неговиот профил на социјалните мрежи се актуелни фотографии и видео снимки од настани на кои гостувал со бендовите, но исто така актуелна е и објавата дека пред четири години магистрирал на тема -Потребни карактеристики и вештини на менаџерите за продажба на брендирани производи.(ФОКУС)

РОКНА РЕК Битола, од утрово не произведува струја, што се случува ?

Во моментов најголемата термоцентрала во Република Македонија воопшто не произведува електрична енергија.

И првиот блок кој беше единствениот во функција од утринава не работи поради нова хаварија во термоцентралата.

Во медиумите се шпекулира дека рано утринава пукнале неколку цевки на бојлерот од првиот блок на електраната со што во моментов истиот е надвор од функција.

Причината за новонастанатата хаварија е тоа што нема доволно јаглен, односно и јаглен што го има е со низок квалитет и содржи големо количество на земја.

Температурата во котлите е над 1200 степени температура, температура на која земјата и остатоците од камен се претвараат во песок кој буквало ги пескари котлите и цевките, а со тоа ги оштетува и доведува до вакви хаварии.

Во саботата се запали трансформаторот на третиот блок со што истиот е вон употреба. Најоптимистичкото сценарио вели дека третиот блок може да се пушти во употреба дури за 6 месеци бидејќи истиот користи специјален трансформатор од 15 киловолти кој ја трансформира струјата во 440 киловолти.

Истиот не може државата да го купи на лагер бидејќи се прави по спецификација специјално за потребите на РЕК Битола. Компанија која е најблиску и би можела да го произведе е Кончар, но не за временски период пократок од 6 месеци.

Одговорноста на раководството на РЕК Битола и лично Васко Ковачевски е фактот што пред 6 месеци во термоцентралата имаше хавараија на истиот трансформатор кој во саботата се запали, но наместо да биде саниран, променет тој принудно бил ставен во функција во саботата за да се задоволат енергетските потреби на државата со што е направена уште поголема штета и пожар во кој за среќа немаше повредени и загинати.

Раководството на РЕК е и одговорно што навремено не ги набавило потребните количини на јаглен и сега се принудени да користат неквалитетн јаглен кој придонесе за денешната хаварија.

Доколку РЕК не произведува струја, Македонија презема електрична енергија од преносната мрежа за што веќе доби неколку опомени од Европската енергетска заедница, за што должиме 15 милони евра како казна.

Експертите предвидуваат дека доколку ова продолжи Македонија нема да има доволно струја ќе има чести прекини, а тааа што ќе се набави од надвор ќе биде многу поскапа.

(Видео) Вчера гореше РЕК Битола

Инфомакс ексклузивно дознава дека гори третиот блок во термоелектраната РЕК Битола. Она што во моментов гори е 20 тонско масло неопходно за работа на погонот.

Претходно Инфомакс пишуваше дека базените со јаглен се празни, а наместо енергетскиот баланс од 20 проценти мазут и 80 проценти јаглен, со месеци електраната работи 80 проценти мазут и 20 проценти јаглен, енергетски баланс кој е под стандардите за производство на електрична енерегрија, но и значително повеќе ја загадува животната средина.

Пожарот доаѓа на сред енергетска криза. Во вторник комисијата предводена од Бектеши ќе бара и прогласување на кризна состојба. Очекува наредната недела енергетските компани да ја добијат потребна финансиска поддршка.

Видеото ТУКА