Tag Archives: сепса

Д-р. Беќаровски објави шокантна порака од починатото 24-годишно момче: ЗОШТО СЕ ПРИКРИВААТ ОВИЕ ФАКТИ?!

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија.

Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.

Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.

21 век кај нас уште УМИРААТ пациенти од СЕПСА !? – Затворени одделенија во Прилепската болница

Пациентка на 52- годишна возраст починала по рутинска гинеколошка операција – киретажа поради менопауза, од засега непознати причини потврдуваат за „Слободен печат“ раководни структури од Општа болница Прилеп. 

Според нивни информации, триесет часа после киретажата, истата пациентка дошла на Инфективната клиника во Скопје, била на кислород и исклучително вознемирена, во исклучително тешка, септична состојба, а резултатите од крвната анализа биле лоши – ПИШУВА Слободен Печат.

Неколку операциони сали во општата болница Прилеп се затворени поради тоа што постои сомнение дека внатре има ретка опасна бактерија „серација“ но нејзиното присуство не е потврдено од страна на стручните служби, а смртта на пациентката не е потврдено дека е настаната поради сепса ниту дека е на било каков начин поврзана со евентуалната бактерија.

Она кое го потврдуваат нашите медицински извори е дека само интрахоспитална бактерија може да предизвика брза акутна септична состојба каква што имала пацинетката пред да почине. Од превентивни причини неколку одделенија се затворени за пациентите во Прилеп, а доколку бараат интервенција која не е итна, таа се одложува до целосно расчистување на состојбата.

-Редовната програма за операции се одложува, другите случаи се препраќаат во други болници, а само животозагрозувачките случаи се третираат додека да ги добиеме резултатите од анализите. Без резултатите не би можела да кажам дали има или нема бактерии. Салите се затворени на неколку одделенија, ортопедија, гинекологија, максилофацијална, очно, интензивна нега. Чекаме резултати, вели директорката на Општата болница Прилеп Кети Смилевска.

Суспекната бактерија серација може да предизвика сериозни инфекции кај болничките пациенти. Особено сензитивно е доколку пациентот користи катетар и така бактеријата може да се пренесе, според медицинската литература. Може да предизвика инфекции на уринарниот тракт, на дишните органи и очите. Симптомите на инфекцијата со серација на дишните патишта се запаление на грлото и носот и чувство на задушување. Серација може да предизвика запаление на белите дробови, менингитис, артритис и други тешки состојби.

„Јас ќе умрам, се гушам и не можам да дишам“ – ѝ рекол на сестрата од Брза помош, пред да почине од сепса

Болката е неискажлива и не може да се опише. Треба да се преземат мерки за да не се гуши и друга фамилија во ваква болка – вели Слаџана Ризинска од Берово за ММС.мк, чиј братучед Јован Димовски (25) почина од сепса откако му била направена интервенција на заб во Клиничката болница во Штип.

Слаџана потенцира дека Јован си дошол дома во страшни болки по лекувањето на забот во Штип, но раната се чистела. Во меѓувреме му паднал дренот и бидејќи било недела (21-ви август) тој отишол во Итната медицинска помош во својот град. Таму му била направена преврска и му било кажано дека треба повторно да оди за Штип.

Слаџана вели дека е изреволтирана бидејќи оваа информација никој јавно не ја споменува, односно ја нема во извештајот од лекарот кој вчера до медиумите го лиферуваа од Болницата.

„Негово другарче го однесе за Штип и таму истиот доктор му направил повторно интервенција и му го ставил дренот наопаку. Уште таму Јован му рекол дека цела страна почнува да го боли и дека голта крв. Докторот му рекол дека имал многу пациенти и дека сите ги боли. Се вратил за Берово во неделата. Кога се вратил дома, Јован се гушел во болка и добил уште поголем оток. Тетка ми вели дека му се фаќало цело тело, не можел да стане од кревет. Почнал да повраќа крв и гној и заминале во амбулантата во Берово каде бил повикан неговиот матичен заболекар и таму констатирале дека тој има дрен наопаку. Не тече крв од раната, туку навнатре и Јован веќе бил затруен“, раскажува Ризинска.

Додека трае голготата на момчето, од Берово го праќаат директно за Скопје. Во возилото сепак, неговата ситуација се влошила, за што посведочила и медицинската сестра која била дел од тимот.

-Вчера зборував со медицинската сестра која била во возилото на Итната медицинска помош и таа рече: „Ќе застанам зад случајот“. Пред Штип, Јован изгубил свест. Ја држел за рака и ѝ рекол: „Јас ќе умрам, се гушам и не можам да дишам“ – додава Слаџана.

БИЗАРНА ТРАГЕДИЈА ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА – Почина 25 годишно момче откако се заразило со сепса по интервенција на ЗАБ

На социјалните мрежи се шират фотографии и статуси поврзани со смртта на 25 годишно момче од Берово.

Станува збор за Јован Димовски кој починал од сепса предизвикана на забар во штипската болница.

Само во нашата држава ,само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години…..СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние, какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со…. „како е рекол Бог“…. Дали во 21 век треба да се случи таков срам….Ангелу наш ти почивај во мир  А тие нема да спијат мирно…., стои во еден од постовите посветени на прерано починатиот Јован.