Tag Archives: сечење

Во Аеродром обележани за СЕЧЕЊЕ над СТО ДРВЈА кај воен базен ❗

Пред неколку денови беа обележани за сечење над сто дрвја во Аеродром кај Воен базен за проширување на улицата „Васко Карангелески“ која треба да прерасне во булевар.

Жители во овој дел на Аеродром не сакаат да се сечат дрвјата и предлагаат до градските власти, ако веќе мора да се отстранат од планираната траса, место нивно сечеење, да се откорнат и да се пресадат на друго место со цел да не се изгуби ова зеленило.

– НЕ Е САМО ТОЈ ДРВОРЕД, ОБЕЛЕЖАНИ СЕ ЗА СЕЧЕЊЕ И ДРВЈАТА ПОСЛЕ ПОЛИКЛИНИКА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ ДО ВОЕН БАЗЕН, ТОА СЕ ПОВЕЌЕДЕЦЕНИСКИ ЈАВОРИ. НА ПОТЕГОТ ОД КРСТОСНИЦАТА СО УЛИЦАТА „ВЛАДИМИР КОМАРОВ“ ДО КАСАРНАТА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ СЕ НАОЃААТ МЛАДИ ДРВЈА КОИ ШТО МОЖАТ ДА СЕ ПРЕСАДАТ – ВЕЛАТ ЖИТЕЛИ НА АЕРОДРОМ.

Во врска со постоечкиот сегмент од улицата што треба да се проширува, се предлага како решение проширувањето да се направи само од источната страна (од кај училиштето „Љубен Лапе“), за да се зачува дрворедот што постои од западната страна.

– Во тој случај ќе биде незгодно кај крстосницата со „Владимир Комаров“ бидејќи сегментите на „Васко Карангелески“ нема да можат да бидат порамнети на иста оска, ама со сечење на минимимален број дрвја може да се изведе решение со некој благ преод и без газење врз сообраќајни стандарди – предлагаат жители.

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ алармираат дека надлежните планираат сечење на голема количина на зеленило во скопски Аеродром. 

-Обележани се за сечење над 100 дрвја во Аеродром кај Воен базен за проширување на улица, ни испратија порака жители на Аеродром. Бетонизацијата на градот е во полн ек и се создаваат услови за сè поголемо загадување. Температурите во лето стануваат сè понеподносливи и младите дрвца што ги садат не успеваат. Ова не смее да се дозволи, порачаа од ЗХГ. 

Кога ПАРКОБРАНИТЕ ќе стивнат – Како се касапи Скопје ! (Видео)

Во теков на вчерашниот ден беше извршен масакар на дрвата на улицата Орце Николов во Скопје. Граѓаните на социјалните мрежи со големи реакции, ги бараат паркобраните, ви пренесуваме дел од реакциите: