Tag Archives: СестраБешлиовска

„Цел работен век сме само бројки уморени, заборавени, не платени, во служба на секој систем и секогаш на фронтот!“

Медицинската сестра Гоца Бешлиовска која го води Здружението на мед.сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, со свое писание и видување за тоа како се третирани медицинските сестри и техничари кај нас:

„Уморени..заборавени само бројки броени, а никогаш на број -колку што треба!…. и така цел работен век… и секогаш така се’ до пензија ако ја дочекаш.

Никогаш не’ платени како што заслужуваме!!!

Сами се школуваме ..но никогаш! признаени ..секогаш омаловажени.

Тие што ве образуваат, на работа не ве признаваат. И се е кажано, но бадијала ..нема корист, но надеж има!

Можеби еден ден ке се освестиме да не! бидеме марионети во служба на секој систем!!И можеби тогаш на сцената ке бидеме и ние !

Медицинските сестри .Па можеби и нас ке не има дури и во наградените тимови..или пак ке бидеме достоинствено признаени за нашата работа.А засега, и сега!…сме само на Фронтот!само бројки недоволни.

До тогаш барем меѓусебно почитувај се, толку барем може да направиме за себе!!!,а најмногу за нашите колеги во ковид центрите ….кои немаат време за сликање,а и мора да го свртат грбот за да им го видиме лицето…односно им го прочитаме името.

Срдечно до сестринството“ – напиша на Фејсбук сестра Бешлиовска.

Уморени..заборавени само бројки броени , а никогаш на број -колку што треба!…. и така цел работен век… и секогаш…

Posted by Goca Beshliovska on Thursday, April 15, 2021