Tag Archives: Ременски

Ременски за пушењето: Треба да се престане труењето со голи жалби дека не може да се стави зимница заради зејтинот од 150 денари

Фејсбук статус на Фросина Ременски за зимницата и зејтинот ви го пренесуваме во целост:

🚩1️⃣ литар зејтин по цена од 130 до 140 денари.
🚩1️⃣ кутија цигари по цена од 100 до 180 денари + електронски цигари + тутун.

Проста математика:

🚩 15 кутии цигари од 100 денари за 1️⃣ пушач за 30 дена = 1500 денари.
🚩 1500 денари : 150 денари за 1 литро зејтин = 10 шишиња за 30 дена за цело семејство.

Може и ваква математика:

🚩15 кутии цигари по цена од 100 денари за 1️⃣ пушач за 30 дена = 1500 денари.
🚩 1500 денари = 3 вреќи пелети од 15 кг за дводневно греење на куќа/стан од 70 м2.
🚩 1500 денари = 1/3 од кубик огревно дрво за 15 дена греење.

Кој пуши нека си пуши, но мислам дека треба да престане труењето со голи жалби дека не може да се стави зимница заради зејтинот од 150 денари, а притоа ретко кој пушач сака да размисли од што навистина може да се заштеди и да си го сочува здравјето.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02GXhWX1KFP2i9zEogtzXQ5NnQV1aAEjBMvmLgdZGNXFJFa9hZwjWCK7jC7BsxzTjl&id=100044333714272

Ременски: Ја барам поддршката од искрените борци и членови на СДСМ

Мојата цел е да победам и да го вратам социјалдемократскиот сојуз на победничките шини, изјави вечерва во Тема на денот на Сител Фросина Ременски, кандидат за нов лидер на СДСМ.

-Ја барам поддршката од искрените борци и членови на социјалдемократскиот сојуз кои што сите овие години знаат како функционирала партијата особено во времиња кога сме се соочиле со една длабока опозиција, знаат да ги следат напорите и трудот, конзистентноста во ставовите и секако да го наградат оној кој што сметаат дека поседува капацитети да ги врати победничките бои на социјалдемократскиот сојуз, рече Ременски.

Ременски против Царовска:Што разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници

Професорката Фросина Ременски и поранешна висока функционерка на СДСМ и на Собранието, ги критикува предупредувањата од МОН дека сите оние што ќе продаваат хартиени учебнци, ќе добијат пријави во Полиција.

„Нашата домашна библиотекa брои околу 2.100 книги од секаков жанр и на повеќе јазици. Каде и да одиме купуваме книги, а на старите напуштени им даваме живот и век. 

Син ми “чул – не дочул” ме прашува вчера зошто полиција ќе оди по книжари како што чул на телевизија. Како да му кажам на детето дека, книгата никој не може да ја забрани – напротив колку е позабранета, толку повеќе ќе се бара. 

Но, колку разбрал тој, толку разбрала таа што во МВР ќе пријавува книжарници. 

Ќе беше подобро да ги пријави 60-те милиони евра потрошени за лаборатории кои (дел) со фалсификати наместо на факултетите отидоа по МВР и никогаш не стигнаа до студентите – исто како оние компјутери за секое дете. Ама неее …, таму не смее да се чепка, па затоа удри по книжарите“, пишува Ременски на својот гејсбук профил