Tag Archives: сестри

Околу 150 медицински сестри се селат во Германија!

До крајот на 2023 година околу 150 медицински сестри ќе ги напуштат работните места и ќе се преселат во Германија.

Првиот човек на синдикатот за геријатрија во Скопје кажал дека медицинските сестри веќе потпишале договори со германските болници, објави „Алсат.мк“.

Меѓу главните причини за заминувањето на медицинските сестри се ниските плати поради кои синдикалците најавија протести низ главните град.

Триесет и четири медицински сестри со завршена висока медицинска школа од Битола поднеле документи за работа во Германија

Триесет и четири медицински сестри со завршена Висока медицинска школа во Битола лани побарале да им бидат преведат наставните планови и програми по кои студирале за ги приложат во здравствените установи во странство каде се вработуваат, претежно во Германија. Меѓу нив имало и медицински кадри дипломирани и пред 15 години, од кои дел не успеале да најдат вработување во земјава.

Ова е само мал дел од вкупната бројка медицински сестри кои заминуваат на работа во странство поради подобри услови, плата, а некои и поради тоа што со години не биле вработени, пишува „СДК.мк“.

Главните причини поради кои дипломираните студенти заминуваат да работат во странство се неможноста за лесно наоаѓање работа тука, тешко се стигнува до работа за медицински лица, а потоа доаѓа и материјалното односно поголемите плати во странство, што не сметам дека е доволен мотив за да нè одвлече во странство.

Земајќи ги во предвид сите услови во кои се наоѓаме, јас сум еден од оние студенти кои искрено ја гледаат својата иднина во Македонија, се надевам дека ќе имам прилика да творам и работам тука, во земјата во која сум се образовал“, вели Христијан Ѓоргиевски, студент од трета година во Високата медицинска школа, претседател на Студентското собрание при Школата.

Дипломите од Високата медицинска школа, која годинава слави 35 години постоење, се признати во Германија и други земји, па за нив таму не е потребна нострификација.

Имаме статус со кој во базата на универзитети во Германија нашата школа е препозната и призната. Дипломата е комплетно призната, а тоа им овозможува дипломираните кадри да го најдат своето место и на европскиот пазар, најмногу во Германија. Сè почесто ги преведуваме тие наставни програми, сѐ повеќе се присутни такви барања од дипломирани студенти за да можат да ги проложат документите во институциите во странство каде се вработуваат“, вели проф. д-р Тања Јовановска, директорка на Високата медицинска школа.

Повеќе на СДК.мк.

Тепачка на паркинг меѓу сестрите пејачки Едита и Инди Арадиновиќ (Видео)

Познатите српски пејачки и сестри Индира Арадиновиќ и Едита Арадиновиќ се степале на сред улица.

Имено, на видеото објавено од српски Информе може да се види како сестрите физички се пресметуваат на еден паркинг додека едно непознато момче се обидува да ги раздели.

Во еден момент постарата сестра Инди ѝ вика на Едита „дај ми го телефонот“, на што следи реакција од Едита која го зема телефонот и го фрла неколку метри подалеку. ПО што сестрите продолжуваат да се туркаат меѓусебе се до моментот кога пресметката ја прекинува нивната мајка.

По што Едита се упатува кон станот, а Инди влегува во автомобилот.

Познато е дека двете сестри од претходно не биле во добри односи, но според медиумите тие во последниот период се обидувале да ги решат своите несогласувања, но евидентно е дека не успеале во тоа. Екипата на порталот Информер стапи во контакт со Инди, која даде краток коментар за немилиот настан: – Немам коментар во врска со видеото што беше објавено, со Едита имам одлични односи.

Едита по тепачката се огласи на социјалните мрежи каде напиша.

– Браќа и сестри! Пријатели. Непријатели, особено вие. Сè е во ред. Вие најдобро знаете како функционираат и не функционираат семејствата. Се лажете ако мислите дека таа или јас ќе дадеме некакви изјави и ќе се вклучиме во оваа глупост. Можеби дотогаш пак ќе се караме, но валидно, со оглед на тоа што сме тука како двајца пијани пред супермаркет – напиша Едита.

По неа се огласи и Инди :

– Драги мои следбеници и медиуми, за да не одговорам на секој поединечно: Во врска со новосоздаденото видео кое кружи по порталите и мрежите. Секое семејство има добри и лоши моменти. Знаејќи дека и двете сме емотивни, енергични, темпераментни и што е најважно, искрени, родени во ист знак, логично е понекогаш да се случува семејна караница. И ова ни е многу смешно на крајот на краиштата. Ние две сме вечни сестри, секогаш ќе бидеме тука една за друга, затоа што се сакаме повеќе од се на светот. Во нормални односи сме, но не ветуваме дека нема да има уште една „тепачка“, можеби и во живо. Ве сакаат сестрите Арадиновиќ – напиша Инди на Инстаграм.

Cecтрите oxpиѓанки кои живeaт во САД обjaвиja нова xимна и видeocпот за македонските фудбалски xepoи (Видео)

Невена, Наум и Калина Нешкоски, нашинци кои живеат во САД, создадоа уште една химна за поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која веќе е во Букурешт и ќе настапува на Европското првенство.

После ВИС „Рисови“ и нивната официјална навивачка химна за Македонија на ЕУРО 2020 насловена: „Одиме на Европско првенство“, ДНК со дел од македонската естрада ја снимија „Македонија на Европско“, а сега еве ја и третата навивачка песна за неполн месец.

„Але але Македонија“ е дело на триото Нешкоски, кое за песната сними и видеоспот.

Музика и продукција се на Невена Нешкоска, стиховите ги напишале Невена Нешкоска, Наум Нешкоски и Калина Нешкоска, додека миксот и мастерингот ги изработила Ребека Марти.