Tag Archives: Ристова

Ристова: Mоже да се утврди кога синот на Џафери дипломирал, а кога положил правосуден испит

Лесно може да се открие дали синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет, дипломирал или не пред да се запише во Академијата на судии и обвинители, смета универзитетската професорка Мимоза Ристова.

„И шо ако ги нема докуметите во Министерството за да се види дали малиот на спикерот Џафери се запишал на Академијата за судии и обвинители пред да дипломира! Зарем доказите нема да ги најдете

1. На соодветниот фалултет/универзитет во книгата на дипломирани.

2. Во Академијата во евиденцијата за пријавени Конкурсот за пријавување, потоа запишани. За ова треба да постојан дестеина релевантни пишани траги.

И доста ви е ова за да се докаже евентуалниот криминал, и да се побара одговорност за СЕРИОЗНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“, пишува Ристова.

Ристова реагира на ставот на Антикорупциска според која не може да се отвори предмет за случајот Барлет Џафери, бидејќи, како што наведоа, Министерството за правда не ја чувало документацијата. 

Од Правда, соопштија дека досегашната пракса била документите на кандидатите односно барањата и другата пропратна  документација на кандидатите за полагање правосуден испит да се чуваат една година“,

„Во врска со случајот со Барлет Џафери кој го водеше Државната комисија за спречување на корупција Ве информираме дека согласно евиденционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството за правда и е од трајна вредност, лицето Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година…

Потписот за положен правосуден испит го ставил Аднан Јашари кој ја извршувал функцијата министер во 2015 година.

Но, Аднан Јашари, вчера негираше такво нешто.

Јашари одговорил дека не положил додека тој бил министер, туку пред него. На прашањето дека според Министерството за правда потписот за положен правосуден испит го ставил тој, Јашари додаде дека (Барлет) положил шест месеци пред да стане министер.