Tag Archives: шеќеринска

Шекеринска заминува од Владата поради незадоволство од политиките на СДСМ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, најави дека нема да биде дел од новата влада. Според неа, повлекувањето е од принципиелни причини затоа што не се согласувала со дел од политиките на СДСМ во изминатиот период. Шекеринска рече дека од овие причини на почетокот на годинава решила да се повлече и од раководството на партијата.

Ваквата одлука следи откако таа на почетокот на годинава се повлече од раководството на СДСМ, каде што беше заменик претседател.

„Тогаш најавив дека ќе се повлечам од раководството на СДСМ поради тоа што не се согласував со дел од политиките. И мислам, можеби сум субјективна, дека дел од тие политики придонесоа за поразот што го доживеавме на локалните избори“, вели Шекеринска. Таа критикува дека од тие лекции не биле извлечени поуки и дека некои од пораките на јавноста не ги слушнале или не ги разбрале како партија .

Шекеринска остана без снабдувач со струја

Министерството за одбрана и Народната Банка се две од повеќе институции кои во изминатиов период останале без снабдувач со електрична енергија. И во двата случаи, фирмите што ги избрале на тендер за годишно снабдување, им го раскинале договорот, објави 360 Степени.

Со тоа Македонија е првата членка на НАТО чие министерство за одбрана остана без снабдувач со струја.

Според информациите снабдувач на Одбрана била фирмата Енерџи Активе од Скопје, фирма која, патем, во последниве 12 месеци има над 100 договори со државни институции за продажба на струја.

„Енерџи Активе … побара зголемување на цената што беше одбиено од страна на Министерството за одбрана како спротивно на законот и потпишаниот Договор. Веднаш потоа не информираа дека ќе престанат да испорачуваат електрична енергија и го раскинаа договорот почнувајќи од 1.9.2021 година“, одговориле од Министерството за одбрана за 360.

Снабдувач со електрична енергија на Народната банка била домашната „У Повер“. Компанијата, во последнава година, има најмалку 20 договори за јавни набавки со државни институции.

Еден од двајцата газди е Арианит Џафери, инаку син на екс вицепремиерот од редовите на ДУИ, Муса Џафери. Арианит минатата недела физички го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, бидејќи започна постапка за евентуално одземање на лиценцата.

Извор

“Ако си киднапирана трепни два пати”: Шеќеринска доби 1800 коментари за Браво-то„

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска доби над 3000 реакции и околу 1800 коментари за само еден збор напишан на Фејсбук.

На зборот “Браво” постиран по мечот во кој Македонија ја победи Германија вториот човек во Владата доби огромен број коментари од граѓаните во кои таа е предмет на “тролање”, потсмев, критики затоа што не напишала Македонија и ретки коментари со поддршка.

Шеќеринска заедно со министерот Филипче во моментов е најкритикуваниот член на владата на социјалните мрежи.

Тие двајца деновиве се понеомилени дури и од премиерот Заев кој традиционално е на тапет на граѓаните за своите постапки.

Дел од коментарите на профилот на Шеќеринска не се за јавна објава но тие не се избришани од нејзиниот ѕид.

Во менталната експлозија на граѓаните има и многу духовити и луцидни реакции на граѓаните.

Прочитајте:

Браво!

Posted by Radmila Sekerinska on Wednesday, March 31, 2021