Tag Archives: Русија

ЗАХАРОВА ЗА АПСЕЊЕТО НА ПУТИН: Одлуката на судот во Хаг нема никакво значење за Русија!

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на својот Телеграм канал веднаш ја коментираше веста за издавање налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова.

Таа изјави дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд нема правно значење за Руската Федерација.

„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакво значење за нашата земја, вклучително и од правен аспект“, напиша таа на нејзиниот канал Телеграм.

„Русија не е потписник на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и не сноси никакви обврски според него. Русија не соработува со ова тело, а можните „рецепти“ за апсење кои доаѓаат од Меѓународниот суд ќе бидат правно ништовни за нас. “, нагласи таа.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – Во Сан Стефано е склучен мировен договор со кој Русија на Бугарија и ја подарува Македонија

На денешен ден, 3 март 1878 година, по завршувањето на Руско-турската војна (1877-1878), во гратчето Сан Стефано, кај Цариград, бил склучен мировен договор, познат како Санстефански мир.

Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина била предвидена автономија под надзор на Австро-Унгарија, а било создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција – Голема Бугарија.

Покрај другите делови, во кнежевството било предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро-Унгарија, Германија и на другите големи сили со превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13 јуни  до 13 јули 1878 година), договорот бил ревидиран.

Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразиле врз понатамошните односи на Балканот.

„Склучувањето на Санстефанскиот договор беше голема грешка од руска страна. Зашто тој Договор правеше од Македонија чисто бугарска земја. Таа е словенска, но не и бугарска…” (“Петербуршки ведомости”, Бр. 315 од 1900 година)

По силните притисоци на Австро-Унгарија и Англија врз така скроениот Санстефански договор, идејата за негова ревизија била прифатена и од владата на Русија.

Кнезот Горчаков, по чија наредба руската делегација го потпишала договорот, нешто подоцна самиот напишал:

– Санстефанскиот мир ни создаде големи потешкотии. Сега ние треба да отстапуваме, и без жртви, одвај ќе најдеме излез од положбата, вели кнезот Горачков.

По тој настан реагирал и грофот Шувалов, кој на австроунгарскиот министер Андраши му изјавил:

– Санстефанскиот мир е несреќа за нас, а не за Австрија. Тоа е најголемото недоразбирање што можевме да го направиме. На крајот на краиштата, ние ќе бидеме принудени да отстапиме пред очите на цела Европа, изјавил Шувалов.

Договор по Руско-турската војна

Санстефанскиот мировен договор е договор помеѓу Руското Царство и Отоманската Империја склучен на крајот од Руско-турска војна (1877-1878). Бил потпишан на 3 март 1878 во Сан Стефано (Јешилќој), село западно од Истанбул, од страна на Никола Павлович Игнатиев и Александар Нелидов од страна на Руското царство и министерот за надворешни работи Сафет Паша и Амбасадорот во Германија Садулах Беј од страна на Отоманската Империја.

Со договорот всушност се воспоставила Санстефанска Бугарија како независна држава. Според некои извори за Русија Санстефанскиот договор претставувал само прелиминарен договор кој требало да служи како основа за понатамошни преговори со останатите големи сили од тоа време.

Австро-Унгарија, Британската Империја и Франција не биле задоволни со проширувањето на влијанието на Русија, додека Србија и Грција биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство довело до потпишување на нов мировен договор само неколку месеци подоцна, на Берлинскиот конгрес одржан во јуни и јули 1878 година.

Британскиот историчар A.J.P. Тејлор вели: „Ако договорот од Сан Стефано останел во сила и Отоманската империја и Австро-Унгарија би преживеале до денес. На крајот од 1878 Роберт Сесил пишува: Треба повторно да формираме рахитична форма на турското владеење на југот од Балканот. Но, тоа е само одмор. Нема виталност останато во него.“

Денот на потпишувањето на овој договор во денешна Република Бугарија се слави како национален ден на ослободување.

По крајот на Руско-турската војна во Едрене било потпишано примирје. Уште во почетокот на Руско-турската војна ситуацијата во Европа била загрижувачка. И покрај противењето на опозицијата на чело со Вилијам Гладстон во мај 1877 година, Владата на Велика Британија донела одлука да се вклучи во војната на страната на Отоманската империја во случај Русија да го нападне Истанбул и да навлезе на територијата на Египет или да ги окупира Дарданелите или Персискиот залив. Руската влада брзо ја уверила на Англија дека Египет и Персискиот залив не се во нејзините планови.

Бидејќи стравувала од сојуз на Русија со Германија и Австро-Унгарија, британската влада сакала да ја привлече Австро-Унгарија на своја страна. Во мај 1877 година британскиот премиер испратил таен меморандум до австро-унгарската влада која одговорила дека нема да биде согласила на една долготрајна руска заштита над Бугарија. Отворените антируски искази во Англија и несогласувањето на Хабсбуршката монархија со руските планови довело до тоа да Високата Порта побара дипломатска помош. Виена сепак ја отфрлила османлиската молба за помош бидејќи не барала начин да ја спаси империјата туку да се прошири кон Балканскиот полуостров. Поради тоа Австро-Унгарија сакала мировниот договор по војната да биде потпишан од сите Големи сили, зад кој договор застанала и Велика Британија.

Германија ја зазела страната на Русија

Во февруари 1878 година Германија ја зазела страната на Русија бидејќи се интересирала само од слободниот превоз по Дунав и Дарданелите, а освен тоа се залагала за поробеното христијанско население на Балканот. Канцеларот Ото фон Бизмарк понудил да посредува во руско-британските несогласувања. На крајот на истиот месец министерот за надворешни работи на Австро-Унгарија се спротиставил остро против проширувањето на Бугарија на југ од Стара Планина. Во меѓувреме Русија започнала да има тешкотии и со балканските сојузници. Романија изразила незадоволство од преминувањето на Јужна Бесарабија во составот на Руската империја иако таа ја добила Северна Добруџа како компензација. Подоцна сите овие околности, вклучувајќи го и фактот што руската армија не ги ослободила Македонија и Родопите, ја попречиле реализацијата на Санстефанскиот договор и поради тоа истиот бил ревидиран преку Берлинскиот договор.

Мировните преговори започнале на 13 февруари откако во Едрене пристигнал првиот член на турската делегација, министерот за надворешни работи Сафвет Паша. Две недели подоцна пристигнал и вториот – Сабдулах бег, амбасадор во Берлин. Во тоа време започнал и упадот на Британската морнарица во Мраморно Море. Уште во почетокот на преговорите Сафвет паша најавил дека империјата ќе ги оствари изработените од Цариградската конференција реформи, но тој ги отфрлил условите за мир бидејќи потпишување на договорот требало да има само ако биде започнат конгрес на сите Големи сили. Сафвет сакал да ги одлага преговорите но да не ги прекинува бидејќи се плашел од нова руска офанзива кон главниот град но сеуште се надевал на британска и австро-унгарска подршка. Преговорите започнале да одат во ќор сокак па руската влада решила да преземе цврсти мерки. На 24 февруари испратила одред од 10.000 луѓе крај Цариград, а главните руски преговарачи се преместиле од Едрене во Сан Стефано, но оваа тактика на заплашување не дала резултат и османлиските преговарачи продолжиле да заработуваат во време до посакуваната помош од конгрес со Големите сили.

Турците против границите на Бугарија и Србија

Делегацијата на Отоманската империја се противила на границите на Бугарија и Србија, кои зазимале значителни делови од териториите на империјата. Руските претставници не сакале да отстапат од своите позиции. На 25 февруари во Сан Стефано пристигнал големиот везир Ахмед Вефик но повторно не бил постигнат успех па на 28 февруари истите биле прекинати. Истиот ден грофот Игнатиев го известил главниот командант на војските кнез Николај Николаевич дека примирјето мора исто така да биде прекинато но Николаевич бил загрижен дека ваквите дејства би довеле до војна со Велика Британија. На 1 март руските претставници поставиле ултиматум на османлиската делегација да го потпише договорот или воените дејствија ќе бидат обновени а во исто време руската армија започнала готовност за датргне кон османлиската престолнина. Така Високата порта започнала повторно да преговата. Договорот бил потпишан на 3 март 1878 година а одлуките на договорот стапиле во сила на 18 март.

Со договорот се воспоставува автономна област во рамките на Отоманското Царство со широки овластувања, Христијанска управа и право на сопствена армија. Оваа територија го опфаќа просторот помеѓу Дунав и планинскиот масив Стара Планина, регионот на Софија, Пирот и Врање во долината на Морава, Северна Тракија, делови на Источна Тракија и речиси цела Македонија (Член 6 од договорот).

Принц избран од народот, потврден од страна на Отоманската империја и Големите сили ќе управува со територијата. Совет на видни луѓе ќе дадат предлог на Устав (Член 7). Воените трупи на Отоманската империја ќе се повлечат од оваа територија, додека Руската воена окупација ќе продолжи во следните две години (Член 8).

Црна Гора Согласно договорот, речиси двојно ја зголемува својата територија за сметка на Отоманската Империја, при што и се преклучени (Никшиќ),(Подгорица) и (Антивари). Отоманската империја ја признава нејзината независност.

Велика Британија и Австро-Унгарија се спротивставиле

Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор Отоманската империја ги прифатила барањата на Русија но се надевала дека барем делумно ќе влијае на новата бугарска држава. Велика Британија и Австро-Унгарија се спротиставиле на договорот изјавувајќи дека Русија т.н. Источно прашање го заклучила единствено во нејзина корист без да расправа за тоа со западните сили. Заедно со Велика Британија, Италија и Франција исто така се изјасниле против излегувањето на Бугарија на Белото Море, под изговор дека ќе биде користено од Русија за свое идно влијание на Медитеранот. Велика Британија започнала да се подготвува за војна. Австро-Унгарија била незадоволна бидејќи кон новата бугарска држава била вклучена Македонија. Германија индиректно ја подржала Русија. Оваа криза довела да Русија започне да размислува за идните можни конфликти против Велика Британија и Австро-Унгарија. Руската армија била изморена од војната и неспособна.

На крајот на март 1878 година од Русија во Австро-Унгарија бил испратен грофот Игнатиев кој требал да постигне разбирање за спорните прашања. Започнале преговори околу средна и западна Македонија кои влегувале во Бугарија, а Австро-Унгарија овие територии ги посакувала за свои цели и излез на Егејско Море а како компензација Србија би се проширила кон источните делови. Така преговорите немале успех, а од Берлин пристигнала телеграма во која Германија се понудила како посредник меѓу британската и руската страна, со цел да се избегне голема војна.

На 27 април 1878 година руската влада донела одлука за исполнување на барањата на Австро-Унгарија во врска со Бугарија, со цел да избегне конфликт. Според договорот со британската страна, Бугарија била поделена на два дела. Јужниот дел го добил името Источна Румелија. Србија и Грција исто така не биле незадоволни од воспоставувањето на Голема Бугарија. Ова незадоволство подоцна довело до одржување на Берлинскиот конгрес во 1878 година. Романија, која дала голем придонес на страната на победниците во војната, била крајно разочарана од договорот. Јавноста во Романија гледала на договрот како предавство од страна на Русија, која го прекршила Руско-романскиот договор пред започнувањето а војната, со кој се гарантирал интегритетот на романската територија.

Научникот кој ја предвиде трагедијата во Турција предупредува на МЕГАЗЕМЈОТРЕС, еве каде… (ВИДЕО)

Сеизмологот Франк Хугербитс, кој предупреди на разорниот земјотрес кој на почетокот од февруари ги погоди Турција и Сирија, на каналот Solar System Geometry Survey (SSGEOS) на YouTube изјави дека нови катастрофални потреси би можело да ги погодат руските територии на Далечниот исток веќе на почетокот од март.

Според истражувачот, поради конвергенција на критичната геометрија на Земјата, Меркур и Сатурн од 2-ри до 5-ти март, веќе на 3-ти и 4-ти март или 6-ти или 7-ми март, Земјата може да биде погодена од „мегаземјотрес“ со магнитуда од 8,5 па и повеќе според Рихтер.

„Многу поочигледна флуктуација повторно го одбележи западниот дел од Тихиот Океан. Од Камчатка, Курилските острови и Јапонија на север, над Филипините, а исто така и над Сулавеси, Халмарера, можеби дури и над морето Банда, Индонезија. Тоа може да биде позначително на 3-ти или на 4-ти март“, вели Хугербитс.

Притоа ги повикува жителите на овие региони да подготват планови во случај на сеизмички активности.

„Првата седмица од март ќе биде многу важна. Може да видиме силен и многу силен сеизмички настан. Ова е нешто за што мора да сѐ да биде во состојба на зголемена готовност. Доколку сте во област подложна на земјотреси, секога ви е потребен план во случај на земјотрес. Без разлика на прогнозите, потребен ви е план за потреси. Кога земјата ќе почне да се тресе, треба да можете многу брзо да излезете од куќата или од зградата. Тоа ќе ви го спаси животот“, појаснува научникот.

На 3-ти февруари Хугербитс објави дека „порано или подоцна“ во јужна Турција, на границата со Сирија, ќе има катаклиззма со магнитуда од 7,5 степени по Рихтер.

Два земјотреса со магнитуди од 7,7 и 7,6 во интервал од девет часови на 6-ти февруари ја погодија југоисточната турска провинција Кахраманмараш. Потресите, проследени со стотици моќни афтершокови беа почувствувани во 11 турски провинции и во соседните земји, вклучително и во Сирија, каде што бројот на жртвите се изразува во неколку илјади.

Според последните податоци од средата, во двете земји досега се забележани повеќе од 53.000 жртви и над 130.000 повредени со повеќе стотици урнати објекти.

Oсмани и се „развика“ на Русија: Итно да се повлечете од територијата на Украина!

На една година од руската инвазија врз Украина, министерот за надворешни работи Бујар Османи се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации на отворената дебата за Украина на тема „Зајакнување на одговорноста и правдата за прекршување на меѓународното право“.

Оваа отворена дебата доаѓа по вчерашната 11-та Специјална итна седница на Генералното собрание на ОН, каде Претседавачот Османи исто така имаше свое обраќање. На седницата на ОН беше усвоена Резолуцијата за праведен и траен мир во Украина. Во тој контекст, пред Советот за безбедност Османи истакна дека Северна Македонија ја поддржува оваа резолуција и е меѓу нејзините главни ко-спонзори. За зачувување на мирот и безбедноста, рече тој, потребна е максимална акција за придржување кон меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.

Тој во своето обраќање уште еднаш се осврна на нашата поддршка за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници. Ја обвини Русија за постојаните напади во урбаните области, оставајќи ги цивилите и градовите без пристап до основни човечки потреби.

„Досегашните истраги во повеќето нападнати градови во Украина водат до заклучок дека се извршени воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече Османи, споменувајќи и извршена сексуална злоупотреба и насилство врз жени и девојчиња, што е сериозно кршење на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право.

„Сторителите на овие злосторства мора да одговараат и да бидат изведени пред лицето на правдата“, потенцираше Османи. Тој нагласи дека како Претседавач со ОБСЕ сака да стави акцент на Московскиот механизам на ОБСЕ како важен извор, со цел да се утврдат фактите за можните воени злосторства и злосторствата против човештвото. Ова е, рече Османи, со цел извршените злосторства да се презентираат пред релевантните механизми за одговорност, како и пред меѓународните судови или трибунали.

„Го делиме ставот дека Меѓународниот кривичен суд е составен дел од мултилатералната архитектура која го поддржува владеењето на правото. Таа е централна институција во борбата против неказнивоста и потрагата по правда“, рече Османи во своето обраќање.

Тој додаде дека целосно ја поддржува истрагата што ја започна Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд и ги поздрави и привремените мерки на Меѓународниот суд на правдата со кои ѝ се наложува на Русија веднаш да ги прекине воените операции.

Османи повика и на целосно искористување на постоечките механизми за човекови права како клучни за поддршка на процесите на одговорност, зборувајќи тука за Советот за човекови права. Овој Совет, согласно своите специјални процедури, треба да ги истражи повредите и злоупотребите на човековите права и поврзаните злосторства во контекст на руската војна против Украина.

На крајот на своето обраќање, Османи ја повика Руската Федерација да ја прекине војната и го повтори барањето за итен прекин на воената агресија врз Украина, како и за целосно и итно повлекување на нејзините сили од територијата на Украина.

„Мора да го вратиме мирот и мора да надвладее одговорноста! Тие што направиле злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата“, заклучи Османи.

Путин му пишал писмо на Вучиќ: Ве поддржуваме во заштита на вашиот територијален интегритет

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска прими писмо со честитки од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, по повод Денот на државноста на Србија, во кое, меѓу другото, се наведува дека Москва високо ја цени „ избалансиран надворешнополитички курс што Белград го спроведува во сегашните сложени меѓународни околности“.
Во честитката на Путин се наведува понатаму.

„Добијте срдечни честитки по повод националниот празник на вашата земја – Денот на државноста. Србија е важен и доверлив партнер на Русија. Ние високо го цениме балансираниот надворешнополитички курс што Белград го следи во сегашните сложени меѓународни околности. Ги поддржуваме вашите напори насочени кон заштита на територијалниот интегритет на земјата и решавање на косовското прашање. Уверени дека натамошниот развој на руско-српското стратешко партнерство целосно одговара на интересите на нашите братски народи. Искрено ви посакувам добро здравје и успех, како и на сите граѓани на Србија благосостојба и просперитет“, се вели во честитката на рускиот претседател, која на претседателот Вучиќ му ја врачи амбасадорот на Русија, Александар Бочан-Карченко.

Мис Русија ја игнорира цел свет !? (Фото+Видео)

Русинката Ана Линикова беше избрана за мис Русија и ја претставуваше својата татковина на годинашниот избор за убавина Мис Универзум, кој се одржа на 15 јануари во Њу Орлеанс, САД. Титулата за најубава жена ја понесе Р’Бони Габриел од САД.

Претставничката на Русија вели дека се соочила со постојани напади, навреди и закани од украинските интернет-корисници, па дури и негативни коментари од познаници. Таа не сакала да коментира за војната, иако претставничката на Украина Викторија Апанасенко ја прашала за мислење и став. Ана Линикова вели дека таа е тука за натпреварот.

„Многумина ме избегнуваа и се оттргнуваа кога ќе чуеја за моето потекло. Девојките од Украина и Швајцарија бегаа од мене ‘како од оган’. Покрај тоа, сè околу изборот на првите 16 девојки беше ‘чиста политика’“, изјави убавата Русинка за „Вечернаја Москва“.

Таа вели и дека тоа што не се пласирала во финалето на натпреварувањето нема никаква врска со квалитетот на нејзиниот настап.

„Се обидов да стапам во контакт со Украинката, но сите напори беа залудни. Сите го видоа демонстративното однесување на Викторија – тоа е нејзин избор, а јас не држам лутина“, додаде мис Русија.

Памела Андерсон: ПУТИН МЕ ПОЛУДЕ !

Пред неколку години, средбата меѓу Памела Андерсон и Владимир Путин во Кремљ предизвика лавина коментари…

Ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“ отсекогаш била во центарот на медиумското внимание, но секогаш од различни причини. Животот на богатата и славна актерка не бил отсекогаш толку убав, но секогаш бил турбулентен и носел доза на интрига.

Таа постојано зборуваше за тоа како била силувана кога имала само 12 години, нејзиниот филм и врската со тапанарот Томи Ли го следел целиот свет, како и нејзиното позирање за Плејбој, додека деновиве е актуелна поради нејзината книга и документарниот филм „Со Љубов, Памела“.

Меѓутоа, во морето приказни за Памела Андерсон посебно се издвојува онаа во која таа беше доведена во врска со еден од најмоќните луѓе на планетата – Владимир Путин.


Имено, Памела била во Кремљ од хумана причина и тогаш започнала целата приказна за аферата со претседателот на Русија.

Памела, меѓу другото, е и голем борец за правата на животните. Затоа контактирала моќници од Русија, конкретно за да побара од нив да забранат увоз на производи од морски цицачи. Откако им го претставила своето барање, Памела добила покана да дојде во Кремљ, која не ја одбила.

  • Бев во Кремљ, седнав на маса и сите беа таму. Путин само еднаш бил во собата, но слушнал се. Добив пораки од други луѓе дека е среќен што сум таму – изјави Андерсон.

Странските медиуми пишуваат дека една од најпознатите русокоси во светот неколку пати го посетила Кремљ, а приказните за нејзината врска со Путин веднаш почнале да се шират. Тие приказни дополнително беа поттикнати од информацијата дека Путин, на барање на Памела, забранил лов на морски цицачи во 2009 година, многу брзо по нивната средба во Москва.

Памела Андерсон со шефот на кабинет на претседателот на Русија
  • Ме полуде! – изјави еднаш Памела и со тоа им даде повод на медиумите да продолжат да пишуваат на оваа тема.

Неколку години подоцна, поточно во 2015 година, Памела повторно му пиша на претседателот на Русија, само овојпат поради увозот на месо од китови.

  • Почитуван Владимир Владимирович, верувам дека и двајцата делиме заедничка љубов кон животните и длабока почит кон природата и поради оваа причина сакам да ви испратам лично барање во име на загрозените китови. Претседателе Путин, можете да го спречите овој нелегален транзит со забрана на овој брод да носи товар со загрозено месо од кит низ руските води до Јапонија. Би сакал со почит да ве замолам да размислите за истрага на оваа пратка и да направите се што можете за да спречите нелегален товар да влезе во Јапонија. Вашата одлука може да стави крај на непотребното колење на загрозените китови од страна на Исланд – напиша тогаш Памела

Памела подоцна дури и ја критикуваше американската антируска кампања во едно интервју.

  • Луѓето мислат дека Русите се многу страшни и стоички, но можат да бидат многу емотивни, многу ангажирани и да сакаат да ја направат вистинската работа. Америка знае да биде многу досадна со своите антируски ставови – истакна Памела.

Сепак, Памела никогаш не ги потврди наводите за аферата со рускиот претседател, за која пред неколку години многу пишуваа странските медиуми, но затоа во нејзино име некако одговори познатиот водител Пирс Морган. А згора на сето тоа, во приказната вметна и уште еден голем „непријател на Западот“ – Џулијан Асанж.

  • Таа е пријателка со Џулијан Асанж, а од сите луѓе е пријателка со Владимир Путин. Дури се навестуваше и романса со Владимир Путин – изјави популарниот водител кога ја угости Памела.

И Балканот и Полска ДА СЕ ВО ЕДЕН РУСКИ ДОМ, не само Украина, бараа на руска телевизија (ВИДЕО)

На Руската државна телевизија се разговараше за планираната стратегија на Русија за следната деценија. Нивните експерти, покрај тоа што изјавија дека украинскиот јазик не постои, предвидуваа дека Русија ќе ги здружи соседните земји во „еден голем руски дом“, со можно проширување на Балканот и Полска.

„Сега, од една страна, многумина имаат причина да очајуваат, но ако ги погледнете работите од друга перспектива, Русија победнички се бори против повеќе од милијарда западњаци. Во текот на целата оваа година, Западот не можеше да ја победи Русија. Просечниот Русин ќе се согласи со мене – имаме топла вода, храна, работа, јавниот превоз работи. Нашата економија се реконструира“, изјави филологот Николај Вавилов во емисија на каналот „Русија 1“.

„Украинскиот јазик не постои“

„Всушност, станува збор за победа на Русија. Нема изолација за нас, особено сега кога ни се приклучи Кина. Ни се приклучија и Индија, Југоисточна Азија, Африка и Латинска Америка. Нема изолација бидејќи ние сме победници во овој масовен специјална операција“, рече тој и додаде:

„Јас сум филолог. Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Нема украински јазик. Има само украински дијалект. Ви требаат две недели да го изучите овој дијалект. Во суштина, зошто Западот толку се плаши од нас? Непријателот е пред Москва. За 10, 15 или за 20 години ќе ја вратиме целата територија“, рече Вавилов.

„Ќе ги обединиме сите оние народи кои тврдат дека се независни во еден голем руски дом. Што значи тоа? Во Европа со 500 милиони жители, ќе има колектив од 200 милиони луѓе кои зборуваат руски, кои мирно ќе бараат право на Балканот, Полска и така натаму“, рече рускиот филолог.

„Има 80 милиони Германци, вклучувајќи Пакистанци, Турци и Арапи. Има 60 милиони Англичани, вклучително и Пакистанци и други. Ќе се појави водечка нација во Источна Европа. Западот нема да може да направи ништо“, додаде тој.

„За 10 до 15 години ќе се појави огромна заедница. Што значи тоа? Тоа значи дека ќе го фрлиме оделото старо 20 или 30 години, истрошеното одело на глобализмот. Треба да го замениме со нова идеологија, нови општествени и политички структури“, заклучи тој.

(Вознемирувачко видео) Руските воени затвореници биле мачени?

Обединетите нации повикаа на детална истрага за убиството на руските воени затвореници, а потоа и казнување на сторителите, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН Фархан Хак.

„Ги повикуваме сите страни да спроведат темелна истрага за кршењето на човековите права, за сите одговорни за злосторството да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече тој.

Како што претходно соопшти руското Министерство за одбрана, украинските војници целеле и убиле повеќе од 10 заробени руски војници со истрели во главата. Беше наведено и дека има видео доказ за масовна крвава пресметка на украинските сили против невооружени руски затвореници.

Дел од Телеграм каналите ја споделија вознемирувачката снимка:

Путин со виц против Западот и санкциите: Тато, зошто е ладно?

Рускиот претседател Владимир Путин кажа виц за санкциите против Русија.

Во вицот на Путин, на запад син го прашува својот татко зошто е ладно.

Неговиот татко одговара дека тоа е поради рускиот напад на Украина и поради санкциите воведени кон Русија.

Тогаш синот го прашува таткото зошто се воведени санкциите, а таткото одговара дека тоа е со цел Русите да се чувствуваат лошо.

А, ние сме Руси?, прашал синот.

Не, одговорил таткото

Епа тогаш зошто ни студи и ние се чувствуваме лошо, зачудено прашал синот

Путин вчера изјави дека се наоѓаме на историски пресвртница.

Во современиот свет ретко кој ќе може да остане настрана. Оние кои сеат ветер ќе жнеат бура. Настаните продолжуваат да се развиваат според негативното сценарио и се претворија во криза од големи размери, рече Путин.