Tag Archives: самоубиство

Жена се обидела да се самоубие фрлајќи се од зграда во Аеродром

Жена попладневно се обидела да се самоубие во скопската населба Аеродром, пренесува порталот Локално.

Според информациите, Т.С. родена 1991 година се фрлила од 5-ти кат од зграда на булевар „Авној“. Девојката е моментално на КАРИЛ со тешки телесни повреди.Полициски службеници во моментот вршат увид на местото на настанот.

Се огласи министерот за здравство: Извештајот на ДСЗИ за случајот со ракометарот Тот е доставен кај мене, се чека извештај од судска медицина

Извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за случајот со хрватскиот ракометар Денис Тот е доставен во мојата канцеларија, сега чекаме извештај од судска медицина. По комплетирање на сите документи ќе се формира комисија ако има потреба и ако има сомнеж за некој детаљ, па потоа ќе дадам дефинитивна изјава, истакна денеска министерот за здравство Беким Сали.

Тој вели оти „сликата се уште не е комплетирана“, па поради тоа не може да даде прецизен одговор во однос на тоа дали има некој лекарски пропуст во овој случај.

– Не би сакал во период кога се уште е отворен процесот да дадам некоја изјава. Се уште сликата не е комплетирана, не можам да дадам прецизен одговор, меѓутоа гледам дека секоја институција својата работа си ја обавува во рамки на своите ингеренции. И со директорката Мојсова и со директорката Букова сме разговарале, меѓутоа дозволете да заврши процесот, па да кажеме, додаде Сали.

Скопјанка, сопруга на политичар, се фрлила од зграда во Чаир

Скопјанка, сопруга на политичар извршила самоубиство, фрлајќи се од зграда во Чаир, пренесува порталот 24 Инфо.

Од МВР потврдија дека е пријавен случајот, но согласно договорот со Здружението на новинари на Македонија не даваат инфирмации.

Трагедијата се случила околу 17.30 часот на улицата Лазо Трповски кај “Маркет Принц”.

Како што изјавија очевидци, жената се фрлила од  5 -ти кат и паднала врз автомобил “Голф”.

(Видео) Познат cpпcки jутjубep се зakaнувaл со caмoубиcтвo

Познатиот новосадски јутјубер Даниел Ѓукиќ (36) денеска се заклучил во стан во Нови Сад и се заканува дека ќе се убие себе си или секој што ќе му пријде.

Постојано им вика на пожарникарите и полицајците, прашувајќи ги зошто дошле. Тој во еден момент рече „дека го гледал хороскопот на една телевизија и дека рекле дека денеска нема ништо да му се случи“.

Пред зградата во улицата Цар Душан има полиција, пожарникари и брза помош. Има и преговарачи кои се обидуваат да разговараат со него.

Ѓукиќ често објавува снимки на својот Тик Ток, а има речиси три илјади следбеници, додека на својот Инстаграм профил има околу 40.000 следбеници.

Учествуваше во серијата на Јутјуб „Бетпарачка приче“, а се прослави со „Дневњак“.

Инаку, се започнало утрото кога на повик на неговата мајка полицијата дошла пред неговата зграда бидејќи жената пријавила дека нејзиниот син (36) се заканува дека ќе се убие себеси и секој што ќе му пријде.

И додека јутјуберот изгледа многу се забавува, сите соседи се очајни и лути.

Дали би дошол на мојот погреб? Шокантно видео на Кристина: Прашање кое го кине срцето

Кристина Кика Ѓукиќ, која изврши самоубиство, беше српска гејмер, јутјубер и инфлуенсер чиј YouTube канал „К1КА“ има околу 700 илјади претплатници. Сега на социјалните мрежи се појави видео додека Кристина игра игра со соиграч, а поради зборовите кои ги изговара – преплашена.


Имено, на Тик Ток се појави страшна снимка од разговорот меѓу Кика и соиграчите за време на играта „Кантер страјк“:

  • Некса?
  • Дали го сакаш својот живот? Кика го праша својот соиграч.
  • „Го сакам“, одговори тој и рече: „Зошто?
  • Дали би дошол на мојот погреб? било нејзиното прашање.

Видео: https://www.tiktok.com/@speed.jbg/video/7039851143148752134?sender_device=mobile&sender_web_id=7040194707021202950&is_from_webapp=v1&is_copy_url=0

Иако момчињата на нејзина возраст почесто играа игри, Кика покажа дека и во тоа девојките можат да бидат многу успешни. Затоа во март 2015 година го лансираше својот „Јутјуб“ канал „К1КА“ на кој секојдневно објавуваше клипови од популарниот „Мајнекрафт“.

Со оглед на тоа што таа беше една од ретките играчи кои тогаш уживаа во таа игра, за само десет дена собра повеќе од илјада претплатници. Од ден на ден таа објавуваше нови содржини, па нејзиниот канал стана еден од најбрзо растечките домашни канали на „Јутјуб“.

Последен поздрав на јутуберите и инфлуенсерите од Кристина, србинката која се самоуби вчера (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Јутјуб инфлуенсерите и јутуберите во Србија се простија од познатата српска јутуберка Кристина Кика Ѓукиќ, која се самоуби вчера.

Во шок и неверување целата српска јавност го проследи ова, а фановите направија и видео од последните поздрави на дел од познатите:

Србија во шок: Се самоуби позната 21 годишна јутуберка

Познатата српска јутуберка Кристина Кика Ѓукиќ постана позната на Јутуб, а бидејќи повеќе не можеше да го издржи притисокот на јавноста, младата девојка се самоубила, пишуваат српските портали.

Како што пишува Ало.рс Кика се самоубила.

Нејзината пријателка, инфлуенсерката Лаура Тешановиќ  ги потврди овие пишувања.

На наша голема жалост морам да ве известам дека Кика оивеќе не е меѓу нас. Сакам да изразам сочувство до нејзиното семејство и сите кои ја сакаа и ја познаваа..Кика те сакам засекогаш.

Кристина е родена на 25 јули во Белград.

Тажната вест ја потврди и нејзината мајка на „Инстаграм“.„Со огромна болка ве информирам дека вчера почина мојата Кика. Ќе ве известам за датумот на погребот“, напиша Наташа Ѓукиќ.

САМОУБИСТВО ВО СКОПЈЕ: Маж се фрлил од зградата до УЈП

Маж на возраст од околу 35-40 години синоќа е пронајден мртов спроти зградата на Управата за јавни приходи во центарот на Скопје.

Според минувачи кои биле сведоци на инцидентот, човекот се фрлил од зграда што се наоѓа до УЈП.

Телото, според процедурата, треба да биде предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Трагедија во Штип❗ Со бесење се самоубија младо момче и девојка, заради недозволена љубов ?

Две самоубиства, на момче и девојка, кои се случија во рок од 24 часа во Штип ја потресоа Македонија.

Животот најпрвин си го одзело 25-годишно момче, а неколку часа подоцна и 22-годишна девојка.

Засега мотивите за двојната трагедија официјално не се откриваат, но се шпекулира дека двата случаи се поврзани, односно наводно станувало збор за забранета љубов, од страна на едното семејство.

Местата на трагичниот чин, сепак не се исти, иако самоубиствата се извршени на идентичен начин.

Момчето си пресудило на археолошкиот локалитет Баргала во текот на вчерашниот ден, додека синоќа со бесење се самоубила и 22 годишната девојка.

Натпреварувач од Ѕвездите на Гранд, 24 годишно момче се самоубил со пиштол

Младиот пејач Момир Луковац (24), учесник во најпопуларното и најгледано регионално музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“, ненадејно починал под неразјаснети околности. Здружението на  естрадни уметници на Црна Гора и учесниците на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се огласија и се простија од младиот пејач, а наводно се самоубил со пиштол во својот стан каде живеел со девојка му.

Момир Луковац инаку е млад пејач од Бања Лука, кој живеел во Подгорица, а последен пат пееше на сцената на натпреварот „ Ѕвездите на Гранд“ пред два месеци, кон крајот на јануари, кога ги отпеа песните: „Проклета е виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“, од Аца Лукас. Луковац стигна до третото коло во тековната сезона.

Многу сум потресен од веста за заминувањето на младиот Момир Луковац. Ова се времиња кога трагедиите доаѓаат наеднаш, една по една, болно, неправедно и само два дена откако нè напушти нашиот директор на фотографија, Неша Мишковиќ. Во свое лично име и во име на сите вработени во Гранд,  најискрено сочувство до неговото семејство и пријателите“, изјави Мили за српските медиуми.

Почивај во мир, драг колега. Шок!, напиша Слажа Зубчевиќ.