Tag Archives: рекорд

Бети Котовчевска која се капе во студени води постигна нов личен рекорд во Лапонија

Македонката Бети Котовчевска (27) е една од ретките кај нас кој го практикуваат методот на холандскиот екстремен спортист Вим Хоф, метод кој има три компоненти: правилно дишење, постепено во студена вода и посветеност.

Нејзиниот личен рекорд е капење во студена вода на минус 33 Целзиусови степени, а сега постигна нов личен рекорд – минус 34 Целзиусови степени.
„Еве вака го соборив мојот нов рекорд – мирно, смирено и среќно. Мештаните на Лапонија ми кажуваа дека не се надевале на толкав пад на температурите баш во почетокот на пролетта, затоа што цела зима ја поминале со најладни минус 27,8 Целзиусови степени“, објави Коточесвка.

И додава : Вчера беше најладниот ден во Лапонија оваа зима и температурата изнесуваше -34 степени, а јас гордо ќе си го додадам овој еден степен како најголема моја победа“.

ВИДЕО: Пица за Гинис – Ова е најголемата пица во светот, има 68.000 парчиња

Мајсторите од ресторанот за брза храна „Пица хет“ во Лос Анџелес ја направија досега најголемата пица во светот, составена од дури 68.000 парчиња.

На импровизирана даска од 16.000 квадрати во Конгресниот центар во Лос Анџелес, десетина работници ги редеа парчињата тесто, по што беше ставен кечап, кашкавал и салама. Оваа мега пица била испечена со помош на посебна машина која лебди над тестото.

Претседателот на „Пица хет“ , Дејвид Грејвис изјавил дека со оваа рекордна мега пица покажале дека предничат во работата.

-Ние први почнавме да работиме со испорака на пица, вклучително и нарачка преку интернет, а еве сега соборуваме и светски рекорд. Пицата ќе биде донирана на локалните банки за храна, изјавил Грејвис.

Македонија се запиша во книгата на рекорди по спелеологија

Дарко Неданоски од Прилеп ја запиша Македонија во книгата на рекорди и го постави новиот државен рекорд во слегување во некоја пропаст. Неданоски како дел од меѓународната експедиција, која се одвиваше на Канин планина, која што се наоѓа на границата помеѓу Словенија и Италија ја истражуваше пропаста „Скраљево брезло“ и се спушти да длабочина од – 1.200 метри.

„Огромна чест и задоволство ми претставува да ви соопштам дека Македонија офиициијално за прв пат во историјата на македонската спелеологија се наоѓа во книигата на рекорди. После 6 денови поминати во мрак, влага, ниски температури и екстремно тешки услови за работа ја завршивме една од попредизвикувачките, ако не и најпредизвикувачката експедиција од сите во моето досегашно искуство во подземниот свет со која успеав да поставам и нов државен рекорд како единствен Македонец, спелеолог, кој се спушти на – 1.200 метри под земја“, вели Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошката федерација на Македонија.

Пропаста „Скраљево брезло“ досега е истражена до 1.200 метри, а се претпоставува дека е длабока 1.900 метри и целта на оваа мисија беше да се пробијат тие преостанати 700 метри. Во оваа експедиција се потврдило дека каналите продолжуваат и под 1.200 метри, дел од нив се отвориле, што се уште ја држи отворена тезата дека ова е потенцијално најдлабоката пропаст во Европа. Неданоски опишува колку било тешко истражувањето внатре во екстремно тешки услови 6 дена без воопшто да излегуваат на површината.

„Мрак, ниски температури, кога мислам ниски, мислам на температура која што е континуирано од 1,5 до 2,5 целзиусови степени, облеката ни е константно мокра, храната ладна, но сепак ја загреваме. Спијаме, но условите за спиење се тешки, бидејќи времето не ни е ориентација, спиеме тогаш кога се чувствуваме премногу заморени и тоа само по неколку часови. Но сепак енергијата беше на високо ниво, и сите имаме иста цел да се истражуваме и да се спуштиме што е можно подлабоко“, додаде Неданоски.

Неданоски се надева дека повторно ќе има прилика да оди на експедиција „Скраљево брезло“ и да се се спушти на длабочина од 1.900 метри.

Бабава има 100 ГОДИНИ, а крева тегови како од шала, го сруши и Гинисовиот рекорд (Видео)

Баба Идит Марвеј од Флорида, неодамна го прослави својот 100 -ти роденден.

Не само што ја прослави јубилејната стотка, туку го прослави и соборувањето на Гинисовиот рекорд во кревање тегови, како најстара во таа категорија за 2022 година.

Идит започнала да крева тегови пред девет години, на свои 91 година и не планира да престане, но планира целосно да се посвети на оваа дисциплина.

Алал да и е и да живее уште сто плус 🙂

ВИДЕО:

Тетовчани крадци поставија РЕКОРД: ДВЕ БАНКИ ограбени за 20 МИНУТИ❗

МВР во својот полициски билтен информира дека вчера вечер во периодот од 03:30 часот до 03:50 часот во СВР Тетово било пријавено грабеж во две банки.

Во првиот интервал во експозитура од банка во склоп на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари.

Петнаесетина минути подоцна засега непознати сторители исто така со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово, но овој пат одзеле пари од банкомат.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Нов државен рекорд за Дрита Ислами🏆

Најдобрата македонска атлетичарка, Дрита Ислами го подобри македонскиот рекорд на 400 метри со пречки и победи на трката на Европското првенство – трета дивизија.

Пред дваесетина дена Дрита Ислами постави државен рекорд на 400 метри со пречки (85,66), а сега го подобри за повеќе од една секунда, што е фантастичен резултат.

Таа на Европското првенство – трета дивизија кое се одржува во Лимасол истрча со време од 57,53 секунди со што постави ново најдобро македонско време во оваа дисциплина.

Ислами го освои првото место далеку пред конкуренцијата во втората финална трка, со оглед што станува збор за екипен шампионат во кој атлетичар(к)ите се борат за бодови за својата репрезентација, а не за личен пласман.

Со овој резултат Дрита освои 1095 поени на табелата на Светската атлетска федерација.

Тренерот Игор Јакимовски изјави дека ова е убедливо најдобриот резултат во македонската атлетика во 21-виот век.

Нов светски рекорд – 37 годишна жена роди 10 бебиња !😮

37-годишна жена родила десет бебиња и постави светски рекорд, подобрувајќи го претходниот на Халима Сисе која роди девет деца во Мароко во мај.

Жосиаме Ситол стана мајка на седум момчиња и три девојчиња кои се родени во болница во главниот град на Јужна Африка – Преторија.

Таа се породила со царски рез, според локалните медиуми, информирани од нејзиниот сопруг Тебохо Цотеци.

– Таа беше седум месеци и седум дена бремена. Среќен сум и возбуден. Жал ми е, не можам да зборувам многу во моментов – изјави тој пред новинарите.

Жосиаме за време на бременоста за медиумите изјави дека е „шокирана и фасцинирана“ од фактот дека носи толку многу бебиња.

Првично се сметаше дека се осум, но тестовите подоцна потврдија дека биле десет бебиња.

Лекарите велат дека случајот е вистинска реткост, бидејќи не е резултат на третман со неплодност.

Бебињата ќе ги поминат следните неколку месеци во инкубатори.

Тие се со недоволна тежина и лекарите ќе се борат за своите животи.