Tag Archives: Шеик

Шеикот: „Дадов 200 милиони евра за Роналдо, а тој знае само Сиуууу“! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо се уште нема постигнато гол за Ал Наср на официјален меч, па дел од сопствениците на клубот почнаа да изразуваат незадоволство од неговите настапи.

Роналдо доби историски договор од клубот од Саудиска Арабија, 200 милиони евра по сезона. Па нивните очекувања веројатно се дека Португалецот треба да прави чуда на теренот.

Но, на првите два официјални меча, Роналдо не успеа да постигне гол. Ал Наср беше елиминиран во полуфиналето од Суперкупот на Саудиска Арабија.

Разочаран од настапот на Роналдо на тој меч беше и тренерот Руди Гарсија кој рече дека се ќе било поинаку доколку Португалецот ја искористел големата шанса која ја промаши.

Но, многу поинтересна е реакцијата на еден од газдите на клубот, кој револтирано по мечот рече: „Дадов 200 милиони за Роналдо, а тој знае само суиии“.

Ваквата изјава на шеикот наиде на смеја кај останатите присутни, но се чини дека на него не му е до смеа.

Драмата продолжува: Шеикот дојде по Ирена во Италија – еве што му порача таа (Видео)

Секогаш интересна за јавноста, знае како да привлече вниманието на публиката. Освен со богата музичка кариера, пејачката Ирена Спасовска може да се пофали и со одличен изглед.


Нејзините почетоци се заедно со Горан и Адријана Алачки. Триото кое редеше успеси во перидоот од 1987 до 1994 годин додека постоеше.

Македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.

Ирена е доста активна на социјалните мрежи и скоро не поминува ден, да не сподели некаква објава.

Пред извесно време, Ирена уживаше во Доха и Катар, а како што и самата се пофали тогаш на социјалните мрежи, во една од објавите, друштво и правел еден Шеик.

– Катар: Прекрасен ден поминат во „Молот“ на Шеикот со вештачко небо, со канали, со гондоли- раскажа таа.

Дали меѓу Ирена и шеикот се развил некаков поинаков однос освен пријателски, остана неразјаснето, но Ирена Спасовска деновиве повторно го спомена шеикот.

Имено, таа е на Новогодишна турнеја во Италија и Австрија, а денес на нејзините профили на социјалните мрежи, се појави видео на кое таа му се обраќа на шеикот.

https://fb.watch/hXJr3oJ8lK/



Министерот Хоџа живее како шеик на ваш трошок: За 6 месеци потрошил над 22.000 евра на кафе и ручеци

Од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби, пишува Шќип медиа.

Аријанит Хоџа, министер за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, од септември, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, односно во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од македонската влада, пишува порталот Шќип медиа.