Tag Archives: самит

Британија ќе биде домаќин на првиот глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција

Велика Британија ќе биде домаќин на глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција подоцна оваа година, соопшти британската Влада, додавајќи дека премиерот Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден исто така ќе разговараат за тоа за време на денешниот состанок.

На самитот ќе се разговара за ризиците што ги носи вештачката интелигенција, вклучително и граничните системи, и ќе се дискутира за тоа како тие можат да се ублажат преку меѓународно координирана акција, се вели во соопштението на британската Влада.

Неколку влади разгледуваат како да ги ублажат опасностите од новата технологија, која бележи бум во инвестициите и популарноста кај потрошувачите во последниве месеци по објавувањето на ChatGPT на OpenAI.

Тоа ја вклучува и Кина, каде Владата се обидува да иницира регулативи за вештачка интелигенција, според милијардерот Илон Маск, кој се сретна со официјални лица за време на неговото неодамнешно патување во Кина.

Регулаторите ширум светот се обидуваат да изготват правила за регулирање на употребата на вештачка интелигенција, која може да создава текст и слики, чие влијание се споредуваат со појавата на Интернет.

Сунак, кој е во посета на САД, денеска ќе се сретне со Бајден во Белата куќа. 

Знаме на Голема Албанија со Македонија се вее во Давос

Знаме на Голема Албанија со делови од Македонија се вее пред хотел во Давос за време на одржувањето на економскиот самит во Давос.

Хотелот се наоѓа отспротива каде што е сместен претседателот на Србија Александар Вучиќ.Покрај знамето на Голема Албанија истакнато е и косовското знаме.

На самитот во Давос учествува и Стево Пендаровски кој во своето обраќање истакна дека Косово и Република Српска се најчуствителните точки во регионот.

Видео: Рама „шегобиецот“ за премиерот на „идната Западна Бугарија“, Ковачевски се смее!

Албанскиот премиер Еди Рама вчера на самитот на Југоисточна Европа во Солун, истрча со недипломатска и недуховита шега, на која наместо политички да одреагира, нашиот Премиер се изнасмеа, што предизвика бура негативни реакции во јавноста.

Додека грчкиот премиер Мицотакис како домаќин на Шолц му ги претставуваше албанскиот и македонскиот премиер, Рама се вклучува во разговорот со неодмерена изјава посочувајки дека Ковачевски бил премиер на како што тој сакал да се пошегува „идната, идна Западна Бугарија“ … Но чудниот хумор на Рама наиде на силни критики во јавноста и кај опозицијата.

A на чудење на поголемиот дел од домашната јавност, нашиот премиер се изнасмеа на овој малициозен коментар на Рама.

Дополнително, оваа наводна „иронија“ на Рама, и смешкањете на истата на нашиот Премиер наиде на одобрување и грст медиумски статии кај бугарските медиуми.