Tag Archives: Шампион

ВОЛКАНОВСКИ горд на потеклото: Татко ми е Македонец од битолско Беранци, мајка ми е од Грција (Видео)

УФЦ шампионот Александар Волкановски јавно се огласи откако од неговиот ривал беше наречен Полјак и објасни дека неговото потекло е од Македонија, дека неговиот татко е Македонец, а неговата мајка Гркинка.

Волкановски реагираше откако легендарниот Конор Мек Грегор објави коментар на Твитер дека „Волкановски можеби е Полјак“.

– Мојот татко е Македонец, а Волкановски е македонско презиме. Мојата мајка е Гркинка, моминското презиме ѝ е Калменидис. Значи, татко Македонец, мајка Гркинка“, објави УФЦ за шампионот Александер Велики Волкановски.

Татко му е од село Беранци, Битолско, додека мајка му е од Грција. Поради тоа што е дете од мешан македонско-грчки брак, сам одамна си го даде прекарот Велики, бидејќи е ист случај како и Александар Велики Македонски – од македонски татко (Филип II) и грчка мајка (Олимпија).

Настапува под австралиско знаме, но неретко знае да се фотографира со македонското знаме.

Погледнете како изгледаше дел од борбата:

ФОТО: Кралот на УФЦ – Волкановски го подготвува Зукерберг за тепачка против Илон Маск во кафез!

АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА ВО УФЦ. Волкановски е вистински КРАЛ кога е во прашање перолесната категорија, откако имаше нова доминантна борба против Мексиканецот Родригес. Австралиецот со македонско потекло славеше со НОКАУТ во третата рунда.

Двајца од најпознатите технолошки милијардери во светот – Илон Маск и Марк Закерберг, се договорија да се борат во натпревар што би се одржал во кафез.

Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг.

Марк Закерберг, пак – шефот на „Мета“ во чија сопственост се Фејсбук и Инстаграм, објави скриншот од твитот на Маск со порака „испрати ми локација“.

Октагонот претставува ограден простор со душек кој се користи за борби во „Ultimate Fighting Championship“ (UFC). Шампионатот е со седиште во Лас Вегас, Невада.

„Приказната зборува сама за себе“, изјавил портпаролот на „Мета“ за Би-би-си.

По најавата на борбата, 52-годишниот Илон Маск напиша дека речиси никогаш не вежба, освен кога ги зема децата и ги „фрла во воздух“. Марк Закерберг, кој има 29 години, тренира мешани боречки вештини, а неодамна победи на турнир во џиу-џицу.

Претходно месецов, „Мета“ ја лансираше социјалната платформа Threats, која е слична на Твитер и собра 100 милиони следбеници во првите 5 дена. Ова секако дополнително го изнервира Маск па сега му порачува на Марк да си ги мерат пенисите.

Марк сериозно го сфати повикот за тепачка и почна со припреми. Тренер му е кој ако не македонецот кој живее во Австралија, Александар Волкановски кој пак неодамна стана светски шампион во УФЦ и кој гордо истакнува дека е од Македонија.

Убиен светски шампион пред својата куќа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Повеќекратниот светски шампион во џиу-џицу, Видади Марданов (32), е убиен во вторникот наутро пред својата куќа во Дербент, пишуваат руските медиуми.

Марданов бил и претседател на НФЦ ММА греплинг-лигата и бил застрелан околу три часот наутро кога бил повикан да го напушти својот дом. Потоа пукале во него и побегнале, велат извори од истрагата.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и на улица пронашла тело на маж, а набрзо ги идентификувале и напаѓачите, кои се обиделе да побегнат. Станува збор за Тимур Асадом (27) и Абдумуслим Мртазалијев (23).

Засега нема информации за мотивите за убиството на познатиот дагестански шампион.

Да се поклониме пред “кралот”: Реал Мадрид е шампион по 14-ти пат

Реал Мадрид е „кралот“ во Лигата на шампионите! Рекордерот по бројот на титули во најелитното натпреварување, над сите очекувања слави во финалето против Ливерпул со 0-1 (0-0). Херој на Реал на „Стад де Франс“ беше Винициус Жуниор кој го постигна единствениот погодок, меѓутоа вреди да се издвои и партијата на Тибо Куртоа кој блескаше меѓу стативите. „Црвените“ беа поконкретни и имаа повеќе шанси, ама „кралската“ мрежа остана недопрена. 

  • Извештај од натпреварот:

Анчелоти се реши за претпазлива варијанта, со четири играчи за врска, а само Винисиус и Бензема во нападот, додека Клоп спротивно на тоа од првата минута ги испрати Салах, Мане и Луис Диаз. Поради тоа, стартот на дуелот не беше изненадување. Ливерпул беше екипата која ја имаше топката, притискаше со висок пресинг и се обидуваше да пронајде простор низ одбраната на Реал. „Кралевите“ пак, трпеливо ја чекаа својата шанса преку транзиција или контра напади, но стартот беше мирен и без возбудувања. 

Првата посериозна можност дојде по 16 минути игра, откако Трент Александер Арнолд проби од десната страна, уфрли на петерецот, а од тешка позиција со пета се обиде Мохамед Салах кој изнуди одлична интервенција од Тибо Куртоа. Веќе во следните неколку акции, Ливерпул се закануваше со изненадни удари преку Тиаго Алкантара и Салах, но Белгиецот беше присебен. „Црвените“ се залетаа, па најголемата шанса во воведниот дел ја имаше Садио Мане. Сенегалецот биеше добро, ама Куртоа со парада ја одби топката во стативата.

„Кралевите“ се консолидираа по воведниот налет на Ливерпул, успеаја да ја задржат топката во своите нозе, ама и понатаму беа инфериорни. Во вториот дел на првото полувреме, вистинските шанси изостанаа и англиските фудбалери отстапија од целосната офанзива. Мрежата еднаш се тресеше во финишот на полувремето, откако по една мешаница погоди Карим Бензема. Сепак, ВАР собата утврди дека топката која се одби од Валверде преку Конате и Фабињо до Французинот е нерегуларна и голот не важеше.

Стартот на вториот дел беше одново мирен, Ливерпул пак се обиде да наметне темпо и ја имаше топката. Сепак, Реал Мадрид одигра според својот план и договор, дочека момент на невнимание и преку брза транзиција дојде до предност. Акцијата се одвиваше по десната страна, Феде Валверде ја префрли топката на втора статива, а таму Винициус Жуниор лесно погоди во мрежата на Алисон за 0-1 во 59. минута. 

Ливерпул фрли сè на карта напад, Клоп се обиде да освежи со Жота и Кеита, а неговите пулени притискаа. Сепак, како што одминуваше времето, растеше тензијата. Реал Мадрид по којзнае кој пат покажа искуство, присебност и смиреност во дефанзивата, ги затвори приодите кон својот гол и го бранеше стекнатото водство. Обрачот околу голот на Куртоа се стегаше, меѓутоа одличниот белгијски голман и неговите колегу од одбраната не дозволија израмнувачки погодок. Најблизу до гол за Ливерпул беше Салах, кој откосо не успеа да го матира Куртоа. 

Реал Мадрид 14. пат во својата историја го крена трофејот во Лигата на шампионите, а Ливерпул испушти шанса да се израмни на второто место со Милан и остана на шест титули.

Извор: Гол.мк

Македонија е СВЕТСКИ ШАМПИОН во „Кантер страјк” 👏

Македонската репрезентација во компјутерската игра „Counter Strike: Global Offensive“ стана светски шампион по победата над Романија на Светското првенство во Израел.

Светското првенство на оваа интернет игра се одржуваше во Израел откако во финалето го совладавме тимот на Романија. Претходно, во полуфиналето, нашиот тим ја победи репрезентацијата на Украина.

Во глобалниот свет, оваа победа претставува голем успех за македонскиот е-спорт. Македонскиот тим составен од Александар Ќулукоски „CacaNito“, Јане Апостолоски „aidKiT“, Дамјан Стоилковски „kyxsan“, Павле Стојановски „stYleEeZ“ и Кристијан Поповски „FODOR“ го совлада тимот на Романија со 16:10 на мапата „Инферно“ и 16-11 на мапата „Мираж“.

На Светското првенство кое се одржа во израелскиот град Еилат, учествуваа 11 тима. Македонија како шампион ја освои наградата од 10.000 долари.

Ѓорѓиев: Мала држава сме, но докажавме дека имаме најголемо срце

Македонскиот кикбоксер, Димитар Ѓорѓиев, четврти пат дојде до златниот медал на Светското првенство (СП), кое оваа година се одржа во Италија и тоа во лоу-кик во категоријата до 81 килограм, со што одново донесе огромна радост не само кај своите навивачи туку и кај целата македонска нација.

Со победата над Никола Дробњак (БиХ) во големото финале (3-0) само го потврди својот квалитет и неверојатна константност во последната деценија во која доминира во својата категорија.

„Златото повторно е дома! Благодарност до сите што искрено се израдувавте на оваа наша победа, до моето семејство, до мојата девојка, која мора да ме трпи заедно со сите мои ангажмани и до сите мои подржувачи низ цела моја кариера и мојот тим од КБК Работнички Адора и ВАКО Македонија. Можеби сме мала држава, но повторно докажавме дека имаме најголемо срце!“, изјави Ѓорѓиев

Димитар Ѓоргиев е нов СВЕТСКИ ШАМПИОН во кик-бокс!

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик.

Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3-0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славепе и против Никола Николов од Бугарија.

За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.

СИТЕ БОРБИ НА ДИМИТАР ЃОРГИЕВ НА СП 2021 ВО ИТАЛИЈА:

ДИСЦИПЛИНА ЛОУ КИК (до 81 кг.)
Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0
ПОЛУФИНАЛЕ
Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0
ФИНАЛЕ
Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ) 3-0

БРАВО: Дејан Недев е европски ШАМПИОН! 👏

Нашиот најдобар каратист Дејан Недев го освои првото место и златниот медал во кати за сениори на ЕК во традиционално карате во Катовице, Полска.

Конкуренцијата во оваа дисциплина беше многу силна каде учествуваа 28 натпреварувачи од најсилните европски земји.

Второто место го освои преставник од Романија, а третото место го поделија преставниците на Унгарија и Италија.

Ова за Дејан Недев е седма европска титула, информираат од МТКФ.

Денот кога КОМЕТАЛ стана Европски шампион и ја крена Македонија на нозе (Видео)

ДИНУ, БУДИМИР, ИНДИРА, ВАЛЕ, ГОЦА – ДЕНОТ КОГА КОМЕТАЛ СТАНА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН!
Како изгледаше историската победа на Кометал во 2002 година кога клубот стана Европски шампион, да се потсетиме со видеа и фотографии: