Tag Archives: рудник

Огромна трагедија во Турција: Над 40 загинати по експлозија во рудник (Фото)

Најмалку 40 рудари загинаа при експлозија во рудник во Турција, а се стравува дека овој број ќе се зголемува. Во тек е спасувачка операција, но локалните медиуми јавуваат дека пожарот се уште не е изгасен и со тоа се отежнува и спасувањето на преживеаните и заробени во рудникот.

Експлозијата се случила на 300 метри под земја, во рудник за јаглен во црноморската крајбрежна провинција Бартин, вчера во 18 часот и 15 минути по локално време.

На местото на несреќата стигна и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган…

Властите соопштија дека околу 110 луѓе работеле под земја за време на експлозијата. Турскиот министерот за внатрешни изјави дека спасени се 58 рудари.

Во акциите за пронаоѓање и спасување учествуваат преку 150 лица, а на терен се и волонтери на Црвената полумесечина, кои им помагаат на спасувачките екипи и на семејствата на исчезнатите.

Засега се уште не е јасна точната причина за експлозијата, но властите соопштија дека првите индиции се дека таа била предизвикана од гас кој се создава во рудниците за јаглен.

Најголемата турска опозициска партија обвини дека властите игнорирале извештај на Ревизорската служба од 2019 година, со укажувања за опасност од експлозија токму во овој рудник.

Страшно: Се урна рудник со злато во Судан, најмалку 31 лице загинаа

Најмалку 31 човек загинаа при уривање на приватен рудник за злато во западниот дел на Судан.

Несреќата се случила на локалитетот Ен Нахуд, во суданската држава Западен Курдуфан.

– По уривањето на рудникот на површина се извлечени телата на 31 човек. Само едно лице е спасено, изјави директорот на рудникот Халед Дахвеј.

Две лица загинаа во рудникот Бучим кај Радовиш

Во 11:43 часот, денеска две лица загинаа во рудникот „Бучим“ кај Радовиш, членови на Алипинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш кои биле ангажирани за чистење на високо недостапни силоси.

Во официјалната изјава на рудникот „Бучим” стои дека во работната единица флотација се случил несреќен случај, при што две лица се починати.

– Починатите лица се подизведувачи од Алпинистички клуб „Плоча“-Радовиш, ангажирани за извршување работни задачи-чистење на високо недостапни силоси. На местото на несреќата медицинскиот персонал на „Бучим“ веднаш ги презеде сите неопходни мерки за укажување на прва помош и настраданите лица се упатени кон ЈЗУ Здравствен Дом – Радовиш и ЈЗУ Клиничка болница – Штип, каде што е констатирана смрт, информираат од рудникот.

Оттаму посочуваат дека се известени и повикани сите надлежни органи што се бараат со закон во таков случај за извршување на увид.

– Службите за итни случаи и одговорните служби во моментов вршат истрага. „Бучим“ целосно соработува во овој процес. Формирана е и комисја која врши проценка за причината за настанатиот несреќен случај во согласност со сите законски барања. Резултатите од истрагата ќе бидат дополнително соопштени, веднаш штом ќе бидат достапни наодите, се додава во официјалната изјава на „Бучим“, од каде искажуваат искрено и најдлабоко сочувство до семејствата на починатите лица.

Настанот го потврди и портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека увидот е во тек, а го вршат полициски екипи и јавен обвинител. Повеќе детали за трагичниот настан од полицијата најавуваат за подоцна.